Светски избор на модел: Гласај за Тетовчанката Ребека!

posted Apr 11, 2013, 11:44 AM by Darko Gavrovski   [ updated Apr 11, 2013, 11:44 AM ]
14.09.2009  ~  Една Тетовчанка на еден светски избор за модел.

Конечно една Тетовчанка во највисоките води на модниот бизнис. Во момент има гласање за светски избор на фото-модел на Zuneta Model агенцијата од Лондон и Тетовчанката Ребека е меѓу кандидатите.

Тетово мора да се научи да ги подржува своите луѓе и Тетовчани да си помагаат меѓусебе. Гласајте за нашата Ребека. Таа воедно е и едниствената Македонка на овој избор, и затоа ве молам препратете ја поракава до вашите пријатели од цела Македонија.

КОЈА Е РЕБЕКА:
Ребека Гибсон е по потекло Тетовчанка (ќерка на Анита која е родена во Тетово) од стара тетовска фамилија - Чајка!

Ребека и детството го има поминато во Тетово, заљубена е во Македонија и ако ја прашаш ќе ти каже дека е Тетовчанка, иако е родена во Лондон.

Има 21 година и студира Fashion Management na Westminster University - London, UK!

Ребека ветува дека доколку победи ќе направи промоција на нашиот град.

КАКО ДА ГЛАСАТЕ:
Кликнете веднаш на подолниот линк (таму го впишуваш својот маил, а потоа мора преку маилот кој ќе го добиете назад во инбоксот на вашиот личен е-маил да стиснете Верификација на линкот кој повратно ќе ви го пратат – само со стискање на таа верификација гласот се смета за валиден):
http://modelsearch.zuneta.com/2010/rebeccagib/ -


На нашата Ребека и треба подршката од секој од вас.
Мора да му покажемо на светот дека Тетовчанќете са баш најубаај. Мора!

Ве љуби,
Гавро
Comments