Тетовчани на 20. век

Следи досега најдетална листа на сите значајни Тетовчани на 20.век. И Македонци, и Албанци и други... Битно е да се родени или да потекнуваат од Тетово и Тетовско.

Главен критериум е тие да оставиле траг надвор од овој крај и да се познати и пошироко. Ова се луѓето кои го имаат обелено образот на Тетово пред другите.

Подредени се по возраст (по датум на раѓање) а поделени во следниве категории:





 

МУЗИКА / БАЛЕТ / ОПЕРА



ЛИКОВНА УМЕТНОСТ

 

Борка Аврамова

(Тетово, 1924 – Загреб, 1993)  -  Доајен на македонското вајарство.

Борка Аврамова e родена Тетовчанка, првата македонка академска вајарка - автор на првата самостојна изложба на скулптури во Македонија што отворена во Скопје во 1954, воедно беше и првата самостојна изложба на жена-уметник кај нас.
Таа го задолжува родното Тетово со споменикот ПОБЕДА во 1962. кое денеска се наоѓа покрај Домот на Културата во центарот на градот.

Читај повеќе на: (ДЕТАЛНО ПРЕСТАВУВАЊЕ на нашиов портал)


 

Павле Кузмановски

(Тетово, 30.06.1939 - )  -  Професионале ликовен уметник. Член на Друштво на ликовни уметници на РМ.

Љубовта кон уметноста се раѓа за време на средношколските денови кога во тетовската гимназија ликовен професор е познатата Катја Ефтимова. Завршува Академија на применета уметност во Белград во 1966. Во 1967 ја организира својата прва самостојна изложба. Одтогаш има организирано повеќе самостојни и над 250 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на следните награди: Ноемвриска награда за сликарство на град Тетово (1968);  Награда ДЛУМ - цртеж при НУБ Климент Охридски Скопје (1980);  Награда и Повелба за сликарство ЛИКУМ на Авторската агенција за СРМ (1986);  Награда МЕТОДИЈА ИВАНОВСКИ - МЕНДЕ, Сликарство мал формат, КИЦ Скопје (1998).

Читај повеќе на: (Друштво на Ликовни Уметници на Македонија) , (Личен сајт на Кузмановски)


 

 

КУЛТУРА / ЛИТЕРАТУРА / НОВИНАРСТВО


Кузман Најденовски

Роден во Тетово, во 1919 г.  Историчар, Новинар, основоположник на печатарството во Тетово
Образложение:  Ја основал првата печатница во Тетово во 1920-тите. На неговите машини повлечени во село беличица, Гостиварско би л отпечатен првиот партизански весник 1942. Повојната е истакнат новинар во ‘Нова македонија’. Прв тетовчанец кој напишал книга за историјата на својот град – ‘Тетово во Минатото’ во 1964.



Живко Аврамовски

Роден во Непроштено, Тетовско во 1926 г.  Истакнат историчар
Образложение:  Дипломирал на Филозофскиот Факултет во Белград, а Докторирал во загреб. Научен соработник во Институтот за современа историја во Белград. Се занимавал со истражување на политиката на големите сили на Балканот. Објавил повеœе трудови, ме‡у кои: ‘Судир на интересите на велика Британија и Германија на Балканот’, ‘Балканските земји и големите сили, 1935-1937’ и други.



Мурат Исаку

Murat Isaku (с.Гајре-Тетовско, 15.04.1928 – Тетово, 2005)  -  Поет, раскажувач, романсиер, драмски автор од албанската националност во Македонија. Член на Друштво на Писателите на Македонија. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Завршил Филозофски факултет. Бил уредник во Македонската телевизија. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1966 година. Бил секретар на ДПМ.

Автор е на книгите: Глас на шумата (поезија, 1960), Пладневни насмевки (поезија, 1963), Сонцето го знае својот пат (роман, 1964), Попладневни насмевки (поезија, 1966), Венец на земјата (поезија, 1968), Прстен на пустелија (раскази, 1971), Задоцнет огин (роман, 1973), Трески (поезија, 1975), Рани (роман, 1975), Прамен (раскази, 1978), Мост (поезија, 1982), Жед (роман, 1982), Ветрометина (раскази, 1982), Дамки (роман, 1986), Убава утеха (поезија, 1989), Бран (роман, 1989), Рецкајт (роман, 1989), Изневера (роман, 1991), Ориолика (поезија, 1994), Несреќници (роман, 1995), Некој копа на моето чело (поезија, 1999).

