Сцечена промоција на ‘Тетовски Древности’

posted Apr 11, 2013, 11:14 AM by Darko Gavrovski   [ updated Apr 11, 2013, 11:15 AM ]
26.04.2009 ~ Свечена промоција на најновото енциклопедиско издание за историјата на Тетово - ‘Тетовски Древности’.

Свечена промоција на најновото енциклопедиско издание за историјата на Тетово - ‘Тетовски Древности’.

На промоцијата промотори ќе бидат рецензентот на книгата и кустос во Музеј на Македонија - Др. Драгиша Здравкоски, видни Тетовчани кои придонеле за овој град, ќе настапи Градскиот женски хор под диригентска палка на Мр. Ивица Зориќ, и група која ќе изведува Тетовски староградски песни.

Воедно ќе се промовира и најновиот портал посветен само и единствено на Тетово и тетовско: www.gavro.com.mk

Книгата која инаку е 800 денари од денес па се до 26.април, а и на самиот настан ќе се продава по намалена промотивната цена од само 600 денари.

Промоцијата на книгата ќе се одвива во амбиентот на тетовскиот ноќен клуб ‘Бугати’, а поканети се сите оние кои навистина ‘Го љуба Тетоо’.

Недела, 26.април 2009 / 19:00 / Бугати / Тетово


Comments