~ 06.03.2017 ~ Ако сте се прашувале некогаш зошто секој ден се рушат примероци на старата градска архитектура во Тетово, одговорот е следен: Во Градот Тетово ЕДИНСТВЕНО 9 (девет) куќи се заштитени со Закон и на листата за Културно Наследство. Ќе се сложите дека во Тетово има многу повеќе од 9 куќи што треба да бидат заштитени. И тоа веднаш. Само нема кој да предложи валоризација после последната од пред 40 години.
Во цела Македонија вкупно за културно наследство се прогласени 1235 објекти и места. Од нив само 28 се од Тетовскиот крај, од кои само 14 во самиот Град Тетово.
Ова е одговорт на сите оние кои се зачудени од секојдневното уривање на прекрасни примероци на стари градски куќи во градот Тетово - во целиот град само 9 куќи се воопшто ЗАШТИТЕНИ. Неможе да се зачува нешто што воопшто и не е заштитено, а причина за тоа е што не постои иницијатива од самите Тетовчани за предлог за заштита на значајните куќи во градот. Последната валоризација и истражување што да се зачува во Тетово е од 1970-тите. Да не зборуваме дека во целиот Тетовски Крај нема ама баш НИТУ ЕДЕН заштитен примерок на стара селска куќа од Долно-Полошкиот крај.
Се додека оваа листа е толку скудна ќе бидеме секојдневно сведоци на уривање на бисери на староградската архитектура. За ова или може да се чека некој да се сети седејќи во канцеларија на УЗКН во Скопје, или иницијативата треба хитно да биде покрената од Тетовчани.
Замислете не се заштитени објетктите на: стара библиотека, работнички универзитет, музичко училиште, куќата на Бранко Гапо, педесетина вредни куќи на ул. Гоце Делчев и споредните улици, Однадвор шараната турска куќа на Ул. К.Ј.Питу од 1905, Стариот лик на дуќаните на Ул. Страшо Пинџур од 1920-тите, Старата Пошта, Архивот.... Старите куќи во Горно Маало, Саат Маало... Листата може да биде бесконечна... Но нема кој да ја состави...
Најстрашно е што: и да не се заштитени, нема барем институционален каталог и валоризација, барем организирана официјална фото-докумнетација од старите објекти... а некој зема плата за тоа... Несериозно е државата да има листа од само 9 куќи како единствен репрезент на тетовската стара архитектура (едно време беа и до 17... ама ги избришаа од листата зошто пропаднаа...)
Ова значи дека секоја од овие вредни споменици на старата архитектура - може утре да биде рушена - а вам ќе ви остане само да викнете локална телевизија да сними... и толку
Можеби не е од незнаење... можеби некому одговара само побргу на тоа место да изгради нова зграда...
Изволте... Слободно рушете све освен овие 9 куќи... Според листата све друго е непотребно и слободно за зграда.. РУШИ
Подолу е листата на заштитено Културно Наследтво по Општини и населени места: