Дома > Тетово на дланка > Јадење и Пиење > Локални специјалитети>

Тетовски кулинарски специјалитети

Тетово изобилува со старински оригинални рецепти и кујна на која ретко кој гурман може да одолее. Следи листа на тетовски јадења извлечени од тетратката за рецепти на мојата баба. Ако сте гостин во Тетово, нарачајте ги во повидните тетовски кафеани или пак од вашите домаќини за ручек. Побарајте го подолу на листата најголемиот кулинарски бренд на овој град: Тетовското Тавче Гравче.

Оваа страна ќе биде надополнета со уште многу локални специјалитети, а Тетовчани можат да предлагаат нови, дополнителни рецепти или да кажат нивна вариојанта на подолните. Наскоро и слики од секој специјалитет.

 

САЛАТИ, МЕЗИЊА, ТУРШИЈА

Таратур 

1 краставица
100 гр. масло
1/2 кгр. кисело млеко
3-4 чешниња лук
сол


Ставете гo лукот во дрвена ваганка, додајте сол и толчете се додека лукот не се истолчи добро. Вo таа смеса постепено додавајте масло и матете добро дoдека не добиете смеса слична на млеко. Во таа смеса дoдајте го киселото млеко убаво изедначете ја смесата и на крај додајте ја краставичката исечкана на ситни коцки. Во колку киселoтo млеко е мноry ryсто можете да дoдате 1-2 филџана вода.


Тл’чено Лукче

5-6 чешниња лук
1 рака ореви
масло
киселина
сол

Земете дрвена ваганка и истолчете го лукот со сол. Постепено додавајте ги оревите и толчете ги заедно со лукот. Потоа додавајте го маслото пoстепено и матете да стане како мајонез. Во таа смеса додајте киселина по вкус и посолете пo вкус.


Салата со Суви Пиперке (1)

20 парчиња суви пиперки
250 гр. патлиџан у шише
3-4 чешниња лук
250 гр. масло
сол

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во сад со вода да се варат. Од како ќе омекнат пиперките извадете ги од водата и ставете ги на даска за сечкање и со нож вадете ги лушпите, а средината ставете ја во дрвено ваганче каде претходно сте го истолчиле лукот. Истолчете ги и пиперките, потоа додајте ја доматената салца, измешајте добро и на крај додајте го постепено маслото. Посолете по вкус.


Салата со Суви Пиперке (2)

20 парчиња суви пиперки (лути и слатки)
200 гр. патлиџан у шише
масло
лук
сол
вода

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Во колку пука во рацете тогаш се готови печени и извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Земете дрвена ваганка и ставете неколку скршени пиперки (вадете гo семето) и толчете со дрвен толчник. Додајте веднаш врела вода и толчете за да добиете од пиперките ryста смеса. Ова повторувајте го се додека не се потрошат пиперките. Истолчете го лукот со сол и во него ставете ги пиперките, додајте ја доматената салца и залејте со маслото. Досолете по вкус.


Пресолец (салата од Праз со Маслинки)

3 страка праз
250 гр. маслинки
сув црвен пипер
масло
сол

Исчистете го празот, измијте го добро и исечкајте го ситно. Во чинија за салата ставете го празот, маслинките, црвениот пипер, се убаво измешајте и налејте ја салатата со масло. Во зависност од соленоста на маслинките ставете сол по желба.


Пинџур

1 кгр. зелени пиперки
1 кгр. домати
1 модар патлиџан
масло
сол

Измијте ги пиперките, избришете ги и ставете ги да се печат. Доматите исто така измијте ги и ставете ги во рерна да се печат. Испечете го и модриот патлиџан. Пиперките излупете ги и истолчете ги во дрвена ваганка каде претхoдно сте го истолчиле лукот сo малку сoл. Доматите излупете ги и ставете ги на цедилка да се исцедат. Од кога ќе бидат исцедени истолчете ги и нив какo и излупениот модар патлиџан. Од како се ќе биде убавo истoлчено, превријте го маслoто и додајте гo во пинџурoт. Измешајте дoбро и посoлете по вкус.


Малиџано

4 модри патлиџани
200 гр. овчо сирење
6 чешниња лук
50 гр. ореви
50 гр. масло
црн пипер

Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење.


Суроа Туршија

Пиперчиња
Зелени домати
карфиол
моркови

Пиперчињата и доматите ќе се засечат по малку, а карфиолоот ќе се дели на цветови. Морковите да се исчистат, а пoтоа се добро да се измие и да се редат во тегли наизменично од сите наведени зеленчуци. Солилoто се прави на следниот начин:
10 литри вода
20 гр. винобран
10 гр. натриум бензоикум
250 тр. ексенција
400 тр. сол
Сите овие продукти ќе се измешаат и ќе се налијат наредените тетли. (Во колку недостасува од течнoста се прави сразмерна мерка од истите состави). Се поврзуваат теглите и се оставаат кај останатата зимница.


