~ 11.12.2009 ~ За прв пат на увид на интернет ставено моето Предлог Идејно Решение за новиот државен грб на Македонија. За прв пат на увид на интернет ставено моето Предлог Идејно Решение за новиот државен грб на Македонија. Овој грб по целосно строги хералдички правила, го направив уште 2001 (кога со уставните измени по Рамковниот Договор се отона процедура и за ова), при што беше единствено решение кое ги спои ставовите на СДСМ и ВМРО и требаше да биде прифатено – но настанаа опструкции од Албанските политики партии, и стариот грб остана до денес (на кој иако деневиве му ја отстранија петократа сеуште не е хералдики издржан). Таа далечна 2001 на мој 23 години бев на разговори во Собранието со координаторите на скоро сите пратенички групи како и со тогашниот претседател Борис Трајковски во неговиот кабинет. Мојот интерес за историја и хералдика не е само од мојата последна книга – туку еве од овој предлог при што за влакно фалеше сите да носат мојот грб на своите пасоши :) Се надевам при следното дефинитивно менување, овој грб повторно ќе се земе предвид. Комбинација од 2-та македонски симболи: лавот и сонцето, со круната на цар самоил, копјињата сариса од фалангата на александар, глагослото писмо измислено во македонија, илинденскиот период – буквално целата македонска историја и хералдички симболи на едно место. Еве го на 24 страни, исчитајте го внимателно, споредетего со приложените примери од други земји, разгледајте ги 4 варијанти (моја омилена е бр.4) и чекам коментари на самата страна: http://issuu.com/gavro.mkd/docs/2001 Неверојатно звучи, но како доказ еве го и исечокот од Утрински Весник од тогаш кој зборува дека овој мој грб е единственото прифатливо решение на спротиставените партии (бр.713 од 06.11.2001): http://www.facebook.com/photo_search.php?oid=63671077094&view=user#/photo.php?pid=842499&op=1&o=user&view=user&subj=63671077094&aid=-1&oid=63671077094&id=1472902389 |
ГО ЉУБИМ ТЕТОВО > Тетосќи Новине ! >