Откриени остатоци од Феври Џамија

posted May 1, 2013, 11:12 PM by Darko Gavrovski   [ updated May 1, 2013, 11:12 PM ]
~ 02.09.2010  ~  Случајно откриени остатоци од тетовската Феври Џамија рушена во 1923 година.

Деновиве во весници излезе вест дека во близина на старата тетовска градска библиотека, при градежни работи откопани се стари надгробни плочи со арапско писмо.

Погледни вест во весниците Вечер (од 29.08.2010) и Дневник (02.09.2010)

Веста немаше да биде толку мистична ако некој знаеше барем малку од тетовската историја. Ама како свекоаш туека је овја портал за да ги разјасни работете. за ова читете првпут овде:

Овие остатоци се всушност надгробните плочи од дворот на старата турска џамија која се наоѓала на местото на Старата Библиотека. Оваа џамија се викала Феври Џамија и постојат малку податоци за неа освен дека најверојатно е изградена во 18.век, а уништена е во катастрофален пожар кој се случил во 1923-тата година.

Eве за прв пат овде прочитајте: целиот дел околу Стара Библиотека (Мајка Балтепе, И.Р.Лола околу Библиотеката, Паркчето) всушност се викало Феври Маало.

Причините за пожарот се неразјаснети, ама едно останува сигурно: ова била најомразената џамија кај македонското население во Тетово, зошто годиништа наназад за време Турско, таа преставувала официјална граница во градот која го делела христијанското од муслиманското населени, кое според турските закони несмеело да се меша. Така, долните маала биле строго и чисто турски, а македонците смееле да живеат само од патот покрај Феври Џамија нагоре (над ден.улица И.Р.Лола). Така било се до 1912 кога Тетово било ослободено од Османлиската власт, многу турци се иселиле, но сепак џамијата останала омразена како симбол ‘до каде е наше, а од каде е ваше’.

По 1912 Македонците се селат и во долните маала каде купуваат куќи од турците кои се селеле во Анадолија. Прв македонец во Саат Маало во 1919 е Петре Черенко (на ул.Б.Кочоски каде Черенковци живеат и денес). Дедоми Трпче следен купува куќа каршија во 1920.

Постарите кажуа дека кога се расчистувале рушевините од изгорената џамија, тетовци нашле во темелите икона и кандило што било знак дека била изградена на темели на црква. Велат џамијата била изградена врз црква која се викала ‘Св.Троица’. Затоа во 1923 Српската власт и недозволила да се возобнови џамијата. Местото следните години останало запустено, а исламската заедница немала друго туку имотот да го продаде на старото тетовското семејство Ченковци (надимак: Ченка).

Тие тука градат куќа на крајот од 1930-тите, но никогаш во неа не се вселуваат: зошто почнува втората св.војна и неа ја земаат италијаните за свој штаб, а по војната е национализирана па во неа сместена амбуланта па старата библиотека. Истиот објект постои до денес. Куќата пред неколку години е денационализирана назад на Ченковци, но сега продадена на Албанец кој планира тука да гради зграда (влезено и во урбанистички план). Копајќи подлабоко за блиската зграда најдени се овие надгробни плочи, зошто во дворот на секоја џамија се погребуваат оџите кои тука служеле. Ова се нивните надгробни плочи.

Тоа што со сигурност од сега го предвидувам: кога ќе се руши старата библиотека за да се гради зграда, ќе излезат темелите од старата Феври Џамија. Под нив ќе излезат темелите и од уште постарата ’Св.Троица’. Ќе чекаме и ќе видиме. Тоа ќе биде интересен ден.

Инаку според стар турски попис од 1893 кој го имам, Тетово тогаш имало 12 џамии (7 од тие стари џамии се останати до денес, но не и Тупан џамија, Батал џамија, Амам џамија...), и 7 теќиња (од кои има 1 - Арабати Баба теќе, но јас ги најдов сите 7 каде биле и Хајри Ефенди Теќе и Синани Теќе ... ама за тоа во друга прилика. И пак само овде и нигде на друго место...

(c) Дарко Гавровски, 02.09.2010


Comments