Посетете го Најмалиот Музеј во Светот - Џепчиште

posted Apr 12, 2013, 5:14 AM by Darko Gavrovski   [ updated Apr 12, 2013, 5:14 AM ]
~ 23.09.2009 ~ За малиот музеј со големо срце

Дали сте биле у ‘Најмалиот Етно Музеј на Светот’ у Тетовското село Џепчиште. Под ова име Симеон Златев Моне како најголем Етно-колекционер во тетово, одамна води битка за влез во гинисовата книга на рекорди - музеј кој на најмала површина има најголем број на предмети.

Сега може да го посетите зошто од денес па во наредните 10 дена, овој музеј е вбоен во ‘Денови на Европското Културно Наследство’ финансирано од советот на Европа. Ете ви бели ноќи у Џепчиште.

Музејот е прекрасно уреден, нема што неможе да видите а во дворот Моне има тематски наредено: носии, мерки (ќе видите што е ока, што аршин...) стари садови, мечеви, грниња, саати, слики, плочи, грамофони... Овие денови ако се најавите Моне ќе ви организира и дуо кое бабчорки пеа акапела старзамански песме. А како што Моне мекамлиски може да ви раскажуе за свекој предмет со љубов, никој неможе. Тој ја знае тајната приказна која се крие зад секое кључе, пиш за гласање, ѓете, сврдло, саан, бутин...

Немојте да га пропуштите шанстата да го посетите Моне, да научите како порано се праело путер домашен, како се собирала смола... И у тој домашен и гостопримлив амбиент Моне ви носи кафе у мали турски финџали, а цигаре тресете у пепељара на која пишуе 1910 година (со негова дозвола намерно зош му је дупликат :)

Влезот е бесплатен, а единствена садисфакција на Моне е да се потпишете у книгата на впечатоци, која би му послужила како потврда за апликацијата за Гинис.

Ако ова ви е малку, може све ова на крај да го заокружите со ручек у Лешочкиот Манастир кој е на истиот пат на само 5 км од тука.

Најавите се и закажите посета на бројот на чичко Моне:
070555165

Читај Повеќе:
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=19463&idg=2&idb=437&rubrika=Kultura
Comments