Филм снимен во Тетово 1982 - 'Време на Летала'

posted Jun 11, 2017, 3:52 AM by Darko Gavrovski   [ updated Jun 11, 2017, 6:22 AM ]
~ 11.06.2017 ~ Во 1982 режисерот Иван Митевски за место на снимање на својот филм 'Време на Летала' го одбира стариот дел на Тетово.

Првата и последната сцена (со рингишпилот) е снимено на Колктук (на денешното игралиште пред црквата Свети Никола). Голем број сцени во домашна атмосфера се снимени во 2 стари куќи кои се сега за жал пред распаѓање, продадени и ненаселени на ул. Гоце Делчев (Јајчароо Маало), а снимени се и дуќаните карши Двата Бреста и старо Медицинско училиште (пред тоа стара Гимназија крај Пена)...

Оргиналниот постер од филмот




Embed gadget


Опис:
Последните мирни денови пред почетокот на 2. светска војна.

''Секое време си има своја игра. Ова е време кога детската фантазија умееше да создаде уметност преку фантазија. А возрасните уживаа во љубовен занес.
Време кое сурово го прекина војната и означи крај на едно детство и една младост.''

Режисер: ИВАН МИТЕВСКИ

Сценарист: Русомир Богдановски

Улоги: Силвија Стојановска (Вети), Јорданчо Чевревски (Митруш), Киро Ќортошев (таткото на Митруш), Ацо Стефановски (таткото на Вети), Предраг Дисљенковиќ, Игор Џамбазов (братот на Вети), Фирдаус Неби (синот на чичко Панче), Душко Јовановиќ, Сабина Ајрула, Таска Балабанова (мајката на Вети), Вера Вучкова, Ева Аманатиду, Лидија Велкова, Светолик Никачевиќ, Гоце Тодоровски (поштарот), Панче Камџик (Книжарот, чичко Панче), Шенка Колозова (жената на Панче), Драги Крстевски, Владимир Светиев, Васо Ангелов, Илко Стефановски, Мери Василевска, Иво Јовановски, Наташа Хаџиристиќ,
Александра Шуревска, Борче Георгиевски, Ѓорѓи Мисковскиi, Виктор Кочовски, Сашо Кочовски, Доминик Саурек.
Comments