Мара Ѓорѓевиќ - првиот тетовски професионален пеач

posted Feb 21, 2019, 8:37 AM by Darko Gavrovski   [ updated Feb 21, 2019, 8:59 AM ]


Тетовчанката Мара Ѓорѓевиќ:
- прв солист во историјата на Радио Скопје
- со нејзини тетовски песни се отворил првиот ден на Радио Скопје 
- пеач од 'Прва-А класа' на Радио Белград
- првиот тетовски професионален пеач
- прв тетовчанец, кој снимил свои песни на носач на звук (1952.)
- ги направила првите и најстари снимки на тетовските песни: Ѓорушица и други (овде десно ставени 3 )
...

Најстарата снимена верзија на 'Ѓорушица': 

ТЕТОВСКА - Ѓорушице

Тетовски денови

Мара (Марија) Ѓорѓевиќ е родена 31.јануари 1916 во Одобешти, источна Романија, во печалбарско семејство, на родените тетовчани Александар Мишовиќ и Руса Џинлевиќ (фамилија Џинлевци). Истата година во јули, од астма добиена уште додека бил во Америка, и умира татко и, а мајката Руса, со неа и трогодишниот син Јован, веднаш по погребот тргнува низ пеколот на Првата св.војна за на крај, сепак, сите живи да стигнат во родното Тетово. 

Семејството Мишовиќ ја славеле славата Воведение и по потекло биле од околината на Ѓаковиц. Во Тетово, Мара Ѓорѓевиќ ја поминала младоста и завршила за шнајдерка во Женската раденичка школа (денешниот објект на Музичко), а не и се остварила желбата да запише учителска школа во Скопје. Паднала на музичкиот испит (!)

Во Тетово на 20.мај 1934 и се омажила за Слободан Ѓорѓевиќ, учител, познат тетовски фискултурец, пеач и музичар, инаку по потекло од село Јабучје крај Лајковац. Тука им се родиле и двата сина: Драгиша и Војкан.

ТЕТОВСКА - Ај ти ми спремај коњ дорија

Тетовската песна

Како млада ја засакува тетовската песна. Прекрасно пеела и секаде ја викале да пее. Пеела од срце и неуморно.Музикалноста ја наследила од родителите. Велеле дека татко и прекрасно пеел, додека од мајка и научила многу песни. Омилена тетовска песна која сакала 'Се разболе Катерина' која приватно да си ја пеела се до смртта, во моменти на носталгија и тага по исчезнатиот родителски дом во Тетово. Сепак, најмногу тетовски песни научила од тогаш надалеку познатиот тетовски пеач Ноне Грнчар. Него секогаш го споменувала со голема почит и благодарност.

Прв солист во историјата на Радио Скопје - отворено со нејзини изведби на тетовски песни !

Радио Белград во јануари 1941. вршел припреми за отворање на нова радио-станица, Радио Скопје, па во склоп на тоа, била организирана аудиција за радио-пеачи. Марас е јавила на тој конкурс, а претседател на комисијата бил Стеван Сијачки, истиот оној кој години порано ја паднал на музичкиот испит заради која неможела да запише учителска школа. Сега Мара победила на конкурсот како најдобра меѓу 85 кандидати (а Сијачки и рекол: 'дете мое веројатно тогаш не си имала слух, а сега слухот ти се развил...').

ТЕТОВСКА - Од поле идат бабо сејмени

Мара е примема како како прв воопшто радио-солист во историјата на Радио Скопје. При отворањето на Радиотона 27.јануари 1941. таа пеела во првата емисија. Првата песна која е отпена во македонскиот радио-етер со коее отворено радиото е со - тетовска песна. Радио Скопје ја започнало историјата со Марината изведба на тетовската 'Благуњо Дејче', а продолжила со цел сплет тетовски песни.

По повод, нејзиниот прв настап, списанието 'Радио Белград' пишува: 
"Pravo otkrovenje ucinila je gdja Mara Djordjevic iz Tetova. Ona je sinoc otpevala citav ciklus pesama iz tetovskog kraja, uz pratnju gitare. Svojim izvanredno prijatnim i obradjenim glasom i bogastvom repertoara, koji se sastojao i iz dosta nepoznatih pesama, ona je ostavila najdublji utisak na sve koji su je culi... 
Gdja Mara Djordjevic, po uverenju poznavalaca i strucnjaka iz Radio Beograda, najbolji je interpretator juznosrbijanske pesme koja se mogla cuti preko radija. Ona je odlican poznavalac i interpretator pesama iz oba Pologa, narocito iz Tetova."

На Радио Скопје; Мара пеела кратко. На 06.април 1941. започнала Втората св.војна, а тогаш веќе никому не било до песна.

Војната и Радио Приштина (1945-1950)

Поради тоа што сопругот Слободан бил мобилизиран првите воени денови, таа заедно со двете деца и мајка и Руса се преселиле во селото на предците на сопругот, Јабучје крај Лајковац. Потоа нашле скровише во Нишка Бања каде останале до пред крај 1944, по што се селат во тукушто ослободената Приштина. Братот Јован починал на сремски фронт и бил погребан во Тетово. По ослободувањето, кога за тоа разбрала, Мара се вратила во Тетово но неговиот гроб никогаш не го нашла. Мајка и Руса починала и е погребана во Приштина.

