Убоо од Тетоо

posted May 1, 2013, 10:53 PM by Darko Gavrovski   [ updated May 1, 2013, 10:53 PM ]
~ 06.05.2010  ●  Воскреснува комбинатот Југохром ● Тетекс во финале од фудбалскиот Куп на Македонија ● Тетово единствен преставник на Македонија во Пекинг ...

Д’ншњи Тетосќи Новине - Тетоо, 06.05.2010

Тазе вест: Воскреснува комбинатот Југохром !

Стариот Силмак (претходно Југохром) од вчера на полноќ проработи но под ново име Метал Инвест ЕФТ кој го купи поголемиот дел од комбинатот од Јегуновце и ги рестартира печките. Новите газди засега пуштија 2 печки во погон и вработија 250 од поранешните работници, но наскоро се очекува уште повеќе. Леб јадат од овој комбинат многу тетовски фамилии. Југохром назад на голема врата...

Повеќе читај ОВДЕ . . .



Најголем успех по 30 години: Тетекс во финале на фудбалскиот ‘Куп на Македонија’

Фудбалската екипа на Тетекс ќе игра во годинешното финале на Купот на Македонија во фудбал против Работнички. Ова е исходот после вчерашното полуфинале каде Тетексго ‘тепаше’ ФК Скопје, по што навивачката група Војводи масовно славеше по Тетовските улици цела вечер. Тоа требаше да се види у живо (нарочито пред ‘Амнезија’)...  Со успехот над Работнички Тетекс се пласира за Европските купови и меѓународна сцена. Тоа би бил најголем успех на овој клуб од формирањето во 1953. Само треба да се прегази Работнички и Евопа е наша;) И наш Тетекс се враќа на голема врата...

Повеќе читај ОВДЕ . . .


 

Тетово единствен преставник на Македонија на мегународен семинар во Пекинг

Уште една тазе вест: Тетово ќе биде единствената општина во Република Македонија која ќе има свој учесник во работата на едномесечниот меѓународен семинар во Пекинг - Народна Република Кина.

Повеќе читај ОВДЕ . . .

 

(с) Дарко Гавровски


Comments