Овој аеродром се споменува само во документи од 1948 до 1952 и не повеќе. Најверојтно причината за опаѓање на неговата важност се крие токму во тоа што бил користен и опремен од Советската Армија, а по информбирото и нарушување на односите меѓу Југославиај СССР морала да се повлече од овој Аеродром нивната армија. Затоа подоцна е познат само како мал спортски аеродром. Денес, целосно напуштен и уништен за воопшто да не се користи.
Првпат во документи на ЦИА се споменува на 19.07.1948 (СЛИКА 1 ДЕСНО) во извештај од 1 страница насловен ‘Аеродромите во Тетово и Врбаско’ во кој се наведува дека е скоро завршен и може да се смета за НАЈМОДЕРЕН на БАЛКАНОТ. Во тој момент има 230 авиони. Целиот текст преведен: Тетовски Аеродром - Градењето на голем аеродром беше неодамна завршено во јужна Србија. Се вика Аеродром Тетово, и може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта 2500 м. долга и 150 м. широка и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот. На 20.12.1948 (СЛИКА 2 ДЕСНО) во голема анализа на
Воздухопловните сили на Југославија (на 13 страници), стои дека во Скопје 3-тиот воздушен
регимент со 3 аеродроми во Скопје, Тетово и Куманово. Во Тетово: во моментот 250 авиони, и скоро завршен со намера од Русите да биде централна база на
Балканот, за напади на Грција и Турција ! Целиот текст преведен: Тетовскиот Аеродром е втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3-тиот воздухопловен регимент. Пред скоро време беше завршен: Русите имаат намера тој да биде најмодерен Аеродрм на целиот Балкански Полуостров, кој мора да биде користен од Руските Воздухопловни Сили. Овој Аеродром има метална писта 2000 м. долга и 150 м. широка. Има модерна опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Овој аеродром е сместен 8 км. на левата страна од патот кој води од Тетово кон Битола, и моментално е целосно видлив од воздух. Модернизиран е и проширен на барање на Советските воени власти. 250 авиони се сместени тука: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели YAK, Stormovik, Petlyakov и Martin. Овој Аеродром се смета за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на јужна Србија и нивни напади на Грција и Турција. Ова е главна база на сите авиони од СССР каде овие авиони товарат нафта и бомби, и на враќање, извршуваат нови напади врз нивни цели. 20.12.1949 – наведува дека во Скопје има скриено депо за нафта од 4500 тони, наменето за Аеродромите во Тетово и Скопје и скопскиот гарнизон. На 10.02.1951 (СЛИКА 3 ДЕСНО) има повторно опис на Тетовскиот Аеродром посочувајќи дека има 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери. Ова е и последното споменување на Аеродромот во овие документи. Целиот текст преведен: Тетовскиот Аеродром е преставен на мапата секција ’Софија 21/42’. Има бетонска писта 2000 на 15 м и опрема за ноќно летање. 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери се стационирани на терен. Тие вклучуваат модели: YAK, Stormovik, F-2 и Martin 47. Последно споменување на Тетовскиот Аеродром во овие документио е од 29.08.1952 (СЛИКА 4 ДЕСНО) во кој во детален извештај на 4 страни за спремноста на воздухопловните сили на Југославија, се наведуваа дека дивизијата ‘Стормовик’ е со седиште во Скопје а покрива 7 аеродроми, меѓу кој и Тетово-Југ. Ова воедно е последното споемнување на Аеродромот Тетово, и постепено бледнее неговото значење. Ај, можеби во некое идно време Тетово повторно ќе добие свој Аеродром... нормално: најмодерен на Балканот... ;) |