Ексклузивно: Гадафи - Тетовски зет

posted May 2, 2013, 4:15 AM by Darko Gavrovski   [ updated May 2, 2013, 4:15 AM ]
~ 28.02.2011  ~  ЕКСКЛУЗИВНО - Објавуваме први на Македонски: Сопругата на Гадафи по потекло од тетовскотo село Порој.

ЕКСКЛУЗИВНО: Сопругата на на Либискиот претседател - Сафије е по потекло од тетовското село Порој.

Веста е објавена тазе во албански весник овде:

http://www.shqipmedia.com/2011/02/ekskluzive-gadafi-ky-dhendri-shqiptar-i-libise/

Веста е од албански медиум така да ќе се обидам да преведам нешто!

Сопругата на Гадафи, Сафија, со децатаПреседателот на Либија,Гадафи е оженет со девојка која потекнува од селото Порој кое се наоѓа на околу 10 км од Тетово.

До оваа вест новинарите дошле по разговорот со поранешен наставник од селото Порој,Абдулселам Арслани кој бил близок пријател на Јонуз Бафтијари таткото на Сафије,жената на Гадафи.

Јонуз Бафтијари бил учесник на Втората Светска Војна во редовите на Партизаните.Тој по војната се преселил во Белград и живеел во населбата Раковица,каде отворил кафана.
Таму се запознал со мајката на Сафије,па се оженил со неа и направиле две деца Сафије и брат и Исмет.

Кога Сафије имала 6 години,татко и бил затворен поради шверц со злато.Тој во затвор одлежил 6.5 години.
Додека бил о затвор му умира жената,значи мајката на Сафије.За децата се грижел нивниот близок комшија.
По излегувањето од затвор таткото на Сафије се запознава со друга жена која бара од него да ги остави децата и да се преселат во друга населба.Тој го прифаќа тоа и се селат во населбата Нови Београд.Децата му ги остава на комшијата на кого му го дава и станот.

Сафије била лута поради тоа што го направил нејзиниот татко и никогаш веќе не контактирал со него,за разлика од неа нејзиниот брат Исмет контактирал со татктото и почнал да го учи албанскиот јазик па и работел кај соселаните на татко му кои исто така имале свои бизниси во Белград.
Сафије имал ретки контакти со стрико и,со кого зборувале на српски јазик бидејќи таа не знаела албански.

Кога Сафије пораснала таа се вработила во бифето за странски студенти каде и се запознала со Муамер Гадафи,кој во тоа време бил студент во Белград.
Од тоа време веќе никој не ги видел Сафије и нејзиниот брат Исмет за кого претпоставуваат дека отишол со сестра и во Либија.

После некое време во осумдесетите години Абдулселам Арслани заедно со неколку соселани превземале иницијатива да одат во Либија за да ја видат Сафије,но знаејќи ги односите на Гадафи и Србија тие се откажале од намерата бидејќи не верувале дека ќе бидат пречекани добро.

Арслани открива дека таткото на Сафије,Јонуз неколкупати се обидел да ги земе документите на своите деца од југословенската полиција во Белград,но секогаш бил одбиен.Но Јонуз немал намера да престане да ги бара документите на своите деца и тогаш бил повикан во полиција од каде што му се заканиле дека ќе му бидат одземени сите бенефиции што ги имал како поранешен партизан и дека ќе биде протеран од Југославија.

Оваа вест првпат била објавена во поранешниот весник на Косово "Zani i Rinise" (Гласот на Младината).

Значи: Гадафи е Тетовски зет, а ако се држимо за народната, дека: од тамо си од кј што ти је жената - значи етети го Гадафи - Тетовчанец !!!!

Твој,

Гавро


Comments