Дома > Тетовски древности > Спомени и марифети > Верска традиција> Мартинче>

Баба  Марта и китење со ‘Мартинче’

Почнува месец март, мириша на пролет, и се сеќаваме на еден више изумрен тетовски адет...
Заќитуење со Мартинчиња...

Свќи 01.март кој почнуе месецот, традиција било да се направи мало украсче од црвен и бел конец. Можело да биде само преплетени кончиња, украсче, или плетено во вид на брош се носело на левиот ревер над срцето дури цел месец март.

Било адет закитени со мартинчиња да бида мали дејчиња, и било интересено да се види како на почетокот на март луѓето си разменувале и подарувале за среќа вакви црвено-бели мартинчиња. Оваа комбинација на бои секогаш симболизира чистота, нов почеток, среќа, бериќет и нарочито је згодна за против урок.

Утре учителкете ќе ги изваделе учениците закитени со Мартинчиња (дејчињата и со срвено фљонго = т.е. панделка у коса) двајца-по-двајца на прошетка низ Тетово, а децата на цел глас по тетовските улице га поеле:

. . . . . .  Пак ливада је зелена
Баба Марта је дојдена
Носи китки со цвеќиња
и шарени мартинчиња
. . . . . .

Овја адет како и многу други избледеле и полека исчезнале до крајот на 1950-тите. Греота за толку убав адет...
Пред неколку години добив по пошта црвено-бело плетено Мартинче од пријателка од Софија, Бугарија. Тамо сеуште се празнува на овој начин...
Утре доаѓа Баба Марта. Почнува да мириша на пролет... ама никој више не честита доаѓање на март со мартинчиња, а уште помалку носи црвено и бело конче закитено на левиот ревер...

Ако и недобиете утре Мартинче на поклон, барем ја, ви га поклонујем оваа приказна за Мартинчињата кои на утрешен ден, на 01-ви март пред многу године Тетовчани си ги поклонуеја меѓу себе.
 

(с) Дарко Гавровски, 28.02.2010

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: