Ристе - специјален гостин на ‘Бијело Дугме’

posted May 1, 2013, 11:09 PM by Darko Gavrovski   [ updated May 1, 2013, 11:09 PM ]
~ 29.07.2010  ~  Тетовскиот пеач Ристе Тевдоски со 40-минутен настап на мега-концертот на ‘Бијело Дугме’...

Нашиот Тетовски реномиран поп-пеач Ристе Тевдоски овој викенд е специјален гостин на најочекуваниот настан оваа сезона - мега-концертот на Бијело Дугме во Охрид (сабота 31.07.2010, 20:00 часот, стадион Билјанини Извори).

Нашиот Ристе ќе настапи на почетокот на концертот како загревање за позната екс-Ју група во свој Најграндиозен настап досега: во живо, со 5-член бенд и пред огроман публика со својот хит ‘Влезена во филм’ како и најпознатите странски и екс-Ју хитови и хитови на Тоше и Џибони.

Иако на вакви настани предгрупите добиваат најповеќе до дваесет минути, Ристе ќе има свој 40 минутен настап, што зборува дека е избран од ‘План Б Продукција’ токму како искусен пеач и врвен уметник.

Во историјата на Тетово, досега не се случило некој Тетовчанец да има толкав свој личен настап на еден толкав мега-концерт со толку многу посетители.

Ристе пак ќе обели образ на Тетоо, а после него Бијело Дугме ич немора уопше да излагаа да поа ;)

Ексклузивно информираме: Само за своите обожаветели, Ристе вечерта ќе промовира за прв пат свој нов хит (правен од тетовскиот музички тата-мата: Лазар Цветковски)

- Погледни покана за концертот - ОВДЕ

Ваш,
Гавро

(с) Дарко Гавровски, 29.07.2010


Comments