~ 11.04.2013 ~ Роденден на најпознатата и најопеана Тетовска Убавица. На 11.април прославуваме ден од Тетовската Историја: Роденденот на БЛАГУЊА - ДЕЈЧЕ ПОЖАРАНЧЕ родена на 11.април 1889 година. Кога била родена и починала Благуња? Деновиве одговорот го
најдов на местото каде има повеќе податоци од Тетовскиот архив -
Тетовските православни гробишта. Инаку никогаш точниот датум никаде не е
објавен и овде ексклузивно јавно и за прв пат го објавувам денес. Таму
го пронајдов семејниот гроб на семејството Бошњаковски - и
неочекувано... и сликата ... и точниот датум на раѓање и починување на
оваа најпозната тетовска убавица. Веќе ја имам објавено точната сторија како е настаната оваа песна според интервјуто кое го имав на 29.09.1998 со баба Дука - ќерката на Благуња (која почина 1999.) Таа песна е направена пред нејзината свадба за Диме кога имала околу 18 години - значи песната е створена во време турско: околу 1907 година ! Eве овде на нејзината надгробна плоча доказ дека
нејзиното име е БлагуЊа (со Њ) а не како некои нови препеани верзии кои
се почесто во поново време ја пеат како БлагуНо дејче (со Н) незнам дали некој друг некаде деновиве го прослави нејзиниот роденден. Затоа ние овде да се сетиме на Благуња... убавицата по која денес при секое нејзино опевање, каде и да е во светот... се обелува образот на Тетово Погледни овде и преслушај кој се ја има препеано оваа песна: http://gavro.com.mk/StarogradskiPesni.aspx
Не постои балкански пеач кој не ја знае оваа песна... Најпрепеаната тетовска песна во историјата - по кое и Тетово е познато.... а Тетово ја заборави и не и го знаеше до денес ниту датумот на раѓање... Нека се слави нејзиното име При цитирање на текстов да се наведе извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk |
ГО ЉУБИМ ТЕТОВО > Тетосќи Новине ! >