ВОИСАВА КАСТРИОТ
(Полог, кон крајот на 14.век. - сред.15.век) - Мајка на познатиот балкански херој Георги Кастриот – Скендербег
Во историографијата е познато дека мајката на Скендербег била Воисава –
ќерка на господарот на Полог, родена во Полог па Тетово како најголем
град во полошкиот регион треба да го одбележи нејзиното име. Нејзиното
моминско презиме било Трипалда, но е попозната по нејзиното венчано
презиме Кастриот.
СУЏУДИ
(Роден во Тетово во 16.век. - ?) - Средновековен турски поетПознат турски поет, родум од Тетово. Станал секретар на министерскиот совет за време на султаните Селим I (1512-1520) и Сулејман I (1520-1566). Учествувал во повеќе освојувачки походи во арапските и иранските земји и за нив напишал хроники.
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ
(село Теарце, Тетовско во 1771 г. - село Лешок 1835) - Преродбеник, игумен.
местото на овој преродбеник е веќе докажано во македонската историја. Автор на првите стихови во македонската книжевност. По него во Тетово е именувана Гимназијата.
АКИФ-ПАША РЕШАД
(Тетово,1863. - 1920, Цариград) - Поет, Турски везир и министер
Виден турски поет, роден во Тетово. Станал и Везир, а подоцна и министер во Цариград.
САБРИ БЕГ
(Тетово,18.век - ?) Директор на царската библиотека во Цариград
Овој образован тетовчанец станал Директор на царската библиотека во Цариград (со 200.000 книги). Тој лично со храбар чин ја има спасено библиотеката од палење и уништување кога за време на младотурската револуција во април 1909 разулавена толпа се упатила за да ја уништи. Поради ова тој денес има своја улица во Истанбул и посебно ценење во оваа библиотека до денес.
АЛЕКСАНДАР ЏОЛЕВСКИ СПИРИДОНОВИЧ
(Тетово во 1881 - ?) - Виден Македонски деец во Сан Петерсбург во Русија
Еден од порвите комплетни ориенталисти. Дипломирал 1908 на универзитетот во Сан Петерсбург, Русија. Како деец за македонската кауза во 1903 бил еден од потписниците на молбата на Петербуршкото ‘Словенско благотворно друштво’ во која децидно е кодифицирана македонската националност и македонскиот јазик како службен.