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ) , (Листа на албански писатели)


 

Абдиљазис Исљами

Abdylazis Islami (с.Гајре- Тетовско, 29.07.1930 – Тетово, 16.08.2005)  -  Поет, романсиер, драматург. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Писател на албански јазик. Има издадено неколку книги. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели)


  

Јован Павловски

(Тетово, 10.09.1937 - )  -  Поет, раскажувач, романсиер, публицист. Член на Друштво на Писателите на Македонија.

Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил новинар во Радио Скопје и „Нова Македонија“ и нејзин дописник од Париз и Москва. Во два мандата бил претседател на ДПМ. Сега е главен и одговорен уредник на месечните списанија „Македонско време“ и „Тхе Мацедониа тимес“. Член на ДПМ од 1962 година.

Автор е на книгите: Август (поезија, 1962), Медеја (поезија, 1969), Мошо ишо шо о (поезија за деца, 1972), Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (роман, 1972), Идентитет (поезија, 1974), Блиско сонце (проза за деца и млади, 1975), Значка (роман за деца, 1976), Близини (раскази за деца, 1977), Бев со нив (публицистика, 1977), Тито во Македонија (публицистика, 1978), Огнено семејство (публицистика, 1979), Кажувања (публицистика, 1979), Од другата страна на границата (публицистика, 1979), На сите свететски страни само Ани, само Ани (поезија за деца, 1980), Гемиџиите (публицистика, 1980), Оксидирања (поезија, 1983), Прераскажување на ентитетот (поезија, 1985), Луѓе во зло време (раскази за млади, 1986), Судењата како последен пораз (публицистика, 1986), Строгоста на живеењето (поезија, 1988), Тевеѕирка (поезија за деца, 1989), Сок од простата (коавтор Ангел Биков, роман, 1991), Последните 48 часа на професорот по историја (поезија, 1993), Историскиот континуитет на имињата Македонија и Македонец (публицистика, 1993), Од првична идеја до држава (коавтор Мишел Павловски, публицистика, 1993), Стварна промена (поезија, 1996), Македонија вчера и денес (коавтор Мишел Павловски, публицистика, двојазично издание на македонски и на англиски јазик, 1997), Одработен страв (поезија, 1999), Вчера и денес Македонија (коавтор Мишел Павловски, публицистика, 2000), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ (поема, 2000). Дибитник е на наградите: Рациново признание, трипати годишната награда на РТВ Скопје за книги за деца, наградата на градот Тетово, „Златно перо“, награда за најчитан автор во 1991“, награда за животно дело за новинарство, и други признанија.

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ) , (Википедија)


 

Петко Дабески

(с.Волковија-Тетовско, 15.10.1939 - )  -  Поет, член на Друштво на Писателите на Македонија.

По образование е дипломиран електроинжинер. Дипломирал на Белградскиот Универзитет во 1963, и околу три декади работи на тоа поле. Објавува од млади години – уште од 1955 година.

Автор е на следниве книги поезија: Трет потег (Современост, 1982), Слободен удар (Студентски збор, 1983), Четврта координата (Македонска книга, 1987), книга што му ја донесе наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1987, Параболи (Култура, 1989), Невестински ковчег (Наша книга, 1991), Надвор од опитот (Култура, 1996), Нешта над зборовите (Мисла, 1997), Чувари на Калето (Феникс, 1998), Не е сe хаику (Студентски збор, 1999), Покривка на зборовите (Македонска книга, 1999).

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ)



Гојко Ефтоски

(Врапчиште, 13.09.1941 - живее во Тетово)

Еден од доајените на тетовското новинарство, дописник од Тетово на многу весници, основач на локалниот Весник ПОЛОГ, и автор на повеќе книги за Тетово.

Читај повеќе на: (ДЕТАЛНО ПРЕСТАВУВАЊЕ на нашиов портал)


Душица Илин

(Тетово, 12.03.1944 – )  -  Поет, член на Друштво на Писателите на Македонија.

