Промоција на книга за Музејот во Џепчиште

posted May 1, 2013, 11:36 PM by Darko Gavrovski   [ updated May 2, 2013, 3:21 AM ]
~ 29.09.2010  ~  Промоција на најнова монографија за ‘Најмалиот Етно-Музеј на Светот’ во с.Џепчиште.

Утре, четврток, 30.09.2010 (почеток 12:00 часот) во Музеј на Македонија (Под скопско кале) Скопје, ќе биде промовирана монографијата ‘МонЕграфија’ на тетовчанецот Симеон Златевски Моне (по неговиот надимак е крстена и МОНЕграфија) кој е сопственик на Најмалиот Етно Музеј во светрот во селото Џепчиште.

Оваа Монографија е посветена токму на овој музеј и е прв детален приказ на сите предмети од овој музеј и на историјатот на самиот музеј.

Чичко Моне е навистина еден од најзаслужните тетовчани кои прават нешто денес за Тетово и за промовирање на нашагта култура, а неговиот музеј стана локален бренд кој е споменат во многу странски туристички водичи.
Comments