Почнува месец март, мириша на пролет, и се сеќаваме на еден више изумрен тетовски адет... Свќи 01.март кој почнуе месецот, традиција било да се направи мало украсче од црвен и бел конец. Можело да биде само преплетени кончиња, украсче, или плетено во вид на брош се носело на левиот ревер над срцето дури цел месец март. Било адет закитени со мартинчиња да бида мали дејчиња, и било интересено да се види како на почетокот на март луѓето си разменувале и подарувале за среќа вакви црвено-бели мартинчиња. Оваа комбинација на бои секогаш симболизира чистота, нов почеток, среќа, бериќет и нарочито је згодна за против урок. Утре учителкете ќе ги изваделе учениците закитени со Мартинчиња (дејчињата и со срвено фљонго = т.е. панделка у коса) двајца-по-двајца на прошетка низ Тетово, а децата на цел глас по тетовските улице га поеле: . . . ♪. . . Пак ливада је зелена Овја адет како и многу други избледеле и полека исчезнале до крајот на 1950-тите. Греота за толку убав адет... Ако и
недобиете утре Мартинче на поклон, барем ја, ви га поклонујем оваа
приказна за Мартинчињата кои на утрешен ден, на 01-ви март пред многу
године Тетовчани си ги поклонуеја меѓу себе. (с) Дарко Гавровски, 28.02.2010 |