Завршила средно образование. Работи како новинар во Македонската телевизија. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Фреска на срцето (1971), Сизифина (1976), Ветер во кафез (1981), Толкување на стравот (1989).

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ) , (Интервју во весник)


 

Јован Дамјановски

(Тетово, 15.01.1946 - )  -  Романсиер, драмски автор. Член на Друштво на Писателите на Македонија.

Магистер по агроекономија. Работи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член на ДПМ од 1992 година. Автор е на книгите: Америка е само Америка (роман, 1990), Нежната прашина на заборавот (роман, 1991), Мие, малите људи, смо големи чуеци (драма, 1991), Викенд во младоста (роман, 1992), Танцот на ветровите (роман, 1993), Самоубиство на глувците (роман, 1995), Зад другата страна од тишината (новели и раскази, 1998), Диви магнолии (роман, 1999).

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ)


 

Љупчо Силјановски

(с.Глоѓи-Тетовско, 29.07.1949 - )  -  Поет, раскажувач, драмски писател. Член на Друштво на Писателите на Македонија.

Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел како новинар-уредник во Списанието за хумор и сатира „Остен“. Сега работи во телевизија „Телма“. Член на ДПМ од 1978 година. Автор е на книгите: Внатрешни огледала (поезија, 1974), Јагула (поезија, 1978), Ангелот од Питсбург (раскази, 1979), Змиски обед (поезија, 1980), Кукавичко јајце (драма, 1983), Стихихијада (поезија за деца, 1984), Срцката на Кате Карате (хумористичен дневник за деца, 1986), Птеродактил (роман, 1986), Црно на бело (афоризми, 1988), Некрополис (роман, 1990), Продавач на месечини (раскази, 1991), Церебрална спална (поезија, 1993). Добитник е на наградите: „Младост“, „Студентски збор“, „Златно перо“ и „Златна корија“ (за докуметарен филм).

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ)


 

Абдираим Идризи

Abdirahim Idrizi (с.Жеровјане- Тетовско, 10.07.1950 – живее во Приштина)  -  Писател. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Писател на албански јазик. Има издадено неколку книги. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели)


 

Костадинка – Коца Ѓорѓиевска

(с.Шемшево-Тетовско – 23.05.1952 - )  -  Поет, член на Друштво на Писателите на Македонија.

Завршила средно образование. Од 1969 година живее и работи во Менхенгладбах, Германија. Член на Сојузот на писателите на Германија. Член на ДПМ од 1989 година. Автор е на книгите: Клучеви на душата (1996), Дневникот на една медицинска сестра (1996), Записи од Тетово (1997). Добитник на наградата „Иселеничка грамота“.

Читај повеќе на: (Друштво на Писатели на РМ)


 

Екрем Ајрули

Ekrem Ajruli (с. Г.Седларце- Тетовско, 01.02.1957 - )  -  Поет. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Поезија на албански јазик. Работи во печатницата “Arbëria Design”. Има издадено неколку збирки поезија. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели)


 

 

Шаип Емерлаху

Shaip Emërllahu  (с.Требош- Тетовско, 13.04.1962 - )  -  Поет. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Поезија на албански јазик. Има издадено неколку збирки поезија. Освоил повеќе награди. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели)


 

Салајдин Салиху

Salajdin Salihu (Тетово, 26.05.1970 - )  -  Поет. Заведен на листата на најзначајни албански литерати.

Поезија на албански јазик. Има издадено неколку збирки поезија. Освоил повеќе награди. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели)


 

Mимоза Велиу

Mimoza Veliu  (Тетово, 24.03.1979 – )  -  Поетеса. Заведена на листата на најзначајни албански литерати.

Поезија на албански јазик. Се занимава и со уметничка фотографија. Погледни листа на дела на следните линкови:

Читај повеќе на: (Листа на албански писатели) , (Приватен сајт на Велиу)


 

 

ТЕАТАР / ФИЛМ

Исаја Јован – Јон

(Тетово, 05.01.1915 - Скопје, 13.09.1993)  -  Филмски, театарски и телевизиски актер, претставник на најстарата генерација македонски артисти

Јон Исаја потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминува во Романија. Во Букурешт завршува Театарска академија во 1942 година и ја започнува кариерата на драмски уметник, која што, по враќањето во Македонија, ја продолжува во Македонскиот народен театар од 1951 до 1964 година, кога преминува во Драмскиот театар каде што ја постигнува својата потполна актерска зрелост.
И во областа на телевизијата и филмот оствари ролји од антологиско значење. Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“.

