Тетово во ‘Распенани Градови’ - 1972
Во далечната 1972 година Телевизија Скопје реализира познат серијал на емисии посветени на Староградската Песна во сите градови на Македонија.
Подолу е прекрасната емисија посветена на Староградските Тетовски Песни снимена во црно-бела техника. Во неа преставени се најубавите Тетовски Песни, но е интересна зошто на неа има многу наши сограѓани од пеачки друштва кои веќе не се меѓу нас, а снимано е на локации низ градот кои веќе одамна се изменети или веќе ги нема.
Се работи за една епизода но овде поделена во делови заради големиот простор кој го зафаќа при прикачување на интернет.
Уживајте !
1. дел: ‘Срце ме боли’
2 дел: ‘Џанџигер Магдо’
3. дел: ‘Оглеала Месечина’


