Једоарце е мала селска населба (денес само 5 постојани жители) во склоп на Општина Тетово, на падините на Шар Планина 6 км северно од центарот на градот. Селото е ридско со надморна висина од 660 м, и со мошне мал атар од само 150 хектари, од кои на обработливо земјиште одпаѓа 49 ха, на пасишта 24 ха, а на шуми 68 ха.
Голем дел од населението на ова село е исселено пред се во градот Тетово, но сепак денес е доста посетувано особено во лето како викенд населба. Заедно со Сетоле и Отуње тие прават три села кои се скоро иселени но популарни по својот чист воздух и викенд куќи. Според првите букви на овие села, тие се нарекуваат уште и СОЈ (Сетоле-Отуње-Једоарце, или на шега: нешто како Бенелукс). Заради тоа што овие села први се иселиле во град, најстарите Тетовски градски фамии во голема мера имаат потекло баш од овие села.
ЕТИМОЛОГИЈА НА НАЗИВОТ НА СЕЛОТОЈедоарце е македонско село, и називот е со словенска етимологија. МЕСНИ ТОПОНИМИ / МААЛА
ИСТОРИЈАНајстари археолошки наоѓалишта:Во атарот на ова село не се пронајдени археолошки наоѓалишта од Праисторијата и Антиката. Најстари траги се рушевините (гробови и темели од црквата Св.Никола) од Средновековието во месноста Ѓиновце (долот ј/з од селото кон Џепчиште), каде според народната традиција се наоѓало истоименото село. Ова село најверојатно било иселено и пред доаѓањето на турците (се верува заради чумата) зошто во турските пописни тефтери (најраниот од 1453.) село со вакво име веќе не се споменува. Прво споменување во пишан документ:Во
пишаните податоци ова село под името Јадварци и Јадоварци прв пат се
споменува во пишана повелба датирана околу 1343. на цар Душан во која
тој селската црква св.Никола (денес непостои) ја приложува на манастирот
св.Богородица од Тетово. Tурски пописни тефтери (15.-17. век)Во турските пописни тефтери стојат следниве податоци. (Само за споредба на големината на селото: во истите пописи Тетово има од 103 до 180 семејства, зависно од пописот) Интересно е што во пописите се појавуваат две: само името Једварце, но и Једварце Мало (т.е. Мало и Големо Једоарце): Једварце:
Једварце Мало:
Во официјалниот турски попис од 1626/27 во вилаетот Калканделен се споменува село Једоарче со 25 христијански домаќинста (џизие ханета), но и 3 домаќинста во село Балја-и Једоард коа најверојатно е приселок (маало) на ова село. За време ТурскоЈедоарце покасно за време турско било расселено. Народната традиција кажува дека првобитната локација на ова село било на местото на денешната месност Селиште, југозападно од денешното село. Таму има денес осбраснати остатоци од гробови, а според кажувањето на старите мештани тука се наоѓала и старата средновековна црква св.Никола, за која велат дека и денеска има остатоци од темелите. Тоа село најпрвин се викало Ѓиновце (таа месност во долот кон Џепчиште и денес постои), но заради голема чума сите жители се исселиле во денешно Кривопаланечко каде го основале истоименото село кое постои и денес – Гиновци. Расселувањето на првобитното Једоарце се случило доста рано, уште кон крајот на 17.век. Старите велат дека старите мештани тогаш биле ‘испудени’ т.е. избркани од Турците и дека пребегале ‘во Преку‘ (преку Дунав, во Војводина). Велат дека старото село броело околу 80 христијански македонски домови. Во разговор со постарите мештани го разбрав следното: Целиот атар на Једоарце останал пуст и ненаселен долго време. За време турско пред околу 300 години, кај турскиот бег од Ратае служел македонецот Дефто. Во тоа време било обичај: секој оној кој на турски водач ќе му служи верно 40 години – да добие имот на подарок од него. Така Дефто побарал место за куќа во запустеното Једоарце, но бегот задоволен од него му го дал цело Једоарце. Дефтовата жена умрела млада а за да има кој да го гледа неговото единствено дете – Стојан, тој се преженил за циганка од тетовската населба колтук (Колтучанка, Ѓупка), па така целиот негов род кој понатаму живеел во Једоарце се нарекува – Ѓупевци. За да не седи сам во цело толкаво село, Дефто подоцна кани тука да се насели и еден Македонец, кој пак, кај бегот од Желино служел како асчија (готвач). Дефто му дал да се насели во долниот дел на селото, давајќи му дури и поголем и поубав дел. Не е јасно дали тој се викал Календар, но тој е основоположник на једоаречкиот род Календаровци. Така и денес се знае дека Горно маало живеат Ѓупевци, а Долно маало Календаровци. Дури подоцна во селото како бегалци се доселуваат и две фамилии од селото Калис (според едни: Калис е во Грција, според други- поверојатна варијанта, близу Корча во jужна Албанија). Овие фамилии се зародиле со Календаровци и денес се сметаат како еден род. Честа е варијантата дека целиот род Календаровци е всушнос по потекло од село Калис (а името дека е или според ова село или според родоначалникот на овој род - извесен Календар (втората варијанта е помалку веројатна - погледни подолу). Помени (19. – почеток на 20. век)
Официјални пописи (20.век - денес)
СТАРИ РОДОВИ И ФАМИЛИИПри своето истражување Трифуноски го има посетено селото во 1946. кога има затечено 15 домови поделени во 3 рода, сите православни Македонци, и тоа од следниве родови:
Покрај погорните родови, се споменува дека за време Турско тука живеел и род Терзиини, но се исселиле доста рано. Некои преставници од тој род денес живеат во селото Теарце. РЕЛИГИЈАВерски објекти:Во селото има една селска црква - Св.Кузман и Дамјан (Св.Врачи) а се наоѓа на источниот крај на селото. Изградена е 1922. врз темели на постара црква. Во дворот на оваа црква се наоѓаат и селските гробишта и дел во кој се служи ручек за време на селските слави. Селска слава:Главните верски празнувања во Једоарце се Крстовден (27.сеп) и Св.Врачи (14.ное.) секоја година. ИНТЕРЕСНО
ЗНАЧАЈНО
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ
Једоарце - сателитска картаGoogle Map ЛИТЕРАТУРА / ИЗВОРИ
Ова е авторски труд на
авторот – Дарко Гавровски, и текстовите се заштитени со авторски права.
Не е дозволено никакво репродуцирање без дозвола на авторот. Погорниот текст е за прв пат објавен токму на овој портал и е најдетален опис за секое од тетовските села, кој моментално постои на интернет. Овој текст е само дел од мојот нареден мегапроект ‘Енциклопедија на Тетовските Села’ во која ќе бидат вброени историите на сите 92 тетовски села. | ФактиБрој на жители (последен попис 2002) 5 Површина на селски атар (во хектари) 141 Дел од општина (административна поделба 2006) Oпштина Тетово Одалеченост од Тетово (во км, најкратка патна линија) 6,5 км / северо-источно Одалеченост од Скопскиот Аеродром (во км, патна линија) 51,3 км Географска позиција (ГПРС / Географска ширина и должина) 42° 1' 32'' Сев. / 20° 57' 21'' Ист. Просечна надморска висин 660 м |