Погледни ја листата најдолу, можеби меѓу некои од овие имиња, се кријат и твоите предци
Имаме во предвид дека конечните факти за секоја жртва никогаш можеби нема да биде утврдена и конечна. Но до ден-денешен оваа листа составена врз онова на официјалниот попис 1964-65, е најкомплетната, официјална, научно верификувана листа за жртвите на војната 1941-1945 кога и да е објавена... пред очите на јавноста по цели 50 години !
Скриениот официјален попис на Жртвите од Војната 1941-45
Сојузниот Извршен Совет на СФРЈ, на 10.јуни 1964 одлучува да се изврши попис на воените жртви од 1941-1945. Врз основа на тоа на 17.јуни формирана е Сојузна Пописна Комисија а обработката на податоците е доверен на Сојузниот Завод за Статистика. Организацијата на пописот по Републики требало да го спроведат републичките комисии.
Според одлуката требало да се попишат сите жители на Југославија кои биле ’жртви на фашистичкиот терор’ во периодот од 06.април 1941 до 15.мај 1945. Во методологијата било јасно наведено дека треба да се попишат сите цивилни жртви по разни основи, како и сите припадници на партизаните (припадници на НОВ и ПОЈ).
За пописот биле ангажирани повеќе од 25.000 попишувачи и уште 5000 кои се занимавале со помошни работи.
Пописот е спроведен во Ноември 1964, а потоа продолжен до Април 1965.
Зошто пописот не бил објавен? Бројките во резултатите биле помалку од очекуваните !... имено, со овој попис излегло дека во цела Југославија има точно 597.323 жртви на војната, што било далеку под дотогаш прокламирани и проценувани 1.706.000! Затоа, Сојузниот Извршен Совет го прогласува пописот за неквалитетен, па донесена е одлука за ставање на забрана за користење на пописот. Целокупниот материјал е предаден на Архивот на Југославија каде и денес во оргинал се чува, притоа никогаш да не биде објавен.
Дури во март 1992 Извршниот Совет на новата Сојузна Република Југославија конечно ја трга забраната (го декласифицира) за користење на податоците од овој попис, при што биле објавени во едиција од 16 дела, која била достапна само на мал број институции на користење.
Во 1995 година во Белград институционално се формира Музеј на Жртвите на Геноцидот, која за примарна задача го превзема токму анализа и ревизија на списокот од овој попис. Го дополнува и ревидира 1995-98 и повторно 2002-2008 за конечно резулатите да ги стави достапни за јавност, поделени по Републики при што е и целокупната листа за Македонија од каде јас ги вадев податоците за Тетово.
Точно 546 жртви од Тетовско
Според анализата на листата од Тетовско најдолу (под што се подразбира старата Општина Тетово), овој крај дал точно 546 регистрирани жртви на ‘фашистичкиот терор’.
- Жртви: Секоја жртва е заведена со: Име, татково име и Презиме / година на раѓање / националност / која година е убиен / околности на смрта / каде е убиен / шифра под која се води во евиденција
- Населени места: Листата е поделена по населени места. Од Тетовско има жртви во 76 места (градот Тетово + 75 села). На листата се преставени по азбучен ред. Инаку Тетовско има 93 населби (градот +92 села). Ова значи дека само 17 села во Тетовско биле среќни да немаат ниедна жртва.
- Најмногу жртви по места: Тетово (116), Вратница (24), Беловиште (23), Челопек (20), Одри (17)...
- Најстара жртва: роден 1869 - старец од 74 години - Старчевиќ Петар од Тетово, србин, убиен 1943 во затвор
- Најмлада жртва: роден 1942 - бебе убиено во директен терор на само 1 година во 1943, - Цветановски Трајанче од Тетово, македонец.