~ 28.05.2010 ~ Овој петок и сабота - јубилејно дводневно издание на најстариот тетовски детски фестивал ... Тетовскиот детски фестивал ‘Јаболчиња’ веќе прераснува во препознатлив Тетовски Бренд. Овој викенд слави 15 годишен јубилеј со две фестивалски вечери на 28 и 29 мај (петок и сабота). 15 години ИсторијаПрвиот фестивал се одржа уште на 01.јуни 1996 година. Како
потсетување тогаш настапија 15 изведувачи од кои и Магдалена Цветкоска
со песничката ‘Сакам’ вооедно тоа и беше и првиот настап на сцената! Фестивалот нема пропуштено ниту една година да не се одржи а како што поминуваа годините така и кавлитетот се подигаше на повисоко ниво така да од 2005 година почна да има две изданија на истиот: пролетно и есенско издание поради зголемуваната заитересираност. До денес се испеани над 350 детски песни на овој фестивал. Јаболчиња 2010Со две фестивалски вечери на 28 и 29 Мај со почеток во 19 часот во центарот за култура Илјо Антески - Смок во Тетово ке се одржи јубилејот 15 години од постоењето на фестивалот - Јаболциња 2010! Сите песни се работени во студиото ‘Супер Нова’ кај Гоце Симоноски а на нив работеа Јован Василевски, Гоце Симоновски, Анание Видоевски како композитори и текстописци а исклучиво како текстописци тука се и Јован Дамјановски, Клаудија Богоевска, Маја Блажевска, Марина Петровска, Милена Стојановска, Лазар Сароски-Марта, Елизабета Тушева, Зоран Јовановски, Милан Миланов! Ексклузивно: Првата вечер фестивалот ќе го отвори Ристе Тевдовски а втората Влатко Лозановски со химната на Јаболчиња! Карти може да набавите на самиот влез на Културен Дом.
|
ГО ЉУБИМ ТЕТОВО > Тетосќи Новине ! >