НАЈЗНАЧАЈНИ ТЕТОВЧАНИ
Сите подолу наведени го имаат задолжено Тетово со својата лик и дело, кое е значајно и познато не само во Тетово туку оставиле траг и во македонската историја. Сите тие се родени и живееле во Тетово, а голем дел од нив и својот животен век го поминале и починале во овој град. Има и такви кои се по потекло од друг град, но оставиле траг на тетовското минато. Листата секако не завршува тука. Предложете и Вие личност која е значајна за Тетово, а оставила траг во пошироки рамки.
Овие најзначајни Тетовчани го оправдуваат своето значење и преку фактот што сите тие се вклучени и во енциклопедијата ‘Најзначајни личности од Македонија’, Ми-Ан, Скопје 2002
ДОЦНО СРЕДНОВЕКОВИЕ
ВОИСАВА КАСТРИОТ
Родена во Полог кон крајот на 14.век. Мајка на познатиот балкански херој Георги Кастриот – Скендербег
Образложение: во историографијата е познато дека мајката на Скендербег била Воисава – ќерка на господарот на Полог, родена во Полог па Тетово како најголем град во полошкиот регион треба да го одбележи нејзиното име. Нејзиното моминско презиме било Трипалда, но е попозната по нејзиното венчано презиме Кастриот.
СУЏУДИ
Роден во Тетово во 16.век. Средновековен турски поет
Образложение: Познат турски поет, родум од Тетово. Станал секретар на министерскиот совет за време на султаните Селим I (1512-1520) и Сулејман I (1520-1566). Учествувал во повеќе освојувачки походи во арапските и иранските земји и за нив напишал хроники.
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ
Роден во село Теарце, Тетовско во 1771 г. Починал во село Лешок 1835. Преродбеник, игумен.
Образложение: местото на овој преродбеник е веќе докажано во македонската историја. Автор на првите стихови во македонската книжевност. По него во Тетово е именувана Гимназијата.
АКИФ-ПАША РЕШАД
Роден во Тетово во 1863. Починал 1920 во Цариград. Поет, Турски везир и министер
Образложение: Виден турски поет, роден во Тетово. Станал и Везир, а подоцна и министер во Цариград.
САБРИ БЕГ
Роден во Тетово во 18.век. Директор на царската библиотека во Цариград
Образложение: Овој образован тетовчанец станал Директор на царската библиотека во Цариград (со 200.000 книги). Тој лично со храбар чин ја има спасено библиотеката од палење и уништување кога за време на младотурската револуција во април 1909 разулавена толпа се упатила за да ја уништи. Поради ова тој денес има своја улица во Истанбул и посебно ценење во оваа библиотека до денес.
АЛЕКСАНДАР ЏОЛЕВСКИ СПИРИДОНОВИЧ
Роден во Тетово во 1881 г. Виден Македонски деец во Сан Петерсбург во Русија
Образложение: Еден од порвите комплетни ориенталисти. Дипломирал 1908 на универзитетот во Сан Петерсбург, Русија. Како деец за македонската кауза во 1903 бил еден од потписниците на молбата на Петербуршкото ‘Словенско благотворно друштво’ во која децидно е кодифицирана македонската националност и македонскиот јазик како службен.
ИЛИНДЕНСКИ ПЕРИОД
ХРИСТО ЧЕРВЕНЕЛЕКОВ
Роден во Штип, живеел во Тетово. Основоположник и прв претседател на Македонската револуционерна Организација во Тетово
Образложение: Покрај овој основач и претседател на ВМРО за Тетово, следните лица се 7-те највидните имиња од Тетово, илинденци вклучени во ВМРО уште од основањето на œелија во Тетово во 1895. Сите долунаведени тетовчани се уапсени при ‘Тетовската провала’ во Февруари 1905 и осудени на 101 година. Некои од нив пратени во затворот ‘Куршумли ан’, други во Дијарбекир – Анадолија, а трети во пустината Фезан – Либија. По уриетот 1908 амнестирани и дел се вратиле како оронети старци, а дел своите животи ги оставиле по затворите:
ГЛИГОР МИХАЈЛОВ
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
ПОП ДИМЕ САРОВ
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
САНЕ РИСТОВ - ГУЛЕ
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
РИСТО КОСТОВ – СИЧАН
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
МИЈАИЛ МЛАДЕНОВ
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
ТРПЕ КОСТОВ - АЛТИКОЛАЧ
Роден во Тетово
Истакнат илинденец, член на ВМРО во Тетово (види образложението погоре)
20-ти век
ТОДОР СКАЛОВСКИ
Роден во Тетово, во 1909 г. Еден од најпознатите композитори, диригенти во Македонија. Композитор на официјалната државна химна на Р.Македонија.
Образложение: По интензивно школување и членување во хорови, по ослободувањето станува главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на првиот Симфониски Оркестар, Основач и директор на Македонската опера. Композитор на познати дела. Основач на ‘Здружението на музички уметници’ и на ‘Здружението на композитори’ на Македонија. По него во Тетово е именувано Средното музичко училиште.
КУЗМАН НАЈДЕНОВСКИ
Роден во Тетово, во 1919 г. Историчар, Новинар, основоположник на печатарството во Тетово
Образложение: Ја основал првата печатница во Тетово во 1920-тите. На неговите машини повлечени во село беличица, Гостиварско би л отпечатен првиот партизански весник 1942. Повојната е истакнат новинар во ‘Нова македонија’. Прв тетовчанец кој напишал книга за историјата на својот град – ‘Тетово во Минатото’ во 1964.
ЖИВКО АВРАМОВСКИ
Роден во Непроштено, Тетовско во 1926 г. Истакнат историчар
Образложение: Дипломирал на Филозофскиот Факултет во Белград, а Докторирал во загреб. Научен соработник во Институтот за современа историја во Белград. Се занимавал со истражување на политиката на големите сили на Балканот. Објавил повеœе трудови, ме‡у кои: ‘Судир на интересите на велика Британија и Германија на Балканот’, ‘Балканските земји и големите сили, 1935-1937’ и други.
БЛАГА АЛЕКСОВА
Родена во Тетово во 1922 г. Археолог, професор, академик
Образложение: Дипломирала на Филозофскиот Факултет во скопје, а дипломирала во 1958 во Љубљана. Специјализирала старохристијанска уметност и археологија на универзитетот во Хардвард. Работела во Градскиот музеј во Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија (и како негов директор). Академик на МАНУ од 1997. Еден од најзначајните македонски археолози.
ПАВЛИНА АПОСТОЛОВА
Родена во Тетово во 1927 г. Оперска и концерна певица, првенка на Операта при МНТ
Образложение: Оваа тетовчанка од основањето во 1947 е член на Операта каде останала до своето пензионирање 1983. Реализирала повеќе главни улоги. Добитник на наградата ’11-ти Октомври’ за своето животно дело.
ТОМЧЕ ГРНЧАРОВСКИ
Роден во Тетово во 1923 г. Истакнат оперски пејач
Образложение: Еден од првите носители на тенорски партии во македонската Опера. Член на Операта од основањето во 1947. Толкувал бројни улоги во значајни дела: Травијата, Риголето, Боеми и др.
ПАНЧЕ КАМЏИК
Роден во Тетово во 1921 г. Филмски, телевизиски и театарски актер
Образложение: Најпознат тетовски актер. Основач на театарскиот живот во Тетово. Познат по глумата во неколку македонски филмови (пр. ‘Најдолгиот Пат’). Повеœе пати наградуван.
БРАНКО ИВАНОВСКИ ГАПО
Роден во Тетово во 1931 г. Филмски, телевизиски и театарски режисер
Образложение: Снимил повеќе документарни филмови. Режисер на повеœе играни филмови (Денови на Искушение, Најдолгиот Пат, Истрел, Време-Води. Носител на повеќе награди за режија на фестивалите во Пула, Белград и Авелино-Италија. На два пати добитник на наградата ’11-ти Октомври’.
АЦО ПЕТРОВСКИ
Роден во Тетово во 1923 г. Починал 2001 во Скопје. Филмски режисер и сценарист
Образложение: Еден од родоначалниците на филмската уметност во Македонија. Управник на Државниот филмски архив, Директор на ‘Вардар Филм’, Прв директор на ‘Кинотеката на Македонија’. Режирал повеœе документарни филмови
ОЛГА МИЛОСАВЛЕВА
Родена во Тетово во 1934 г. Починала 1997 во Скопје. Балерина, кореограф, солистка, директор на Балетот при МНТ
Образложение: Најистакната тетовска балерина. Членка на балетот на МНТ од 1949 до 1997. Негова директорка во два мандата. Позната по нејзините улоги во мноштво балетски престави.
КОЧО ТУЛЕВСКИ
Роден во Тетово во 1921 г. Починал во Скопје во 1995. Градоначалник на Тетово во 3 наврати, претседател на врховниот суд.
Образложение: Претседател на Окружниот суд во тетово, Претседател на Врховниот Суд на Македонија, републички и сојузен пратеник од Тетово. Најначајна улога за Тетово имал како еден од најпознатите и кај граѓаните најомилени тетовски градоначалници поради што ја обавувал оваа функција во дури 3 мандати.


