Прва Листа на сите Тетовски Градоначалници

posted May 2, 2013, 6:54 AM by Darko Gavrovski   [ updated May 2, 2013, 6:54 AM ]
~ 09.04.2013  ~  Прва Листа во историјата: сите 27 Градоначалници (преседатели на општина) на Тетово во рамките на самостојна Македонија од 1944 до денес.

Подолу е најновиот проект за составање на листа на Сите Тетовски Градоначалници (преседатели на Општина) досега.

Овој труд е за прв пат направен во историјата, и е единствена составена листа од ваков вид.

Ова беше дотолку потешко ако се знае дека ниту има некаде запишани податоци за да се преземат наготово, па затоа за многу од личностите или требаше дополнително да се истражува кај живи роднини, или пак ако самите се сеуште живи да се направи интервју со секој од нив.

Во различно време, првите луѓе на Тетовската Општина биле различно ословувани: Кмет на Општина (за време Бугарско), Претседател на Општина (за време Српско и во Комунистичкиот период) или Градоначалник на Општина (1997 - денес)

Ги повикувам сите оние кои имаат повеќе информации да ги споделат за да останат зачувани за идни истражувачи.

Ова е само почеток. Го немаше ниту ова. Понату следи листа и на градоначалниците пред 1944 година, и уште подетални биографии и слики за секој од нив. Ова е и база од која и други следни истражувачи ќе можат да доистражуваат.

Comments