Дома > Тетовски древности > Музика од Тетово > Староградски песни>

Тетовските Староградски Песни

Подолу е прво листстата на песните по азбучен ред, а посебно потоа е издвоен дел за песната Благуњо Дејче која е најчесто изведуваната тетовска песна и заслужува посебен дел со приказ на повеќе разни изведби.

Слушај и уживај !

Листа на тетовските стaроградски песни

Подолу по азбучен ред се подредени и можете да ги преслушате Тетовските Страоградски песни. Некои од нив се препеани од различни изведувачи при што во таков случај подредени се хронолошки.

 

Благуњо Дејче Пожаранче

Ова е најпрепеаната Тетовска песна воопшто и затоа е издвоена во посебен приказ. Создадена е 1910-тите и веднаш се проширила меѓу народот.До денес ја има во многу варијанти каде дури и името најчесто грешбно е сменето во БлагуНа место БлагуЊа (особено од српски изведувачи). Најправилна изведна и најточен тетовски изговор има сепак варијантата на група Серенада од 1986 година.

Таа е и првата Тетовска песна снимена на носач на звук: уште 1920-те на ЛП Плоча ја става хармоникашот Бора Јаниќ- Шапчанин, а во 1942 на својата ЛП плоча ја става и тогаш најпознатиот југословенски изведувач Едо Љубиќ (и двете варијанти може да ги преслушате подолу).

Од тогаш до денес е најпозната тетовска песна која е препеана од Есма, Цуне, Селимова-Желчески, Сузана Спасоска, Наум Петрески па се до Лепа Брена и Амедеус Бенд.

 

Преслушај ги na You Tube и најновите варијантите на ‘Благуњо Дејче’ испеана овде од најразлични пеачи и во најразлични варијани:

Македонски изведувачи на ‘Благуњо Дејче’:

Српски изведувачи на ‘Благуњо Дејче’:

Нови варијанти на ‘Благуњо Дејче’:

 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon

 

 

 

За тетовската песна:

 

Во фондот на староградски песни од Македонија, оние од Тетово важат за најубави, најпевливи и најбројни.


Има на стотина стари тетовски староградски песни, од кои поголемиот дел се забележани со нотни записи од музиколозите, има и такви за кои се знае само текстот а композицијата не е забележана и се изгубила низ времето - но за среќа има голем број кои се снимени од различни изведувачи и тие овде може да ги преслушате.


На сите овие песни текстот и композицијата е создадена од непознат автор, најчесто во периодот од крајот на 19.век до 1930-тите, но заживеале кај народот, продолжиле да се пеат од колено на колено и затоа до денес останале како народни песни или староградски и чалгаџиски.


Интересно е што голем дел од нив иако се измислени на тетовски, за жал, се испеани и снимени на литературен јазик, а многу автори дури и ги измениле целата структура на песната и текстот - па кај различни изведувачи различно се пее тектот или изведува композицијата.

Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: