16.02.2009 - Група посветена на Тетово, на старите и нови тетовчани, на подзабраените приказне за старо Тетово.Формирана е група за Тетово на ФБ ‘Го Љубим Тетоо’ Ова е група посветена на Тетоо, на старите и нови тетовчани, на подзабраените прикаске за старо Тетоо.
За
тајнете на градот кои уште се криjа низ градските сокачиња ѕиркајќи зад
капиџиците на старите куќе... За срцето на градот кое уште греје душа
низ песњете за убаајте Благуња, Трпана, Ѓорушица црно око... За миризот
на Тетоо кој се осеќа низ старите маала когај проаѓаш покрај уште некоја
стара куќа со сардуње на чардаците и зумбули по бафчете... И укусот на
градот кој го осеќаш когај само ќе помислиш на слаткото од дуње со по
некое оравче низнутра, коупите со купусче и карабибер, речељ за слава
или тазе јабука тетовка у јесењ.
За Тетоо, кое само ако го знаеш
доволно, ќе знаеш и да го разбереш, па после сакаш... За Тетоо наше, од
кое свите некогаш смо се одрекле у љутина, ама не чекало пак и пак да му
се вратимо.
За мое Тетоо, најубоо на свет. Зачленисе: https://www.facebook.com/groups/tetovo/ |