Дома > Тетовски древности > Спомени и марифети > Верска традиција> Велигден>

Велигден

Текстот подолу е авторско право и за прв пат објавен пишан опис на празникот, дел од необјавената граѓа на авторот Дарко Гавровски. Тие никогаш претходно не се напишани и презентирани, а се планираат да се објават како дел од едицијата ‘Тајните на Тетово’. Објавувањата и цитирањата мора да бидат со претходна дозвола на авторот.

Велигден е еден од најубавите празници во православниот календар, и се слави особено празнично во Тетово.

Наместо да ви пишувам како се празнува посебно во Тетово, погледнете го видеото на Првата Репортажа во историјата за овој адет во Тетово за национална Телевизија снимена досега за овој празник на велигден во 2009, од А2 Телевизија а во организација од Дарко Гавровски:

Видео: Вeлигден во Тетово /  А2 Телевизија  /  времетраење: 04:36  /  19.04.2009.


 

Колумна: Како некои одродени Тетовчани ’му извадија ифтерија‘ на празникот Велигден !!?

Адетот да се оди да се честита големиот празник кај блиската родбина постои одсекогаш. Тоа се прави и за други празници, но и во други градови. Така, овој адет за дента да се честита Велигден е и во Куманово и Прилеп колку јас што знам, а според кажувања истиот е и во Кичево. Со честитањето се обзнанува воскресението ако радосна вест, кое е и според Библијата каде апостолите ја објавувале среќната вест.

Морам да се осврнам на најновите помодарски ‘откривања на Америка’, од некои одродени Тетовчани: кои велат дека овој адет нечини - е турски или муслимански, само зошто и муслиманите исто ги посетуваат своите најблиски на Бајрам.

Ако је заш женете седа дома – пишав: тија ида у петокот, мужите у недеља. Женете у недеља чекаа и тоа не непознати туку најблиските од фамилија тетин ми со братучетод, кумот...

Прво едно да расчистиме: Од кога тоа: одење кај тетка ми, моја роѓена, на гости да и честитам Велигден- е неправослано и муслиманско? Правењето чест кај постари и кај најблиски постоело одсекогаш.
Не се оди кај непознати људи, туку кај теткете од татко ми и мајка ми страната, кумојте... 12-14 куќе само најблиски. Зошто тоа треба да је грев? Со некои од нив се гледам само од Велигден на Велигден...  Ќе ми објасни некој што има турско у адетот да им честитам Велигден на теткете (појаснуење: они не са турчинке ;)

Некои велат требало да се има свечен ручек дома у најтесен круг - и толку. А зошто? Има 52 викенди во годината и јас ако не сум јадел плескавици со мајками и татко ми друг викенд немора ни на Велигден. Самиот чин на чекање гости, дека мора да се дотераш и наместиш трпеза за гости - му дава свечена тежина на славењето. Во друга прилика: би станале од спиење, би ги облекле тренерките за по дома и би ручале месо. Тоа и не е баш свечано, колку сегашниот правилен адет.  Тоа јади го утредента. Пак никој не те допира.

Таквото релативизирање на празникот (за по дома) доведе до тоа Скопјани да сметаат дека Исус воскреснал за да има неработен ден за да претрчаат на шопинг у Солун или излет на Маврово :(

И после све ова се прашуем и гледам иронија:
Зарем идењето кај најблиски да им се честита Велигден е ерес, муслимански, шиптарски адет – а седење закључен по дома или идење на шопинг у Солун је она правото кое ги негуе православните вредности ??? Значи за да бидете прави верници: нејдите кај тетка, туку ручај дома и право на излет у Солун или Охрид (а тамо можеш да идеш следниот Викенд. Не ги споија деновиве заради пут у странство)
Ја мислим дека нема поголем недомаќинлок и грев куќа за Велигден да ти биде закључена и да си заминеш у Солун или викенд у Охрид или Маврово. Е баш тоа е неправославно. Е тоа е против верата, православните вредности и фамилијата.

На крај ги повикуем новинарите дописници  тетовски: кој ќе известуа за Велигден у Тетово нека не пљукна и по овја адет како бил муслимански. Тоа нека не го спомнуа. Прво зошто не е вистина и проверено научно - а второ нека кажа нешто позитивно. Нека се задржа на тоа како Тетовчанецот ги негуе вредностите, и не иде нигде за Викенд ....

Значи да се забрани адетот само за ти да можеш да ручаш сам дома у трењерке или да претрчаш у Солун? - Идиотизам.

Или може седењето на женете дома је проблем од аспект на женските права и Клара Цеткин и Роза Луксембург. Смрт на традицијата и угнетените жени што чекаат роднини дома место да шетаат по Маврово - да живее демократијата !?

Само и единствено  кој ќе видим научно докажано академско етнолошко, етнографско, теолошко истражуење дека чеституењето на празник кај најблизок е муслимански адет – дури тогај нека збора. Дали и Нова Година чеституење е таков адет?

Ја све книге за Тетово ги прочитав такво истражуење и научен доказ ненајдов. Ја можем да кажем обратно: дека Турците од Тетово од Христијаните го зеле адетот!  Кој отишол прв да честита празник кај тетка?  Кој го измисли? Турците или Рисјаните? Чест појќе кој прае? Постаро што е- Кокошката или Јацето? Невидена глупост на што се сведуе у последно време Велигден?

Тетовчани знаа да извада моабет, рекла-казала (ифтерије) на друг Тетовчанец - ама је невидено да му се извади ифтерија и на празникот  ‘Велигден’ !?

Арам да им је на тија што гадејќи се од свое Тетово, и Велигден им се гади како се слави. Све мора да нечини у Тетово. И адетот на најхристијанскиот празник да го прогласа за најНЕхристијански. А незнаа зошто... Зошто таќе некој се напраел паметен па извадил моабет.  Иди сега опрај го ако можеш...

Едно знаем: Го праеле прабаба ми и прадедо ми уште за време турско – ќе го праем и ја. Свекој од нас иде за да го обзнани Воскресението и да се радуе со најблиските и не само домашните. У недеља идем кај вујна ми, теткете, па на крај кај комшијете у маало. Све на све – 12 куќе. Дотеран ја, татко ми и брат ми. Весела и дотерана и мајка ми ќе пречекуе роднине. И она утредента ќе иде кај сестрете. Затоа је и 3 дена Велигден. Куќа отворена анкапија. Нека дојде кој сака... Мора да све да биде наместено цакуп-пакум и да сл‘скоти.

Нека дојда од други градоој за Велигден у Тетово место у Солун на шопинг, па да вида како најправославно и најдомаќински се слави Велигден.

Велигден најправилно се слави и е најубав само у Тетоо !

Христос Воскресе !

 

 

(c) Дарко Гавровски, 03.04.2010.

.

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: