Асални Тетовчани за Асално Тетово

posted Apr 12, 2013, 6:04 AM by Darko Gavrovski   [ updated Apr 12, 2013, 6:04 AM ]
~ 27.11.2009  ~  Тетовчани кои обељуа образ на Тетоо. Ако не друго што праа нешто појќе од праење буљка за у петок вечер за на шанк.

И уште Тетовчани кои обељуа образ на Тетоо. Ако не друго што праа нешто појќе од праење буљка за у петок вечер за на шанк.
Тија нови деца може ги знаете може не ги знаете а се удирате од нив свекој дн низ чаршија.

Може и ги знаете, а ако знаете што напрајле може и да ги мрзите од љубомора или по тетовски да свртите со муцќете и да речете: чуда големи, аљ напраел некој више нешто на веков. А ти? Што напрае? Вртиш турско со другаркете и притискаш желбе?

Тетоо се дичи со Тетовчани што имаа три чисти да мрдна со прстот. Немора да је многу – доволно да је од срце.

Еве неколку приказне:

Драмско студио ‘Летачка Група’
Ова детско студио работа у Културен Дом на чело со Владимир Јовановски. Брои 35 члена а најмалото дури само 5. Досега има дадено 6 преставе од кои 2 освоено и награде на Детскиот Аматерски Фестивал – па како високо ценето студио- више са ПОЧЕСНИ гости со свој редовен репертоар од месецов у МНТ у Скопје. - Гордост са на Тетоо!
ПС: Дали ти со твојте 25 можеш да се мериш со малиот член од 5 године? Како?

*****
Теtovo Magic Club
Има едно дете: Давид – го викаа Давид Меџик, или може Тетовскиот Худини. Не, не је зафрканција. Вие треба да видите и нема да веруете дека такво дете има у Тетово. Детето професионално се бави со маѓионичарски трикови со карти, паричиња, илузија. Спрема формирање на Тетовски Magic Club у кој ќе обучи и други деца на финте и да ги изнајмуете ако сакате. И сега вие Давид може да го викнете на ваша забава, роѓендн – детето прае чуда. Професионално. - Гордост је на Тетоо!
Еве го давид:
http://www.facebook.com/home.php?ref=home#/profile.php?id=1311507348

*****
Виртуоз
А сте чуле ли за Глигор Кондовски од Тетово? Музички виртуоз на свекој инструмент, професионален музичар. Планира пролетва голем концерт у Тетово.Награде куп. Скопје го сака. - Гордост је на Тетоо!
У меѓувреме преслушај го неговиот албум:
http://www.emusic.com/album/Gligor-Kondovski-Crumbly-Secret-MP3-Download/11378750.html
еве го на ФБ:
http://www.facebook.com/home.php?ref=home#/gligor.kondovski

*****
High Control
Македонија га фрлија под нога. Више је тешко да се вида у Тетово зош цело време наступаа надвор. Се трудеја – успеаја. Тетово је со нив. Гордост са на Тетоо!
Види за нивниот најнов спот на ексклузив:
http://www.exclusive.com.mk/article_item.asp?artid=24877

Ете 4, а следа уште 44 приказне за новото различно Тетово.
Зошто ТИ си Тетоо, бе брааат !
Comments