Архив на документи

gavro.com.mk - започна грандиозен проект наречен ДТН - Дигитализација на Тетовското Наследство, во кој целта е да се стават на располагање што повеќе пишани историски извори за Тетово. Дел од нив се и комплетот на Архивса Граѓа и Документи од и за Тетово

Целта е да се овозможи пристап до овие податоци за сите идни истражувачи и историчари.

ИСПРАТИ НИ И ТВОИ СКЕНИРАНИ ДОКУМЕНТИ

Подолу е листата, која постојано ќе се надополнува...

Османлиски период (до 1912)


ДАТУМ

 ОПИС

 
ЧИТАЈ
 
ЈАЗИК

СТРАНИ

СЕ ЧУВА ВО
1821.јан.23Ферман од султан Махмуд Хан II (1808-39) – Истанбул до Мутесарифот и Назирот на Скопје, Ајаните, Кадијата на ТЕТОВО, офицерите и првенците, со кој им наредува да соберат 7 (седум) кантари волна за фабриките за чоја во Солун.
ДАРМ ферман бр:7 / Димензии: 55х77 см / Датум: 1236 реби-ул-ахире 18 (1821 јануари 23)
ЛИНКстаротурско писмо2ДАРМ
1828.јуни 16Ферман од султан Махмуд Хан II (1808-39) – Истанбул, до кадијата во ТЕТОВО, со кој наредува да се задоволи молбата на рајата сама да ги собира таксите за пијалоци.
ДАРМ ферман бр:10 / Димензии: 49х73,5 см / Датум: 1243 зилхиџе 2 (1828 јуни 16)
ЛИНКстаротурско писмо2ДАРМ
1837.мај 26Ферман од султан Махмуд Хан II (1808-39) – Истанбул, до кадијата во ТЕТОВО, со кој наредува имамот Есад Мехмед Емин да не се вознемирува, во џамијата изградена од покојниот Мехмед Паша Качанички во Гостивар.
ДАРМ ферман бр:17 / Димензии: 53,5х73 см / Датум: 1253 сафер 20 (1837 мај 26)
ЛИНКстаротурско писмо2ДАРМ
1855.јан.23Ферман од Султанот Абдул Меџид (1839-61) – Истанбул, до мутесарифот на Скопскиот ајамет Мехмед Аки Паша, со Скопскиот дефтерд Есеид Мустафа Решид, до кадијата и првенците во ТЕТОВО, со кој им се наредува пазарниот ден во гр. ТЕТОВО, да биде сабота, а не недела, кој е празничен ден на христијаните.
ДАРМ ферман бр:72 / Димензии: 57х80 см / Датум: 1279 мухарем 2 (1855 јануари 23)
ЛИНКстаротуско писмо2ДАРМ
1859.06.01Ферман од Абдул Меџид Хан (1839-61) – Истанбул, до Скопскиот валија Осман Мехсад Паша, со кој им наредува по спорот меѓу Абдурахман Паша и Есад бег, за имотите во ТЕТОВО, да постапат по решението на Мешихатот.
ДАРМ ферман бр:31 / Димензии: 56,5х80,5 см / Датум: 1275 шевал сону (1859 јуни 1)
ЛИНКстаротурско писмо2ДАРМ
1883.окт.28Ферман од Султанот Абдул Хамид Хан (1876-1909) – Истанбул, до Мехмед Ружди Паша, син на покојниот Хасан паша од ТЕТОВО, со кој му соопштува дека на ден 21 зилхиџе 1300 година е унапреден во чин 'мирмиран'.
ДАРМ ферман бр:32 / Димензии: 57х82 см / Датум: 1300 зилхиџе 25 (1883 октомври 28)
ЛИНКстаротурско писмо2ДАРМ
1909.авг.26Писмо од Тетово од војводата Марковиќ до Претседателот на друштвото „Српски Браќа“, Голуб Јаниќ, во кое му ја опишува опасноста за српската кауза од постапките на тетовскиот учител Љуба Акимовиќ, и молба да го отстранат како „не-Србин“ и „непријател на Србите“. ЛИНКсрпски5
ДАРМ




Менување на власта (1912-1944)


ДАТУМ

 ОПИС

 
ЧИТАЈ
 
ЈАЗИК

СТРАНИ

СЕ ЧУВА ВО
1916.јан.22Документ од тетовскиот округ (во склоп на Царство Бугарија), со наредба до околиските начанлици. Штембил и Печат од 'Тетовското Окружно Управление'ЛИНКбугарски1ДАРМ
1917.сеп.04Наредба од Тетовската околиска управа (во склоп на Царство Бугарија) за преземање мерки против пожарите.ЛИНКбугарски1ДАРМ
1918.јун.05Документ со печат од Лешочката селска општинска управа (во склоп на Царство Бугарија)ЛИНКбугарски1ДАРМ
1918.јул.20Соопштение од Тетовската Околиска Управа (во склоп на Царство Бугарија), за појава на турски востаници во Велес и ШтипЛИНКбугарски1ДАРМ
1938Скица за нов мост на Андреевска Река, на банскиот пат број 130, Тетово – Качаник. Од Срез Доњо-ПолошкиЛИНКсрпски1ДАРМ
1941.фев.07Оглас за поправка на коловозот на државниот пат број 22, Скопје – Тетово, издаден од Техничкото одделение на Кралската банска управа во СкопјеЛИНКсрпски1ДАРМ



Тетово после 19.ноември 1944


ДАТУМ

 ОПИС

 
ЧИТАЈ
 
ЈАЗИК

СТРАНИ

СЕ ЧУВА ВО
1944.дек.07Извештај од Јордан Блажевски (член на АСНОМ) за националната ситуација во ТетовоЛИНКмакедонски1ДАРМ
1944.дек.27Телеграма - барање од ГНОО - Тетово, за доделување на средства за исплаќање еднократна помош на чиновниците во Околијата, за исполнување на наредбата бр. 334 од 27.12.1944 година, на Президиумот на АСНОМ.ЛИНКмакедонски2ДАРМ
 1959Список од 47 имиња - Нова управа на ФК Љуботен за 1959 годинаЛИНКмакедонски1Дејан Савески, Тетово