УНПРОФОР и УНПРЕДЕП во Тетово (1993-1999)

~ Сторија за Мисиите на ОН во Тетово од 1993 до 1999 со фото-албум


ПОГЛЕДНИ ФОТО-АЛБУМ ОД МИСИИТЕ СТАЦИОНИРАНИ ВО ТЕТОВО - ДЕСНО >>>

ФОТО-АЛБУМ: 1993-99 - UNPROFOR и UNPREDEP во Тетово


https://sites.google.com/site/tajnitenatetovo/galerija/fotografii/nastani/8.jpg?attredirects=0

UNPROFOR (фев.1993 - март 1995)

Обединетите нации со резолуција (бр.743 од 21.февруари 1992), во Февруари На просторите на поранешна Југославија го созададе UNPROFOR (UN Protection Forces) која најпрвин беше со мандат за Хрватска и Босна, a со седиште во Загреб.

Со резолуција бр.795 од 11. декември 1992 мандатот беше проширен и на Македонија. По барање на ОН, нордиските земји на 17.декември 1992 се огласија дека ќе учествуваат во оваа мисија со заеднички Нордиски Сили (Nordic Battalion или NORDBATT). На нивно чело во Македонија е Данскиот Генерал Finn Særmark-Thomsen.

Нивното распоредување во Македонија започнува во Февруари 1993. Седиштето е во Скопје, со Бази и во Тетово и помала во Куманово 

UNPREDEP (март 1995 - апр.1999)

ОН со резолуција од 31.март 1995 (бр.983), мисијата на UNPROFOR во Македонија ја трансформира со нова мисија UNPREDEP (UN Preventive Deployment Force), при што само команадата се менува а внатрешната структура останува иста. Мисијата трае до 1999, кога е укината со резолуција бр.1186 од 21.февруари 1999 година. Напуштањето на Македонија траеше до Април 1999.

Седиштето е во Скопје со бази во Куманово и Тетово (канцеларија само со Администрација и во Охрид). Во меѓувреме базата во Тетово, наследена од Унпрофор, продолжува да функционира и понатаму.

Во цела Македонија мисијата има 1050 војници (650 од нордискиот баталјон, 350 Американски војници и 50 Индонезиски војници).

Од нордиските земји најголем број се од Финска, потоа Шведска (200) и мал број Норвешка и Данска.

Во Тетово

Покрај седиштето во Скопје и База во Куманово, цело време во траењето на двете мисии база има и во Тетово.

Како нивни камп на располагање им се дадени поранешните простории на Министерството за Одбрана (кај денешно Средно Економско Училиште - 8-ми Септември, Тетово и денешни простории на МВР), а просторот зад Спортски Центар кон Неизградената Спортска Сала како Хелиодром

Командниот центар (command post) во Тетово е раководен од Фински Војници именувано -  Finnish Jaeger Company (FinCoy), а овој центар раководи и со 3 набљудувачки станици во Тетовско кон границата со Косово.

Командниот центар на Унредеп во Тетово е интерно именуван CAMP ELIZABETH

Таму многу Тетовчани ја започнаа својата кариера како Преведувачи од/на Англиски (Lаnguage Assistants) потоа кариерата продолжувајќи ја и во други Меѓународни Мисии во Македонија (ОБСЕ, УНДП и сл.) 

Во АЛБУМОТ СО СЛИКИ, се фотографии сликани од Финските војници, до кои дојдов. Многу од нив не се службени, туку се гледа секојдневниот живот на војниците кои во Денешно Економско си направиле мала оаза од секојдневните активности: со базен, кафиќ и нормално за Финците 'Финска Сауна'.

Погледни ги сликите (во албумот најгоре десно), и ѕирни во овој дел од историјата на Тетово, во кој малку биле свесни дека постои паралелно, а уште помалку го виделе одвнатре ...