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

Ангеловски Благоја

(Тетово, 11.3.1920 - )  -  Филмски работник.

Од 1949 година е началник во одделението за киномрежи во Комисијата за кинематографија при Владата на СРМ, каде што останува на функција до крајот на 1950. Потоа преоѓа на работа во „Фотоцентар“. Од 1958 е вработен во „Вардар филм“ како главен диспонент, додека во продукцијата на „Вардар филм“ неговото учество е во својство на организатор т.е. директор на многу македонски филмови. Од 1981 година е пензионер.  

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

Петровски Ацо

(Тетово, 12.5.1923 - Скопје, 28.07.2001)  -  Филмски режисер и сценарист.

Од 1924 живее во Скопје, каде го завршува основното образование и трговското училиште, а Втората светска војна го спречува да ја заврши втората година на Вишата трговска школа.
По војната активно се вклучува во активностите околу формирањето на новата македонска кинематографија. Во почетокот се занимава со организациски проблеми, а потоа се ангажира како автор во улога на режисер и сценарист. Од 1952 г. е управник на Државниот филмски архив, кој набргу се претопува во „Вардар филм“. Една година е директор на „Детска радост“, а од 1955 е помошник на генералниот директор и директор на производство на „Вардар филм“. Одреден период работи во „Техно филм“, а потоа до 1966 година во МРТВ Скопје. Работи и за продукцијата на ФРЗ, а во 1972 година се враќа во „Вардар филм“.
Во 1976 година станува првиот директор на Кинотека на Македонија, каде што останува се до неговото пензионирање во 1985 година.
Главен печат во македонската кинематографија остава како директор на продукциите и како автор (режисер) на неколку незаборавни етнолошки филма.

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

Васовски Панче – Камџик

(Тетово, 16.10.1924 – 01.06.2003)  -  Театарски, филмски и телевизиски актер.

Во македонската филмска продукција е еден од најприсутните и незаобиколиви толкувачи на помали улоги и епизоди.  Најпознат тетовски актер. Основач на театарскиот живот во Тетово. Познат по глумата во неколку македонски филмови (пр. ‘Најдолгиот Пат’). Повеќе пати наградуван.

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

Гапо Ивановски Бранко

(Тетово, 5.11.1931 – Скопје, 18.11.2008)  -  Филмски, телевизиски и театарски режисер.

Бранко Гапо дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Со филм започнува да се занимава уште во најраната младост, како филмски аматер. Веќе во педесеттите години, како професионалец ги снима своите први документарни филмови (Скопски магазин, Фабрика за цигари, Огрев, Птиците доаѓаат, Граница и др.), по што следува богат опус од документарни и кратки играни филмови. Во овој период е соработник на повеќе режисери и како асистент на режија работи со Франце Штиглиц и Димитрие Османли, а исто така и со А. Ганц и Вилијам Дитерле.
Во 1965 година го снима својот прв игран филм ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ, а веќе 1969 година играниот филм ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА му ја донесува Наградата за режија на филмскиот фестивал во Пула, Сребрената плакета на фестивалот во Авелино и републичката награда 11 Октомври.
Гапо, исто така, има забележителни телевизиски и театарски режии.
Добитник е на Наградата 11 Октомври за животно дело и за долгогодишни особено значајни остварувања во областа на културата и уметноста (1997).

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb) , (Википедија)


 

Савевски Драгољуб

(Тетово, 01.11.1949 - )  -  Мајстор на аматерскиот филм.

Работи како режисер во МРТВ. Со аматерски филм се занимава од 1966 година во киноклубот „Милтон Манаки“ во Битола, а од 1968 година делува во киноклубот „Камера 300“ во Скопје. Автор е на повеќе филмови за кој има добивано значајни награди.

Читај повеќе на: (MakCinema)


 

Абази Рефет

(Тетово, 17.01.1964 - )  -  Театарски, филмски и телевизиски актер.