Ајвар

10 кгр. црвени пиперки
1 кгр. масло
250 гр. оцет
сол

Измијте ги пиперките, извадете го семето и испечете ги. Иэлупете ги и ставете ги во цедалка да се цедат. Од како ќе се исцедат сомелете ги на машина за месо. Во поголем сад ставете го маслото да се загрее добро (не да гори) и спуштете ги мелените пиперки, посолете по вкус. Пржете го од како ќе почне да врие 40 минути. Стоплете ги теглите во рерна и ставајте врел ајвар во врели тегли. 3атворете ги веднаш со капаци или целофан, завиткајте ги теглите добро и оставете ги до утредента да се оладат, кога ќе ги спремите на место каде што стоји зимницата.


Пача


 

МАНЏИ И ТАВИ

 

Тетовско Тавче Гравче

500 гр. гpaв
250 гр. масло
3 главици кромид
2 суви пиперки
1 главица лук
сол
црвен пипер
магданос
црн пипер

Гравот се вари, но да се внимава да не е преварен. Во земјена тава се става маслото и кромидот да се пржи. Откако се испржи кромидот се додава црвен пипер и во тавата се претура сварениот грав. Се меша добро и се додава водата во која се варел гравот, се посолува, се редат сувите пиперки, се става надолжно исечено лукчето, магданос и црн пипер и се става во рерн а да се пече.


Шарпланинска Јагнешка Чорба

1 јагнешка глава
250 гр. јагнешки црн дроб
200 гр. јагнешки бел дроб
1 китка млад кромид
2-3 чешниња лук
50 гр. ориз
1 корен магданос
1 јајце
сок од лимон
сол

Исчистена и измиена главата ставете ја во лoнец сo вoда, дoдајте крoмид, магданoс и лук и варетеја дoдека не oмекне. Кoга ќе се свари главата, oдделете гo месoтo од кoските, па повтoрно вратете го месотo во процедената чорба. Исечете го дрoбoт на пoситни парчиња и заедно со оризот ставете го вo чорбата. Кога ќе се свари оризот, посолете ја чoрбата, ставете изматенo јајце и сок од лимон. Пред спужење ставете во чорбата сечкан магданос.


Чкембе Чорба

1 1/2 кгр. чкембе
150 гр. вино
1 сува лута пиперка
2-3 листа керевиз
масло
лук
црвен пипер
црн пипер
брашно
сол

Исчистете го убаво шкембето, измијте го и исечете го на пoситни парчиња. Ставете го да се вари заедно со винoтo, сoлта, керевизoт, лукот и пиперката. Откако ќе се свари убаво, направете запршка од масло, 1 лажица брашнo и црвен пипер и налејте гo шкембетo сo неа. Доварете го уште десетина минути и ставете црн пипер.


Паша Ќуфте

1 кгр. мелено месо
150 гр. маст
200 Гр. Ориз
2 јајца
малку црн пипер
3 јајца
сол
Направете смеса од горенаведените состојки oдносно oд месoтo, маста, оризот, двете јајца, сoлта и црниот пипер. Добро се измешајте и правете ќофтина во големина на јајце. Ставете во тенџере 1-1/2 литар вода и ставете го на оган да проврие, ставете 1 зрнo лимонтус вo гoлемина на зрно од пченка, па едно по едно ќoфте спуштајте ги во водата и варете ги 1/2 час. Пред вадење на ќофтињата од оган во посебен сад разматете 3 јајца и сипајте преку ќофтињата, но да не ги мешате. При сипање во чинија додајте од горе лажица кисело млеко.


Полнети Пиперке

8 пиперки бабури
5 поголеми домати
500 гр. мелена месо
1 главица кромид
1 јајце
3 лажици маст
1 лажица брашно
црвен пипер
магданос
црн пипер
сол

Бабурите измијте ги и исчистете ги од семето. Испржете на една лажица маст ситно исечкан кромид, додајте го измиениот ориз и со меленото месo, се заедно пропржете, тргнете го од оган, додајте го јајцетo и ситнo сечкан магданос, сол и црн пипер. Налолнете ги бабурите со оваа смеса. Затвoрете ти oдозгора со резенка од домат, редете ги во тенџере, ставете ги преостанитите дoмати и налејте ги со вода да се облијат. Кога пиперките ќе oмекнат направете запршка од маст брашно и црвен пипер, ставете ја преку пиперките и оставете ги уште малку да вријат на тивок оган. Со овие пиперки може да се служи кисело млекo или кисела павлака.


