Тетовопедија

Recent Announcements

  • Тетово во 1979 на 'Игри без граници' 'Игри без граници' беше големо телевизиско шоу под покровителство на Евровизија,а кое траеше од 1965 до 1999 година (некогаш со прекини) и одржани се 30 едиции.Во него ...
    Posted May 29, 2018, 9:21 AM by Darko Gavrovski
  • Најголемата светска пијанистка - Тетовчанка! Увелико подготвуем листа на најзначајните Тетовчани на 20 век, и излегоја над 100 душе. Најзначајни не кои дале придонес самоза Тетово и толку. Туку оние Тетовчани кои се докажале и ...
    Posted Jan 22, 2013, 10:04 AM by Darko Gavrovski
Showing posts 1 - 2 of 2. View more »

Тетово во 1979 на 'Игри без граници'

posted May 29, 2018, 4:10 AM by Darko Gavrovski   [ updated May 29, 2018, 9:21 AM ]

'Игри без граници' беше големо телевизиско шоу под покровителство на Евровизија,а кое траеше од 1965 до 1999 година (некогаш со прекини) и одржани се 30 едиции.
Во него учествуваа натпреварувачи од различни земји кои се натпреваруваа во интересни и смешни игри.
Преставник на секоја земја беше одреден град од истата.

На ова натпреварување Југаславија има учествувано 6 пати (1978-1982, 1990) најчесто со натпреварувачите облечени во Бела или Беж боја, во 1979 година (етапа 1) како преставник од Југославија беше одбрано да биде ТЕТОВО со своите натпреварувачи. Од Македонија во историјата на игрите учествувале само неколку други градови (Гостивар и Велес во 1980, Битола 1981 и Скопје 1990).

Тетово во Аскона
На 29.мај 1979 година во Швајцарскиот град АСКОНА се одржа 15-тата едиција (етапа 1, тема 'Циркус') на 'Игри без Граници' на кои учествуваа натпреварувачи од градови од 8 држави (Швајцарира, Велика Британија, Италија, Португалија, Германија, Белгија, Франција и Југославија).
Југославија беше преставувано од натпреварувачи во Тетово.

Тетовскиот спортски тим бил предводен од магистерот по физичко воспитување Мирче Савовски. Таму се наптпреваат во 8 дисциплини. Делегацијата била на чело со преставник од Општината Мифтар Зибери, а општина Тетово за ова издвоила од својот буџет 40.милиони стари динари.

Од Тетово зедоа учество во игрите: Стојадин Наумовски, Мифтар Зибери, Мане Илиевски, Наум Талевски, Владислав Ценовски, Славчо Стефановски, Милан Сотировски, Јове Филковски, Емин Сали, Стево Стефановски, Славица Ристовска, Светлана Форчевска, Љибица Јовановска, Светлана Перовска, Љубица Атанасовска.

Тетово иако се прикажува во одлично светло, и на генералната проба ден претходно беа први, сепак на официјалната вечер на крајот завршува на 5-то место кое го дели со тимот од Германија. Десно е крајната резултатска табела со бодови тој ден.

Подолу се ретки ФОТОГРАФИИ од настанот, кои како што ми пиша пред смртта Стојадин Наумовски (Др.Цоци кој 2018 почина во Стерлинг Хајтс, Детроит, САД) се од неговата колекција (некои и подарени а некои сликани од Гиге Мабуз) а кој бил еден од учесниците на настанот.

Како што ми пиша едно од изнанадувањата било тој на отворањето да се појави во комитска облека (види на сликите):  Кога се појавив облечен како комита...паднаја у несвест... некои од општина преставници збеснаја ...На мене имав облечено автентични алишта од комита, опинци од Бранко Ѓеко, Појас од еден играорец кај Општина.. кубури, јатагани и тн.

Низ фотографиите се и новински исечоци кои го преставувале Тетовскиот Тим

За прв пат ја најдовме и ја преставуваме и ВИДЕО снимката од целата вечер на натпреварот, која ја прикажувала Португалската Радио Телевизија со свој превод.



 СЛИКИ - Албум со 44 слики

1979.мај - Тетово на 'Игри без Граници'


https://sites.google.com/site/tajnitenatetovo/galerija/fotografii/nastani/1a.%20%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5.jpg

 ВИДЕO - Пренос од целиот настан

Тв пренос - Игри без Граници - 1979




Најголемата светска пијанистка - Тетовчанка!

posted Jan 22, 2013, 10:04 AM by Darko Gavrovski   [ updated Jan 22, 2013, 10:04 AM ]

Увелико подготвуем листа на најзначајните Тетовчани на 20 век, и излегоја над 100 душе. Најзначајни не кои дале придонес самоза Тетово и толку. Туку оние Тетовчани кои се докажале и пошироко и са битни за Историјата на Македонија и пошироко. Реков ајде да најдем и некој Тетовчанец кој доживеал светска слава.

Само еден најдов. Или поточно една: БРАНКА ПАРЛИЌ, сеуште жива легенда по потекло од Тетово (семејство Парлиќ).

Родена во Тетово на 23.јун. 1955 – денес живее и работи како Професор на Факултетот за Музичка Уметност во Нови Сад.
Академски музичар – пијанист, Дипломирала на ФМУ во Белград во 1979 година  во класата на Олга Михаиловиќ. Во втората половина на 1970-тите е основач и учесник во ‘Ансамбл за Другу Нову Музику’ – прв ансамбл во поранешна Југославија кој свирел минималистичка музика.
Има објавено неколку албуми со пијано музика и е редовен учесник на светски концерти.

Зошто е најголема:  Во светски енциклопедии и од светски критичари означена како најголем светски современ пијанист од Источна Европа, или дури еден од најголемите живи современи пијанисти.

Таа обожава да го свири Ерик Сати (композитор од кр.19 и поч.20 век) и еве ја првата композиција од нејзиниот албум од 1999. Нешто што се слуша со затворени очи и се разишља:


Видео: Ерик Сатие - изведено од Бранка Парлиќ

На срч на youtube најди ги и другите од Branka Parlic

Јас ја контактирав и накратко ми раскажа дека таа по татко е од Тетово и овде се родила, но подолго не живеела. Татко и се исселил од Тетово во Кула, Србија за да работи како ветеринар и тамо се оженил. Во Тетово останале неговата мајка и сестрите, а нивните наследници и денес живеат во Тетово.

Таа скромно вика дека не се слага дека е најголема и дека со Тетово е поврзана преку татко и. Но крвта не е вода, па таа гордо потврдува дека по крв е Тетовчанка.

Таа има и своја страница на ФБ. Зачлени се:
http://www.facebook.com/pages/Branka-Parlic/52757969814?v=wall

Нејзината лична веб-страна (погледни ги критиките и следните концерти):
http://www.brankaparlic.com/

Нејзината Биографија и потврда дека е од Тетово:
http://www.ns.ac.yu/art-music/Branka-prezentacija/BIOGRAFIJA.htm

Неколку нејзини интервјуа:

Од 2010 (јануари) - http://www.seecult.org/vest/posvecenost-branke-parlic
Од 2009  -  http://www.dominomagazin.com/article/3095/muzika/branka-parlic-pijanistkinja

Само еден од многуте сајтовите кои ја нарекуваат ‘Најголем светски современ пијанист’
http://www.last.fm/music/Branka Parlic

.

(с) Дарко Гавровски, 13.03.2010

1-2 of 2