Во 1989 година дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек драмски актери. Во својата актерска кариера исполнил голем број значајни тетарски улоги за националните театри, како и за многу независни и меѓународни проекти. За своите актерски остварувања е наградуван на многу фестивали во земјава и во странство. Од 1999 работи како професор по актерска игра на ФДУ, Скопје.  

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

Ристановски Никола

(1969 - )  -  Театарски, филмски и телевизиски актер.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Никола Ристановски станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година. Учествува и во реализација на самостојни театарски проекти. Добитник на многу награди.

Читај повеќе на: (MakCinema) , (imdb)


 

  

СПОРТ

 

Бошко Ѓуровски

(Тетово, 28.12.1961 – )  -  Интернационален фудбалски играч, тренер и репрезентативец.

Некогашен фудбалски репрезентативец и денешен фудбалски тренер. Фудбал започнал да игра во Тетекс – Тетово, од каде се префрла во белградска Црвена Ѕвезда каде дебитира 1978 на 17 години. Од 1989-1995 игра за швајцарски ‘Сервет’ каде ја завршува фудбалската кариера. Со ‘Сервет’ стана првак на Швајцарија и како фудбалер и како тренер. Од Швајцарија се враќа како тренер на повеќе српски клубови. Во март 2007 ја презема функцијата Шеф на стручниот штаб на ‘Црвена Ѕвезда’. Играл за репрезентацијата на СФРЈ 4 натпревари, а 8 натпревари за репрезентацијата на Македонија.

Читај повеќе на: (Википедија - српски)


 

Милко Ѓуровски

(Тетово, 26.02.1963 - )  -  Интернационален фудбалски играч, тренер и репрезентативец.

Поранешен југословенски репрезентативец и македонски фудбалер. Фудбал започнал да игра во Тетекс – Тетово, а 1975. се префрла во белградска Црвена Ѕвезда, каде поминува 8 прволигашки сезони, по што се префрла во ‘Партизан’. Во партизан минува 4 прволигашки сезони. Во 1990. преминува во Гронинген, Холандија. По извесно време преоѓа во француски Олимпик, а потоа во Словенија каде игра за повеќе клубови. Играл за репрезентацијата на СФРЈ 6 натпревари, и 3 натпревари за репрезентацијата на Македонија. Како тренер работи во повеќе словенечки клубови, а од 2008 е тренер на ‘Вардар’.

Читај повеќе на: (Википедија - српски)


 

Арѓенд Беќири

Argjend Bekjiri  (Тетово, 03.04.1974 - )  -  Интернационален фудбалски играч и репрезентативец.

Читај повеќе на: (Википедија - англиски) , (National Football)


 

Блерим Џемаили

Blerim Xhemajli (Тетово, 12.04.1986 - )  -  Интернационален фудбалски играч и репрезентативец.

Како многу мал ја напуштил Македонија, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Од 2007-2008 игра за Болтон, а од 2008 до денес за Торино. Има 7 настапи за швајцарската репрезентација.

Читај повеќе на: (Википедија - англиски) , (Soccer Base)


 

 

НАУКА

 

Михаил Арнаудов

(Русе, 1878 – Софија, 1978)  -  истакнат бугарски научник – фолклорист, етнограф, литературен историчар, културолог, теоретичар.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.82)


 

Петар Здравев

(Тетово, 25.06.1883 - Скопје, 1960)  -  професор на Мед. ф. (Катедра за оториноларингологија).

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.564)


 

Гавро С. Богојевиќ

(Тетово, 1884 - Скопје, 1948)  -  фармацевт.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.176)


 

Ристо Трифунов Брезјанин

(с. Брезно, Тетовско, 1907 - Скопје, 1968)  -  инфектолог.

