Наш Мега-Проект:Има Facebook групи од типот ‘Да собереме 1000 Тетовчани’, ‘Да ги собереме сите што чезнеат по Дарко и што се викаат Дарко’... И никој некажа што кога ќе ги соберат. Напротив,
почнуваме Мега-проект: ‘Ај со помош на собраниве 3000 члена - да
најдемо работа на свите Тетовчани’ ! Епа ‘Го љубим Тетоо’ собра 3500 душе и реши убоото да го спои со паметното и корисното и не само да ја шири вистината за Тетово туку и да помага на Тетовчани. Заедно свите 3500 душе можа да напраа промена. Не е тотално неформална група, не е ни за забава, - групата ‘Го Љубим Тетоо’ веќе покажа дека е тотално формална и е институција – помагајќи и при вработувањето на 30 души во McDonalds – Тетово во април 2009, и реагирајќи во критичен момент при собирање на крв за Тетовчаните на кои највеќе им требаше а немаше како подруго да апелираат. Затоа и започнувам нов мега-проект: Вработување на што повеќе Тетовчани. Групата има и стари и млади, и вработени и бизнисмени и газди на фирми ... А има многу млади членови на кои им треба било какво искуство за во CV, па нека биде и волонтерска за почеток. Секој од 3500-те члена на групата може да помогне во реализација на овој проект: Да се соберат на 1 место сите огласи за нудење работа, било да е за конобар, продавач, дистрибутер, професор, директор... На подолниот коментар ќе објавувам позиции и места каде може да аплицирате, а секој газада кој сака работник може овде да пише оглас кој ќе се чита од 3500 членови. Значи
нема да важи девизата на некој газди (абе неможем да најдем дете :( -
зошто 1 од 3000 сигурно ќе се најде. Газда си на кафиќ или бутик? Тогај само напиши: Се бара конобар. Контакт 070..... И готово. Реклама за оглас за беспаре. На радио и ТВ за ова ви земаа паре, а ја овде имам 3500 душе. Многу душе ме прашуа како може да ми помогна за Тетово? Еве како: Барам ти да помогнеш со тоа што ќе пишеш барем 1 оглас и помош да се пишуа, препишуа или праќаа линкоој за свекоја позиција за која ќе разбереш од новина или интернет, или прекажуење – а је за Тетово или може да помогне да се вработаа Тетовчани. Најбитно је информацијата да стигне до што појќе људи и да помогнемо барем на 1 да се вработа. Ја имам работа, а немам никаков ќар од ова. Ама ќејф ми је да ви га стаем на едно место свекој оглас за Тетово и да помогнем. Пишите и вие за ВАШ оглас или нарочито ТУЃ кој ќе го препишете и со тоа ќе му помогнете и на газдата да најде поасален работник – и на некој Тетовчанец да се вработа. Не је битно како – битно је крајниот исход – да се вработа уште само 1 наш чуек.Свекој од овја 3000 душе знае некоја фирма што тражи работник. Свекој треба да пише само по 1 оглас. И доста је.Тетовчани полека уча да се помагаа меѓу себе. Постои у Скопје - Влашко Лоби, Битолско Лоби, Беровско Лоби и свите се држа и си помагаа и за работа и за све. Они не са свесни дека ако Тетовчани почна да се помагаа меѓу себе што ќе ги снајде.... Остај партије остај врагоој. Никој несмее да ве уценује. Вие га имате оваја група и ќе помогне со совети и со пишани огласи доле и Живка и Гојко и Мики и ја и .... Данлодирај готово CV - апликацијаМногу ме прашуваа како се прави CV. Во моето повеќегодишно искуство како Директор за Човекови ресурси среќавав ужасни CV-a: напишани на рака на шпартан-табак, со наслов СиВи, Молба, Апликација... За да ви ја олеснам работата и без мака да аплицирате - подолу кликнете и данлодирајте готов терк на основна (почетничка верзија на CV). Не ги менувајте фотновите. Не преправајте ништо туку само пополнете. Во десната колона има мои примери и напомени. Избриши ги и пополни. Испечати пополнето или Праќај по маил и аплицирај. Моите CV-a носат среќа ! Влези и потоа данлодирај готов терк на CV - ОВДЕ . . . |
ГО ЉУБИМ ТЕТОВО > Наши Проекти >