Како се откорнаја Тетовските корења, и кој е крив што спие ?

posted May 2, 2013, 3:50 AM by Darko Gavrovski   [ updated May 2, 2013, 3:50 AM ]
~ 31.10.2010  ~  За Тетовските префригани архитекти и oдвај-историчари ‘со и без решење’.

Никој не збори за ова, не ги ни знае местата што доле ќе ги пишем, и големи паре се врта, ама ќе го пишем ова заради образот на Тетоо- па макар ми било и задњо.

Апропо рушењето на Гам Гам Џамија, за прв пут овде ќе пишем за најголемата аферата на масакр на тетовското минато и корнење на тетовските корења – од градежно-археолошката мафија.
Тоа је толку изразено колку што у Тетово со стравична брзина се града нови зграде. За нив темелите треба да бида длабоки, а тамо доле може да има нешто.... Е баш тоа е најголемиот кошмар на секој инвеститор.. По закон ако се најда стари темели или артефакти треба да се ЗАПРАТ работите и да наступа археолози кои додека не истражат све- неможе да продужи да се гради зградата... Ова одложуење на роковите е најголемиот кошмар на еден инвеститор бизнисмен, чија цел му е само што побргу да изгради за после што побргу да ги продаде становите. Ама наместо да се чека инвеститорот сам да пријави, треба при копање темели за секоја зграда - комисија на Тетовскиот Музеј своеволно да ги посети местата. Ама тогај им се расипуе раатот.
Пази сега: Кога се почнуе со градење на зграда инвеститорите најпедантни са само у едно нешто – Како да ги нареда металните плехови околу местото на градење така фино и нагацкано да неможе ништо да се гледа од надвор. Замисли тие плехови со закон се замислени да заштитат од пад и повреда (да не падне некое дете), па можат и со отвори од 10-20 сантиме меѓу 2 плеха да послужат за истото. Ама нивната цел у Тетово не е некој да не падне. Нивната цел е некој да не види. Да види дека се копаат цели плочи на исклесан бигор, надгробни и релјефни плочи, темели на стари објекти. Да се ископа побргу со багер, стави во камион и фрли што подалеку. Да се откорна корењете на Тетово за приватни бизнисмени побргу да си га изграда зградата.
Иронично је најчести инвеститори се Албанци, а откорнати темели на објекти без истражување се муслимански објекти. Бизнис интересот е поважен од националниот. Ама еве примери за кои прв пут некој ќе чита овде:

1.    Зградата со ‘My Market’ на приземјето (Карши Музичко) лани ја доградија на местото на тетовскиот стар Амам. Сигурно не сте знаеле дека Тетово имало 2 Амами. Оној горе кај Шарена Џамија стои и денес, а овој овде наречен ‘Стара Бања’ постепено се запуштал за во 1930 да го купи американлија и тука да изгради куќа (старата со борови пред врата). Таа ја продадоја, па беше автоперална, за на крај да ја изградат новата зграда. Ја знаејќи дека туе имало бања и дека темелите од куќата не биле толку длабоки колку што се на денешната зграда – сигурно нешто останало. Пројдов и ги прашав аргатите, кои не сваќаја зош прашуем. Да беше нивниот шеф немаше да каже, ама они толку писмени ми кажаја дека ископале многу клесан бигор, огромни глинени цевки за вода и некаков базен (полпочен) – све ова свекако системот за вода на стара бања. Посластица за секој археолог да се испита таја мрежа на цевки и барем да се утврди големината на темелите на старата бања (кога више нема повеќе пишани податоци, а била дел од историјата на градот).

2.    Најново: Зградата која сега се гради на местото на паркчето пред Музичко. Плех до плех. Нигде ѕирка ни проѕирка. Зошто знаа дека туе до 1963 година постоела старата турска ‘Амам Џамија’ (името по стариот Амам карши Џамијата опишан погоре). Темелите од таа џамија воопшто не биле чепнати претходно зошто немало објект на тоа место туку покриени со земја и направено парк. Некој (Инвеститор е еден од најјаките албански политичари во Македонија) добро се погрижи ништо да не се види. Кому е гајле за темели од џамија когај има зграда за градење а иде зима. Правилно би било да се истражи археолошки (барем ширина, должина на објектот, форма, да се нацрта и сл). Тоа што е јасно: тони на клесан бигор е однесен од тоа место при копање на длабоките темели за зградата. Во секоја џамија имало и стари гробови на имамите. И такви стари исклесани плочи со турско писмо се однени заедно со камионите со земја...  А што уште е најдено ако се знае дека многу турски џамије са градени на местото на стари цркве чии темели мора да се таму?

3.    Следно: Ја пишуев за вредноста на Плочете најдени кај библиотека. Се покажаја само зошто на јавен пут дур се копаше, излегоја па свите ги видоја. Мислите ќе се покажеа да беа најдени у темелите на самата зграда? Ја пишав дека на местото на библиотеката је Феври Џамија. (Види напис ОВДЕ). Ај да се кладимо на 1 милион долари дека кога ќе се гради зграда туе - сценариото ќе биде следно: Ќе се става метални плехови – ќе се ископа голема дупка сосве темелите и плоче и све друго – и ќе се изгради зграда. Ни темељ на џамија, ни темељ на црква некој ќе загледа ни бутур. Иако се знае дека туе има темели, пак никој од музеј нема ни да ѕирне. Заш да го расипуаа раатот. Може у тој момент треба да се присуствуе на седница на локалната Комисија за Култура у локалната партија што ќе му даде ‘решење’.

Дали је ова битно историски? Или глупо је нокј да се засекира за објектот на Гам Гам од 1463-та? Само ќе кажем што ми стигна од мои читатели: Најстара црква у центарот на Торонто е од 1910-та. Таја се чува како градско богатство, мала меѓу облакодери - зош је многу стара !?  У Дубаи најстар објект уопше --- је тврдина од 1785 година !!!!    А некња у Тетово рушија објект од 1463 и никој не мрднуе, дури некој се чуда и инсистираа на тоа дека небила заштитена со закон, била под ИВС.... дрн, дрн, јариња....  Ужаш. У нормална држава објект од 1910-та е богатство. У нормална држава за таков рушен објект некој иде на електрична столица.

*****

Кој не реагира тој е крив. Кој треба да реагира? Единствена (ама баш единствена) историска организирана законска институција у Тетово е САМО Музејот на Тетовски Крај.  Нема друга институција која се грижи за градското наследство. Ама баш нема ниедна друга.... !!!!

Е сега уште нешто за некои кои са надлежни да реагираа, ама ај што не реагираа  туку треба да ме заќута што ја многу реагирам:

Регираа поединци како мене само у држава у која институциете кој са организирани групно да го праа тоа ќута. Ако некој институционлано реагира, нема потреба од мене. Од Музеј на Тетовски крај се ваѓаа вечито дека незнаеле или најпатетичен је изговорот: дека небило местото или објектот на листата на Заштитено. Демек Заштитените ги заштитија (испопаѓаја стари заштитени куќе без да реагираа), па  неможа за Незаштитените со закон објекти. А кј је професионалната должност. Или барем личната професионалната љубопитност да вида самите што ќе се најде тамо у некоја дупка за зграда? Или надобро: ‘не таласај’?  И чекај ‘решење’ од Министерство за неопределено вработување. Тешко на тетовската историја со људи кој побитно им је да се докажа у својата матична комисија за култура на матична партија и да бистара политика, отколку у својот матичен Музеј кај што иначе земаа плата и да бистра историја.  Ај да си ќутим ја, зош може таквите ќе ме стаа мене вечер на гласање у партија како неподобен. Може ќе гласаа и за ликвидација... Све што треба- само да го зема тоа пусто ‘решење’ за државна платица од 9000 денара.

Иначе од извори од членоој на таква комисија у еден тетовски огранок на македонска партија, разбрав дека сум бил точка на дневен ред- да ми се разгледа дали книгата што сум га напишал можа да ме тужа, како ја смеем да напишем книга, кој ми дал право да објавуем податоци за историја на Тетово без нивно одобрење и сл?
Не им је работа да се секираа за Рушен најстар објект у Тетово од 1463, работа им је да се секираа дека ја пишуем појќе за тетовска историја од нив што са платени за тоа. Им се одронал бисерот ! Не је битно Тетово, битно је егото. Себичност. Ништо да не се напраело за својот град, туку само за својата позиција. Место на таја комисија да вида што да се унапреди културно Тетово, они расправаа како мене да ме уназада. Срамота

Пази: у 21-ви век !!!!

Ја што без ‘Решење’ (литературно ‘Решение’) и без плата напишав книга што цела булумента историчари у Тетовски музеј од 1945 до денес не седнаја да га напиша (со вечито приплачуење ‘зош се нема средтва :( ’ )... што со мој паре га напраев и никој непомогна .... што 10 године се оќореф... што се утепав пишујќи за градов наш на интернет без ќар туку само со ќејф... што имам појќе историја на мојата ФБ страна, од цел Музеј зедно (сосве единствениот изложен предмет - машината за куцање на партизанската бригада).... мене ме стаеја на Комисија за Култура у една партија да ме гласаа како неподобен.  Замисли: гласаше таја комисија не да ме награди или пофали. Туку како да ме казни што многу сум пишуел за Тетово. И тоа без одобрење !?
У све професие има конкуренција и љубомора. Ама ја како правник и бизнисмен – неможем да се изначудим дека тоа ќе го има од људи учени да бида наставници по историја, и у чии студентски книге од 100 стране 90 са со слике и фотографије. А кој ги допре нив да објавуа статије за историја на Тетово? Да читаа појќе и да интервјуираа стари тетовчани? Да ѕирнуа кој се копа некоја дупка за нова зграда како ја што праем? И најважно: кој ги допре све тоа еднаш барем у живото да го напраа заради чиста љубов према градов у кој свој коске остаеле нивните дедовци, а не само заради плата и чекање ‘решење’ за неопределено вработуење.

Таквите неколку и овде ме читаа. Полтрони и ‘чекачи на решење’ - немој да сте си дозволиле уште еднаш да ме гласате и ставате на дневен ред у Комисија за Култура на вашата партија, зош ако разберем Пена нема да ве испере. Вас, дојдени одвамо-одтамо, со полудипломиче за историја и цело потпикуење... вас ја да ве прашам аљ да пишуем книга за градов мој... Ако сте јаки историчари идите трошите време на пишуење за Тетово, а не по комисије глумејќи моќни политичари.... Пази колку моќна позиција: Члан у маалски под-одбор на комисија на месна заедница у полунебитна комисија на филијала на македонска партија у претежно албански град. Е баш сте некој главни фаце !

Ех кога дошло ред ‘референти по историја без или со решење, кој у меѓувреме лепејќи плакате влегле у комисија... кој дошло време таквите да ме гласаа тачно ги жалим колку мисља дека са јаки.
Ама и други таќе праеле па прошле. И ваквиве ќе пројда. И па првите исто ќе се вознесуа. И таќе у недоглед со покондурени сељанчиња... Ама само Тетоо ќе остане. Унакажано од вакви ‘чекачи на решење’. Ама у живот ме одржуе помислата дека Тетово ќе остане барем подолго од нив, и ќе ги надживи. Абе барем свекако ќе остане подолго од нивното ‘решење за специјален турбо помлад референт по историја за 9000 денари плата покачена на 9.500’ што ќе трае до некои следни избори !
Comments