Подолниот текст е за прв пат објавен токму на овој портал и е најдетален опис за секое од тетовските села, кој моментално постои. Ова е авторски труд на авторот – Дарко Гавровски, и текстовите се заштитени со авторски права. Не е дозволено никакво репродуцирање без дозвола на авторот. Овој текст е само дел од мојот нареден мегапроект ‘Енциклопедија на Тетовските Села’ во која ќе бидат вброени историите на сите 92 тетовски села. Лисец е големо планинско село, во склоп на Општина Тетово, на падините на Шар Планина 10 км западно од центарот на градот, на патот кон ски-центарот Попова Шака. Селото е на надморска висина од 1220 м, и со атар од 1370 хектари, од кои на обработливо земјиште одпаѓа 371 ха, на пасишта 667 ха, а на шуми 331 ха. Највеќе жители во селото изброени се со пописот во 1981 (вкупно 1070), а денес има 692 жители во целост албанско население. Во селото има осумгодишно училиште, џамија и амбуланта со дежурен лекар кој доаѓа од соседното село Шипковица. Во атарот на ова село е и ски-центарот Попова Шапка. Во атарот на ова село има и еден заселок - Расадиште кој е создаден во средината на 19.век, а се наоѓа под Лисец (на околу половина час одење), а се состои од две групи куќи меѓусебе раздвоени со долина.
ЕТИМОЛОГИЈА НА НАЗИВОТ НА СЕЛОТОЛисец е со назив со словенска етимологија. МЕСНИ ТОПОНИМИ / МААЛА
ИСТОРИЈАНајстари археолошки наоѓалишта:Во атарот на ова село не се пронајдени археолошки наоѓалишта од Праисторијата и Антиката (Детален опис во мојата книга ‘Тетовски Древности’). Прво споменување во пишан документ:Во пишаните извори ова село прв пат се споменува во документот од околу 1343 година - ‘Хтетовско Бревно’ (пергамент кој се чува во манастирот Хиландар на св.Гора) каде се наброени имотите кои и припаѓале на црквата ‘св.Богородица Хтетовска’. При описот на границите на атарот на соседното село Речица се наведува дека на нејзинатат граница се наоѓа брдо наречено Лисечко краиште. И ден денс селата Речица и Лисец се граничат со своите атари. Tурски пописни тефтери (15.-17. век):Во турските пописни тефтери стојат следниве податоци. (Само за споредба на големината на селото: во истите пописи Тетово има од 103 до 180 семејства, зависно од пописот). Лисец се споменува баш под истото име:
За време Турско:Пред доселувањето на сегашното албанско население, Лисец бил населен со Македонско православно население. Албанците почнале да го населуваат ова село кон средината на 18 век, кога како најстар род се населил албанскиот род Шаља. Најголемиот дел на албанските родови се од областа Љура (во околината на Скадар, ден.Албанија). Со се помасовното доселување на алабанските родови, истовремено, македонските родови почнале да се иселуваат во подолните полски села и во градот Тетово. Веќе во 1880-тите се иселил и последниот македонски род од ова село. Дека имало континуитет помеѓу Македонците и доселените Албанци зборува и фактот што дел од топонимијата е словенска (името на самото село, месностите Стојанов котар, Попова Шапка и сл.). Селската црква постепено пропаѓала без православно население, за конечно врз нејзините темели во 1939 да биде изградено новото селско училиште. Во средината на 19.век во атарот на селото е создаден и еден заселок - Расадиште, кога на ова место се населиле дојденци од Лисец од родот Џока. Тие тука имале свои трла и раскрчени ниви, па ова свое земјиште тие постојано го населиле.И денес овој заселок се вбројува при пописите како дел од Лисец. Помени (19. – почеток на 20. век):
Официјални пописи (20.век - денес):
Најнова историја:Денес Лисец има осумгодишно училиште, селска џамија и амбуланта со дежурен лекар кој повремено ја посетува доаѓајќи од соседното село Шипковица. СТАРИ РОДОВИ И ФАМИЛИИКога ги истражувал Трифуноски, родовите во Лисец, во 1948 година, затекнал 7 родови во 109 домаќинства (погледни ги последните 7 на подолната листа). Сепак неговото истражување покажало дека селото најпрвин било населено со македонски православни родови. Погледнете ги подолу сите родови со родословие (генеологија) на првите доселени/иселени во/од Лисец: Македонски иселени родови и фамилии. Денес поименично се знаат неколку македонски родови кои живееле во Лисец, до крајот на 19 век целосно се иселиле од Лисец. Во Лисец постоела и црква на чие место во 1939 е изградено училиштето. Денес веќе во Лисец нема Македонци:
Албански Родови:
Поалбанчени Македонци:
Родови во заселокот Расадиште: Кон средината на 19.век овде се населил албанскиот род Џока од Лисец, кој тука имал свој имот па изградил и куќи - види го потеклото на ово род погоре. Во Расадиште дошол огранок на овој род (родословие: Шаин, во 1948 жив на 50 години - Сулејман - Акик - Имер, кој прв се доселил). Во 1948 имало 10 домови од еден род (Џока). Жителите на Расадиште иако се муслимани не ги вршат прописно муслиманските обичаи (немаат џамија, не држат рамазан, пијат алкохол итн) па околните муслимани ги нарекуваат Бектеши. Самите жители на Расадиште често го посетуваат тетовското Арабати Баба Теќе. РЕЛИГИЈАВерски објекти:
ИНТЕРЕСНО
ЗНАЧАЈНО
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ
ЛИТЕРАТУРА / ИЗВОРИ
(с) Дарко Гавровски | Назив Македонски / Официјален (кирилица) Лисец Англески (Латинична транскрипција) Lisec Локален назив Лисец Албански Lisec Жители (машки род, женски род и множина) Лишчанец / Лишчанка / Лишчани
ФактиБрој на жители (последен попис 2002) 692 Површина на селски атар (во хектари) 1370 Дел од општина (административна поделба 2006) Oпштина Тетово Одалеченост од Тетово (во км, најкратка патна линија) 10 км / западно Одалеченост од Скопскиот Аеродром (во км, патна линија) 62,0 км Географска позиција (ГПРС / Географска ширина и должина) 42° 1' 59'' Сев. / 20° 55' 27'' Ист. Просечна надморска висина (во метри) 1220 м |
ТЕТОВСКИ ДРЕВНОСТИ > ТЕТОВСКИ СЕЛА >