1878-1912 - Тетово во весници на Англиски / Oсманлиски период

gavro.com.mk - започна грандиозен проект наречен "ДТН - Дигитализација на Тетовското Наследство", во кој целта е да се стават на располагање што повеќе пишани историски извори за Тетово. Дел од нив се и комплетот на Весници и Новински исечоци во кои се споменува Тетово.

Целта е да се овозможи пристап до овие податоци за сите идни истражувачи и историчари.


Кликни на сликата за да ги погледнеш сите новински исечоци:


дтн - 1878-1912

1878 - 1912 година - Тетово во странски весници на Англиски јазик - дел 1: до крајот на Османлиското владеење (1787-1912)

РЕЗИМЕ на збирката од 26 новински исечоци:
  • Во 1878 (25 март) за прв пат се појавува Новински напис во кој се однесува на Тетово (но како: Калканделен) во некој Британски весник (The Guardian) и весник на Англиски јазик воопшто. Во тој напис општо се објаснува новиот договор од Сан Стефано во кој во границите на Бугариjа меѓу другото треба да бидат до Тетово. 
  • Во 1880 (25.сеп) за прв пат во Англиски весник се споменува Тетово токму под тој назив – во извештај дека 400 албанци од Тетово се придружиле на побуна во Скутари (Скадар).
  • 1892 – во 2 написи се пишува за настан во кој ‘Турчин киднапирал неколку христијанки од Тетово и ги однел во Константиопол’.
  • 1897 – различни весници известуваат за настан во кој ‘Христијаните трпат угнетувања од Турци и Арнаути, при што 21 човек бил убиен или ранет на свадбена прослава на Христијани близу Тетово’. Некои од весниците подетално информираат за причините: ‘За време на свадбата, Албанци побарале т.н. ‘свадбарски данок’ (з.м. прв да спие со невестата) по што христијаните одбиле и 20 од нив биле убиени или повредени“. 
  • 1903 (24.фев) – дека: ‘Расим Ефенди’ кајмакамот на Тетово бил разрешен од неговата должност’. 
  • 1903 (22.јули) – се известува за убиството на Поп Мисо во Тетово, од страна на Македонскиот комитет (з.м. наводно за предавство) 
  • 1903 (28.јули) – се известува: ‘Австрискиот и Рускиот конзул го посетиле Тетово од каде известуваат за хаос и немање централна власт и за криминали извршени од Албанци врз Христијани’. 
  • 1903 (31.авг.) – Во врска со немирите низ цела Македонија се известува дека: ‘водачот Абдул Меџит, им се заканил на жителите на Тетово, да се подготват за колеж на сите ‘Бугари’ во градот (з.м. Македонци) ако се појави макар и прв знак на револуционарна банда во околината. 
  • Статистика за збирката:


    Вкупен број на исечоци: 26 

    По години: 
    • 13 исечоци во: 1903 
    • 4 исечоци во: 1897 
    • 3 исечоци во: 1892 
    • 2 исечока во: 1910
    • 1 исечок во: 1878, 1880, 1898, 1907

    По земји: 
    • 10 - Велика Британија (The Guardian и The Times) 
    • 1 - Aвстралија (The Sydney Morning Herald) 
    • 15 - САД (сите останати)
    1903 (1.сеп) во Првиот воопшто напис за Тетово во еден Австралиски весник (The Sydney Morning Herald), се вели дека ‘фанатици од Тетово и Костово (з.м. Гостивар) ги повикуваат Муслиманите на света војна против Христијаните 
  • 1907 (18.ноем) – во поопширен опис за тоа дека Албанците ги пљачкаат Христијаните, се вели дека псебно е зајакнато ова последните години особено во регионите на Тетово и Гостивар 
  • 1910 – дека во Тетово е мирно после немирите на Албанците против Турската власт. Ова воедно е и последно споменување на Тетово во англиски весник за време на Турското Владеење (кое завршува во 1912) 

ПОДВЛЕЧЕНО:
  • Се користи тогаш официјалниот турски назив за градот: Калканделен, Калканделе, но не ретко и Тетово. 
  • Во 1878 (25 март) за прв пат се појавува Новински напис во кој се однесува на Тетово (како: Калканделен) во некој Британски весник (The Guardian) и весник на Англиски јазик воопшто. Во 1892 (06.декември) напис за Тетово за прв пат се појавува во еден весник од САД (The Olean Democrat). Во 1903 (01.септември) за прв пат напис за Тетово се појавува во некој Автсралиски весник (The Sydney Morning Herald)