Дур надвор врне снег - знаеш што ти је Тетово на тебе

Дур надвор паѓа снег, а ја се вратив од надвор кј што крцка под ноѓе и прв го разгазуем, ми доаѓа да мислим на едно прашање што ме праша Илија водител у скопска АБ Кабел ТВ на едно интервју – а заш го сакаш Тетоо у ствари?

И шах-мат. Незнаев зош. Неразмишљаш. Зош ги сакаш мајка ти и татко ти? Незнаеш. Ама сега гледајќи го снегов како паѓа си викам: Големите прашања имаа одговор у малите работе...
Се сеќаам како ја мал узвиткан у шалоој, капе и наруквице, седим на кајк а мајка ми и татко ми ме м’кна со сиџимка по ваков снег натапкан по улице, без коле. Само очите ти се гледаа. И ќутиш, и уживаш што те влеча на сред пут. Абе све би дал, ама баш све, за едно крукче вечерва како тогај санкање на кајк, пола саат до плоштад и околу, па до дома.

И се сеќаваш на лизгањце праење на пут дур врне снег навечер. Ја сум идел кај баба ми зош више Ќиќиш бш је убаа удолница па кој ќе се пуштиш до доле до кј Ибиша можеш да стигнеш. Ако земеш залет и до доле до кј Беќира до Јурија. Лизгањцата треба да биде џам. Ако паѓаа утреента стари људи – ти је гајле.
 
И цела вечер се гаѓаш со топќе, рипаш у снег, се лизгаш на лизгањце и како можело: руќете смрзнати да ти се пушта само кој ќе ти ухне мајка ти, а татко ти ќе ти ги стае у подмишка. И готоо. Пак трчамо надвор. Сега 5 минуте што ќе га изринем колана па подноктице одма ми фаќаа прстите. А тогај цела вечер на прв снег, и ништо не ти је.

И дур врне снег, дедо ми обавезно уште непаднат снегот, тура џезве па гори шеќер, за да прае греана раќија. Кој ќе кљокне се пресечуе со водиче малу да не те боли глава. Па у чоканче. А за мезе купусче ќисело од каца со поросено црвено пиперче отозгора. Абре људи божји – печење не му је рамно.
Сега личи и коштање печени ама врели сам да ѓи љупиш. А некња еден пред путна врата на коњска кола вика: балкабаааак. Бал = мед, кабак = тиква. Медена тиква. За печење у релна. И трчам да го допрем. Енега у визбиче днојве дур врне снег ќе га терам мајка ми да га пече у плехче: од надвор кориче да фати у нутра мека да остане. А надвор нека врне. И пердето ќе го тргнем да ѕиркам надвор дур јадем - тиква балкабак.

Утре рано-и-рано да станете и пешки до плоштад. Тамо дошле тезгете со новогодишни украси, балони и честитке. Циганите на плоштад со тезгете бш са дафиниција за нова година. Туе са до 15.јануари. Еднаш мора да се сврти круг. Ја више зедов 10 честитке со снешко зош годинава сум решил на најблиските нема честито ни преку чет, ни преку маил, ни преку СМС. Туку како што сум забраел – по старински. Со честитка. Бш је финта: ‘Ви посакувам среќна нова 2010’. Стварно је финта. А за тија у странство место честитка – разгледница од Тетово (има многу убаај за 10 денара у трафиката на ќуше кај суд). Бш ќе им биде убоо на Тетовчаните у Прага, школо у Болоња, гурбет у Детроит и Берлин – да им пратим разгледница без да знаа. Нека ги фати носталгија. Поубоо је од маил.

А елка китев пред два дна и се прашуем само едно: Дали само ја камуфлажно сум кител увек поубоо од страната од кј што се гледа елката, а од позади од кј ѕидот некоаш и празно остануело од што се немало за цела елка украси?
Да се радуеш ка дете мало за една елка? Личи? Епа личи.

Сабајле цело Тетоо на риба пржена мирешеше. Феномен кој се среќава у свекое сокаче на Св.Никола. И ја попосле, и пак утре идем на слава Св.Никола, кај Ќире, Дрво, Маја и Елена. За многу године. Бш како што викаа Св.Никола со бела брада – го личи днска да врне снег.

И од све ова сега ми остана едно: да и наручам на мајка ми одма да тури греана раќија. И еве верујте, уште ова недопишано, со пердето тргнато да го гледам снегот, стига раќијата. Лелее колку се радуем, И све ова кој ќе ти пројде низ глава си викаш ја сега знаем зош го сакам Тетоо. Еве ти Иле одговор на прашањето у интервјуто. Ама ај опиши ако можеш... Заради све што те потсеќа на мали ама убаај работе што ти га греа душата.

Ја завршуем, зош мезето – купусче со црвено пиперче jе у дневна. Ме викаа. Идем.

Овја дноој са за со тија што највише ги сакам...

 

Дарко Гавровски, 19.12.2009 - Дн Свети Никола

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: