Десно се куќите на тетовската фамилија Гулевци сликани 09.октомври 1986. СЕ НАОЃАЛЕ НА: улица Маршал Тито, веднаш спроти денешното седиште на СДСМ Тетово и Уни Банка. Овие куќи се рушени само 1 година подоцна во 1987 и со тоа завршува проектот целиот кварт на кој се наоѓа Денешниот Културен Дом да биде посветен нему, а куќите да се рушат. Тој проект започнал со рушење на Тупан Џамија 1965, а завршил по 22 години, пролеттта 1987 токму со рушење на овие останати куќи. Сите куќи се експроприрани, а моите соговорници се сеќаваат дека Културниот Дом паралено се градел позади нивниот двор (пуштен е во употреба 1972 година) додека они сеуште живееле тука. На втората слика дури и се гледа врвот од Културен Дом зад куќите. На нивното место денеска е всушност вториот коловоз од Булеварот Маршал Тито кој беше проширен. Зад куќиве денеска би бил влезот на Денешната Градска Библиотека под Културен Дом. Куќите на ГулевциНа првата слика се двете куќи на Фамилија Гулевци. Десната на првата слика (или целата куќа на втората слика) е постарата купена во балканските војни од Сане Ристов Гуле (познат илинденец и забележан тетовски револуционер. Тука живеел и починал), и таа куќа ја наследил неговиот син Атанас, кој пак е татко на Тома Ристоски - Гуле (денес преселен во Гевгелија). Зад оваа куќа започната била куќа за вториот брат Драго кој починал 1948 и затоа била недовршена (таа била користена како магацин на Треска, а потоа на нејзино место е дел од Домот на Култура кој до скоро беше шаховскиот клуб) За да бидат браќата заедно, за третиот брат - Душан се купува плацот десно од оваа куќа (на првата слика: десна куќа, на третата: десна куќа и на четвртата: куќата во средина). Таа е изградена 1928 година (се гледа и датумот на зумираната слика) и во неа живееле и неговиот син Санко-Гуле, и синот на Санко - Крсте (денес преселен карши Тетовскиот Црвен Крст). Адресата на оваа куќа на Душан се сеќаваат дека се водела 'Ул.Маршал Тито бр.33'. Во неа долу имало 3 дуќани, и тоа пред рушењето: Бомбониера 'Бамби', железара 'Занат Сервис Македонија' и продавница за авто-гуми (oдреден период и дуќан за модни обувки). На четвртата слика, најдесно на крај, високата куќа е на фамилија Анчевци. После неа е раскрсницата на Ул. Јане Сандански и ул. Маршал Тито, а по неа во низот била куќата на Тупанче. Ова би била сликата на оваа улица, која би ја затекнале од 1920-тите до 1987 година, штом на едни куќи пишува дека се градени 1928, а некои и порано пред и за време на балкансите војни. За поголема резолуција, погледни ги сликите во албумот: ОВДЕ. Благодарност за сликите на фамилија Гулевци: Крсте Ристоски и синовите Саше и Мики. |
ГО ЉУБИМ ТЕТОВО > Тетосќи Новине ! >