Категоријата е 20.век, и затоа долу се вклучени сите родени од 1875 до 1975 (сметајќи дека својот труд во 20.век го покажале од својата 25-та година па натаму)
Подолу се подредени по датум на раѓање (од најстариот до најмладиот)
Име | Значајно | Роден | Починал |
---|---|---|---|
ТОДОР СКАЛОВСКИ | Еден од најпознатите композитори, диригенти во Македонија. Композитор на официјалната државна химна на Р.Македонија. | 1909, Тетово | 2003, Скопје |
ТОМЧЕ ГРНЧАРОВСКИ | Истакнат оперски пеач | 1923, Тетово | ?, Скопје |
ПАВЛИНА АПОСТОЛОВА | Оперска и концерна певица, првенка на Операта при МНТ | 1927, Тетово | |
ДРАГАН БОЈАЏИЕВ | Музички публицист | 1930.ΙΙ.18, Тетово | 1981.VIII.04, Охрид |
ОЛГА МИЛОСАВЛЕВА | Балерина, кореограф, солистка, директор на Балетот при МНТ | 1934, Тетово | 1997, Скопје |
ИВИЦА ЗОРИЌ | Хорски диригент и композитор | 1948, Белград |
Тодор Скаловски
(Тетово, 1909 - ) - Еден од најпознатите композитори, диригенти во Македонија. Композитор на официјалната државна химна на Р.Македонија.
По интензивно школување и членување во хорови, по ослободувањето станува главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на првиот Симфониски Оркестар, Основач и директор на Македонската опера. Композитор на познати дела. Основач на ‘Здружението на музички уметници’ и на ‘Здружението на композитори’ на Македонија. По него во Тетово е именувано Средното музичко училиште.
Томче Грнчаровски
(Тетово, 1923 - ) - Истакнат оперски пејач.
Еден од првите носители на тенорски партии во македонската Опера. Член на Операта од основањето во 1947. Толкувал бројни улоги во значајни дела: Травијата, Риголето, Боеми и др.
Павлина Апостолова
(Тетово, 1927 - ) - Оперска и концерна певица, првенка на Операта при МНТ.
Оваа тетовчанка од основањето во 1947 е член на Операта каде останала до своето пензионирање 1983. Реализирала повеќе главни улоги. Добитник на наградата ’11-ти Октомври’ за своето животно дело.
Драган Бојаџиев
(Тетово, 18.02.1930 - Охрид, 04.081981) - музички публицист.
Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.186)
Олга Милосавлева
(Тетово, 1934 - Скопје, 1997) - Балерина, кореограф, солистка, директор на Балетот при МНТ.
Најистакната
тетовска балерина. Членка на балетот на МНТ од 1949 до 1997. Негова
директорка во два мандата. Позната по нејзините улоги во мноштво
балетски престави.
Ивица Зориќ
(Белград, 1948 - ) - Хорски диригент и композитор
Маестро д-р Ивица Зориќ, е македонски диригент, oд Тетово, каде и го завршил основното образование, а средно музичко училиште во Битола. Дипломирал, магистрирал и докторирал на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија. Во 1977 година го основа детскиот хор "Лале", а во 1981 година го основа и женскиот младински хор "Менада" во Тетово, со кои остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Од 1980 до јули 2007 година бил директор на ОМУ "Тодор Скаловски - Тетоец" од Тетово. Иницијатор и оснивач е на "Балканскиот хорски форум", во Тетово во 1998 година во кој членуваат преставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Во 1979 година ја добива "19 Ноемвриската" награда на Тетово, во 1982 година наградата "Кирил Пејчиновиќ", во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија "11 Октомври" и во 2007 година наградата на Здужението на музички педагози за "Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија".
Читај повеќе на: (Википедија)