~ 30.10.2017 ~ Листа на најстарите споменати занаети и професии во Тетово, според Турските Пописни Тефтери од 15. и 16. век.
Тетово е освоено од Османлиите кон крајот на 14.век (не се знае точната година но најверојатно после Скопје кое е освоено на 06.јануари 1392 година).
Турците правеле детални пописни тефтери за жителите при што заради собирањето данок се наброени цели домаќинства.
Градот Тетово во 6-те пописи од 15-16 век, бил мал град со од 375 куќи, домаќинства (во првиот попис од 1453, според некои датиран 1455) па до 582 домаќинства 155 години покасно (пописот од 1568/69).
Во првиот попис од 1443 (или 1445) на 'Вилајет Калканделен' се набројува еден мал град (Тетово), 138 села и 1 мезра (поголема фарма без постојани жители). Во градот имало Кадија (надлежен за правните и административни процедури) и Субашија (надлежен за безбедноста).
Занаети и професии
Подолу е деталната листа на Професии кои се забележани во овие 5 најстари турски пописи во Градот Тетово, и број на луѓе кои се занимавале со таа професија.
Голем дел од овие професии се всушност најстарите забележани во историјата на Тетово.
Како што гледате дел од нив во овие 155 години се појавувале и исчезнувале.
Меѓу 37 различни типови на професии кои се забележани во Тетово, како поинтересни се: Изработовач на Сабји, Продавач на Мраз (кога немало фрижидери ова било една од повносните бизниси), Сапунџија (изработувач на Сапуни), Камилар (човек кој чува Камили и врши превоз со нив)...
Споменувањето на некои од овие професии е историски важно за Тетово, зошто од нив се гледа дека уште тогаш Тетово имало Јавна Бања (Амам), зошто се гледаат професии сопственик и работник во Амам; но и доказ дека имало Базар (покриен Пазар) штом има Базарџија.
Врв на листата е дека Тетово уште тогаш имало дури и свој Хирург, за прв пат споменат во својата историја.