Мед. ф. завршил во Букурешт, Романија (1934). Како општ лекар работел во Тетово. Подоцна доаѓа во Скопје и од 1944 г. е лекар на Интерното одделение на Земската болница. Го формирал Инфективното одд., кое подоцна прераснува во Инфективна клиника на Мед. ф. во Скопје. Во 1948 г. добил звање спец. инфектолог, а во 1958 примариус. Напишал повеќе учебници за Средното медицинско училиште, каде што предавал, и околу 70 труда за разни области на медицината и здравствената култура во Македонија, а во ракопис оставил Историја на медицината во Македонија.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.209)


 

Јордан Ѓорѓевски

(Тетово, 07.12.1910 - Скопје, 10.09.1989)  -  агроном.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.502)


 

Богољуб Арсиќ

(с.Волковија,Тетовско, 02.07.1914 - Белград, 25.07.1999)  -  полковник, спец.епидемиолог, унив. професор.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.84)


 

Ристо Трпев Ѓорѓевски

(с.Теарце, Тетовско, 24.03.1919 - Скопје, 16.04.1996)  -  психолог, универзитетски професор.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.502)


 

Блага Алексова

(Тетово, 24.01.1922 - Скопје, 12.07.2007)  -  археолог, професор, академик.

Образложение:  Дипломирала на Филозофскиот Факултет во скопје, а дипломирала во 1958 во Љубљана. Специјализирала старохристијанска уметност и археологија на универзитетот во Хардвард. Работела во Градскиот музеј во Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија (и како негов директор). Академик на МАНУ од 1997. Еден од најзначајните македонски археолози.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.38-39)


 

Михаил Гугувчевски

(Тетово,19.10.1922 - Скопје, 27.12.1975)  -  агроном, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.414)


 

Милан Стефанов Јовановски

(Тетово, 12.10.1932 - )  -  спец. по патолошка анатомија, редовен проф. на Мед. ф. (1990).

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.644)


 

Дивна Ристова Лакинска

(Тетово, 01.11.1941 - )  -  андрагог.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.787)


 

Алајди Абази

(Тетово, 01.11.1942 - )  -  електроинженер, унив. професор, член на МАНУ.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.1)


 

Сервет Авзиу

(с. Мала Речица, Тетовско, 01.10.1946 - )  -  политички деец, новинар и стопанственик.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.6-7)


 

Неџбедин Беадини

(Беадини
Неџхбедин)

(Тетово, 1963 - )  -  биолог, универзитетски професор.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.137)


 

 

ПОЛИТИКА

 

Глигорие Т. Гогоски

(Тетово, 06.07.1943)  -  политилар, преседател на влада на СРМ, стопанственик.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.369)


 

Абдурахман Алити

(с. Желино,Тетовско, 1945 - )  -  правник, политичар, амбасадор на РМ во Бугарија.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.40)


 

Теута Арифи

(Теута Арифи)

(Тетово, 1969 - )  -  унив. професор, политичар и пратеник.

Читај повеќе: (‘Македонска Енциклопедија’, том 1, МАНУ, Скопје 2009 - стр.81)


 

Илинка Митрева

(Скопје, 11.02.1950 – )  -  Македонски политичар. Поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија.

Таа е тетовчанка по потекло. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови. Пратеник од 1994 до 2001, а од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија.

Читај повеќе на: (Википедија) , (За тетовските корени на Митрева)


 

Љубе Бошкоски

(с.Челопек, Тетовско, 24.10.1960 - )  -  Македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи.

Од 2001 – 2002 Министер за внатрешни работи на Република Македонија. Во 2004 уапсен за Судот за воени злосторства во Хаг да биде депортиран во затворот во Шевенинген за случајот Љуботен. На 10 јули, 2008 Бошковски е прогласен за невин од страна на Хашкиот трибунал. Автор е на делото Мојата борба за Македонија.

Читај повеќе на: (Википедија)


 

Антонио Милошоски

(Тетово, 29.01.1976 - )  -  Македонски политичар.

По потекло Кичевчанец, но роден 1976 во Тетово. Од ноември 2002 година е докторант на политички науки на универзитетот „Gerhard Merkator” во Дуизбург, Германија, каде работеше како научен соработник до 2006 год, кога прво беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, а потоа и за Министер за надворешни работи на Република Македонија. Од 2006 Министер за Надворешни Работи. Антонио Милошоски е еден од основачите на „Младинскиот евроатлантски форум” – МЕАФ. Член е на „Sudosteuropa Geselshaft”, германско академско здружение, кое се занимава политичко-економските случувања во југоисточна Европа.

Читај повеќе на: (Википедија) , (Официјално портфолио на Влада)


 

 

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ТЕТОВО

Детална листа: ОВДЕ.