Во Приштина сопругот се вработил како наставник по фискултура, а Мара се приклучила во културно-уметничкото друштво 'Раднички' како член на хорот и солист. Таму научила многу косовски песни по која останала посебно позната до смртта. Во 1945 започнува да пее како радио-солист на Радио Приштина. 

' Радио-пеач од Прва-А класа ' на Радио Белград

Нејзиното пеење се прочуло и била повикана на аудиција и во Радио Белград во 1947. Веднаш била примена и до 1950. пеела во двете радија и во Приштина и во Белград. Се до 1950. кога решаваат да се преселат во Панчево, па продолжила да пее само за Радио Белград. Таа дури овде го дожиевела својот врв.

Таа станала постојан солист на Радио Белград каде го добила статусот на 'радио-пеач од I-A класа'. Настапувала со Царевац, а ја прател и оркестарот на Душан Радетиќ. Настапувала низ цела Југославија и гостувања во странство.

Сите трајни снимки Мара ги снимила за Радио Белград од 1956 до 1969. Покрај многу плочи на кои биле и други пеачи, таа имала и свои соло-албуми. Две ЛП плочи објавени се од 'Југотон' (1952. и 1956.) а две за ПГП РТБ. Пред својата смрт ПГП РТБ во 2000. објавува ЦД со 21 нејзина песна 'Месме Косова и Метохије' од кои последните 3 се заведени како 'Македонске (Тетовске) песме': 'Ѓорушице, црно око', 'Од поле идат бабо сејмени' и 'Ај коња спремам, коњ дорија'.

Забележана дискографија: ОВДЕ.

Крајот на животот

Во 1971. здружението на естрадни уметници и го признава стажот од сите 3 радија и можноста за пензија. До смртта живее во Панчево на ул. Бранко Радичевиќ бр. 17, каде често пеела во Клубот на просветните работници. Починала на 22. јануари 2003 на 87 години во Панчево каде е и закопана.

Колегите за Мара Ѓорѓевиќ

Mile Bogdanović: "Mara Đorđević je neprevazidjeni solista narodnih pesama sa Kosovai Metohije, veliki pevac i umetnik. Umela je da odabere pesme i bila je dosledna u svom repertoaru. Pevala je onako kako narod peva.
Pesme koje je ona pevala nikada se nece zaboraviti i pevace se, tako da kazem, dokle je sveta i veka. Te pesme danas svi pevaju, i mladi i stari. Ja znam mnogo pesama, a sve kosovske pesme koje pevam, od nje sam naucio.
Mi smo bili generacija koja se medju sobom postovala. Biti solista Radio Beograda tada je to bilo najvece priznanje, najvisa kvalifikacija, jer to zaista nije mogao da bude svako. Kad smo ulazili u Radio Beograd kao da smo ulazili u akademiju nauka. Tako smo se osecali.
Svi pevaci su bili kategorisani, razvrstavani po kategorijama, a Mara Djordjevic je bila u I kategoriji. Zaista je bila postovana i voljena, kako od pevaca tako i od muzicara. Za svakog kolegu je imala samo lepu rec, pazila je da nikoga ne povredi. Prosto je umela da vas celog uzme i osvoji dobrotom i paznjom. Ona je izuzetan covek i neprevazidjeni solista."

Merima Njegomir: "Ja Maru Đorđević obozavam. Ona je neponovljiva. Prosle su mnoge godine a jos nisam cula da neko od pevaca ima slican glas. Kroz njenu pesmu zrace emocije i jedna velika topla dusa. Postovala sam je i pre nego sam je upoznala, a kada smo se srele osvojila me je na prvi pogled, neposrednoscu i vedrinom.
Dobro je sto se neko setio da objavi njene pesme jer je ona prava legenda kosovske pesme. Jedne godine, kad sam pobedila na "Mesamu", okrenula je telefon i cestitala mi je. Ona meni! Bilo mi je, naravno, jako drago.
Eto, jos uvek prati narodnu muziku i ume drugima iskreno da cestita. Tako se ponasaju samo veliki pevaci."

Jordan Nikolić:  "Kada je reč o kosovsko-metohijskoj pesmi sve počinje od Mare Đorđević. Od nje počinje afirmacija ovog melosa izvan Kosova i Metohije.
Prvi put sam je čuo preko radija i bio sam oduševljen kako peva. Od tada je počeo moj svesni odnos prema narodnoj pesmi i narodnoj tradiciji koja je čudno lepa. Na taj način je Mara na mene delovala podsticajno.
Kad sam je čuo, setio sam se pevanja nekih veoma muzikalnih žena iz detinjstva, ne znam tačno kojih i ne znam gde, ali mi je to ostalo duboko urezano u svesti, kao nešto božansko. Kao san. E, ona mi je svojim pevanjem oživela tu sliku, taj doživljaj iz ranog detinjstva, i tako pokrenula u meni najdublju ljubav prema ovim pesmama. Ta me ljubav nije napustila do današnjeg dana.
Mara Đorđevnć je velika interpretatorka. Ona peva neobičnim izvornim glasom i na poseban način. Za nju se s punim pravom može reći da je nedostižna."

Последното нејзино радио интервју во кое раскажува и за животот во Тетово, овде:

Мара Ѓорѓевиќ - интервју - Радио Београд







I
Comments