Во "Тетовскиoт говор" ќе прочитате:Кои се најстарите објави на народниот говор од Тетовско. Сите најстари објавени народни песни и текстови на тетовски говор. Поделба на говорите во Полог, со детална мапа и анализа со споредба помеѓу 71 изоглосна црта меѓу различните типови говор Детална граматика и анализа на фонетски и морфолошки карактеристики на тетовскиот градски говор Прв речник на тетовскиот градски говор каде се покриени 9169 одредници Одредниците во речникот се со етимологија на зборот, објаснување, фрекфенција на користење во последните 100 години и поврзаност со етнолошки и историски моменти кои се однесуваат на тој збор со вел да се начне во целоснатапоширока културолошка смисла на зборот
Ова дело е плод на децениско истражување на авторот на скоро 650 страни богат материјал, во голем Б5 формат (16,5 х 23,5 см) поддржан со: 3 карти целосно изработени од авторот и за прв пат публикувани овде, и особено за првпат објавена карта со градските топоними во Тетово Над 30 врамени текстови (text box-ови) со посебен осврт за одредени одредници над 350 фотографии над 300 фусноти со детална анализа на севкупниот материјал, но и над 2000 белешки за извори каде се споменуваат одредници. посебен индекс (тематски показател) каде голем дел на одредници се групирани по теми за истражување резиме на книгата на англиски јазик. за издавање на книгата користени се преку6050 наслови на книги, стручна периодика, компакт дискови, интернет страни, необјавена граѓа– сите тие детално прочешлани и буквално сè што се однесува на Тетовско - е поместено во оваа книга..
Книгата е во луксузно енциклопедиско издание во боја и тврд повез Цена: 1200 денари НАРАЧАЈ >> |
НАРАЧАЈ :Тетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти - Автор: Гавровски Дарко
- Година: Тетово, 2020
- Карактеристики: Б5 формат / тврд повез / печатење во боја
- Број на страни: 648
- Број на Фотографии: над 350
- Број на Историски карти: 3
- Број на Фусноти: 305
- Број на користена литература: над 600
Нарачка од Тетово: доставата е БЕСПЛАТНА Нарачка од Македонија: Испорака по карго со дпоплата од 170 ден., на трошок на нарачателот. Нарачка од странство: Испорака по Македонска пошта, препорачано, на трошок на нарачателот. Исплата преку Money Gram или Wester Union. - Европа; вкупна цена заедно со поштарна: 35 евра
- Прекуокеански (САД, Канада, Австралија и др.); вкупна цена заедно со поштарна: 48 американски долари
|
|