Надвор од Тетово за Божиќ - Порука од Пекинг


Напишано: 07.јан.2010

Подоле е писмо од Мери Томиќ, која со сопругот и двата сина, се иселени пред 8 години, во Пекинг, Кина.
Ми го испрати на ден Божиќ... Како е да бидеш толку далеку од дома, за божиќните празници, и да мислиш на Тетоо... ?
За све што Тетово на нив им значи ...


Subject> Go ljubimo Tetoo i mie!!!!
From> Meri Tomic, Beijing, China
To> Darko Gavrovski, Tetovo, Macedonia
Date> Thu, January 7, 2010 6:37:48 AM



Гавро, сигурно ќе се изненадиш кој ќе го добиеш овија меил од мене!

Колку што знаем, појмот "гурбет" или старински "печалба" ти је познат само од раскажуења, и тврдим да не знаеш, колку е тешко да бидеш одвоен, од својот куќен праг, својте роднине, пријатели, одвоен од својот убав град, од обичајите, празниците, гробиштата......

Мије смо овде у Кина, више 8 године, ама љубовта кон мојот роден град, од дан у дан је све поголема и почврста, без разлика што градот тоне, у ѓубриња.
Со старост, све појќе ми недостасуа еснавските дуќани, тетовските маала, калдрмата, чаршијата. У тоа наше гратче,"стуткано" под пазувите на Шара, се родив и го поминав детството, и младоста, уз старата поговорка:"Тато носи, мама меси!"

.......Летоска, когај бев по некој документи у полиција, проаѓајќи по мостот, како да ме викна Пена. Се потпрев на оградата, и ја слушав, како "рика", и за момент, звукот на реката ме врати у детство когај со пок.мајка ми, идев у Горна Чаршија, да купимо најубоо ченкарно брашно, за бакрдан, кај стариот воденичар. После идевмо у пионерски дом, кај што гледав со саати у едно мало шадрванче.

Гавро, можда све ова не би го преживуела вака, да сум у Тетоо, ама и Константин Миладинов не ја напишал преубаата "Т'га за југ" у Струга, нели?????

-Ете, наш Гавро, ја малце се растужив, а причина си ти, и твојата "проклето" голема љубов кон Тетоо, која ме натера да се вратим у таја наша убаа чаршија, каде што пораснав, со свите моји роднине, другари, и адети.
Понекоаш нека ти текне на ова мое писмо, а сигурна сум, дека не има уште многу од нас "тетовчаните" који когај ида у полиција по документи, се потпираа на оградата и го слушаа "рикањето" на Пена!

-Голем поздрав на твојите прекрасни родители, и нека бида горди на тебе, зошто си еден од ретките, који несебично "се дава" и физички и емотивно, што појќе да го разубае својот град!

Нека ви е среќна и бериќетна новата 2010 год, како и среќни божиќни празници, ви пожелуваа
Душко, Мери, Марко и Никола Томиќ!!!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!!!!



ИН МЕМОРИАМ: Душко Томиќ, познат фудбалски работник и сопруг на Мери, почина на 22 април 2017 година.



Comments