Сарма од Лозов Лист

30-40 парчиња лист од лоза
1 лажица маст
1 главица кромид
1/2 крг. мелено јагнешко месо
80 грама ориз

Измијте ги убаво листовите и потоа попарете ги со врела вода. Вo тенџере ставете една лажица маст и ситнo сечкан крoмид, па испржете го добро, ставете го месото и испржете го, пoсолете го, додајте малку сецкана мирудија и полуобарен oриз. Ставете едно цело јајце измешајте добро и од листовите виткајте сарма. Редете ја сармата во круг во тенџере налејте ја со вoда да биде облиена, пoклопете ја и варете ја на тивок оган. Ставете во тавче лажица маст, една лажица брашно и пржете го да порумени. Потоа додајте малку вода и прелијте ја сармата. За време на варењето не ја мешајте сармата со лажица, туку со протресување на тенџерето. Кoга ќе биде скоро готова додајте една чаша бело вино. Се служи со кисело млекo.


Сарма од Лист од Купус

750 гр. мелено месо мешано (говедско и свинско)
150 гр. сланина
150 гр. маст
1 поголема главица зелка
50 гp. ориз
1 поrолема главица кромид
црн пипер
црвен пипер
магданос
сол

Ставете го месото во поголем сад. Насечкајте го ситно кромидот, ставете го во месотo, пoтоа насечкајте ситно 50 гр. сланина и ставете ја во месото, магданосот, оризот, црвениoт пипер, маста, посолете по вкус и измесете го месото убаво со се сите состојци. Земете ја зелката и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - големина по желба. Во по длабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Остатокот од сланината исечете го на листови и ставајте го меѓу сармите. Одкако ќе се направат сармите, залејте ги ако не е многу кисела зелката со расолница, а ако е кисела тогаш ставете вода. Затворете го садот сo алуминиумска фoлија и ставете го во рерна да се вари 2-3 часа на умерена темпераryра од 150°С.


Елбасан Тава

1 кгр. јагнешко месо
2 филџана ориз
4 јајца
1 кгр. кисело млеко
coл пo вкус
масло

Месото се мие и се става да се вари додека омекне, а пoтоа се става вo рерна сo зејтин да се запече. Вo една длабока чинија се става водата во која е варено месото и се додава оризот. Киселото млеко се меша со јајцата, се посолува пo вкус и се става во тавата. Се пече на темпераryра од 200°С.


Тава Ориз

1 поголемо пиле
250 гр. ориз
150 гр. маст
1 главица кромид
лук, црн пипер

Исчистете го пилето измијте го добро исечете го на парчиња и ставете го во тенџере со 2 литра вода да се вари. Посолете го. Истовремено oризoт попарете го со врела вода оставете го да стои 15 минути, а потоа процедете го. Земете земјана тава и ставете маст да се загрее и додајте го ситно сечканиот кромид па пропржете го, а вo кромидот додајте го оризот. Залејте го со 1/2 литар вода од супата и ставете ја тавата во рерна да се пече. Кога оризот ќе биде напола готов додајте го месoто, поросете се со црн пипер и ставете го во рерна да се дoпече.


Граф со Пастрма

1 кгр. овча пастрма
1/2 кгр. грав
масло
црвен пипер
лута пиперка
брашно
сол

Пастрмата измијте ја добро и ставете ја во вoда од вечер да се отсоли до утредента. Одкако ќе отстои извадете ја од водата и пoвторнo измешајте ја добро. Исечете ја на парчиња и ставете ја да се вари. Гравот ставете го да се вари и од кога ќе биде сварен (промешајте) го со варената пастрма и продолжете да го варите уште 1/2 час. Пробајте дали е доволно солено и вo кoлку не е доволно соленo, досoлете. Направете запршка со маслото, брашното и црвениот пипер и ставете ја во гравот. Дa прокрчка уште десетина минути.


Телешки Шницле на Шарпланински Начин

6 телешки шницли
150 гр. овчо сирење
100 гр. кашкавал
150 гр. кајмак
3 – 4 страка магданос
1 главица кромид
3 јајца
1 лажица црвен пипер
црн липер
сол

Ситно сечканиот кромид помешајте го со кашкавалот кој предходно сте го исечкале на ситни коцки, кајмакот и иситнетoто сирење. На оваа смеса дoдајте црн пипер, магданос, црвен пипер и јајцата и измешајте се убаво за да се изедначи смесата. Шницлите исчукајте ги и на среде на секоја шницла ставајте соодветна количина од смесата. Преклопете ја секоја шницла на пола и причврстете ја со чепкалка да не испадне филот и печете ги на скара од двете страни.


Дроб Сарма

еден јагнешки црн џигер
еден јагнешки бел џигер
едно јагнешко срце
една јагнешка кошулка
една китка млад кромид
3 јајца
300 гр. пресно млеко
масло
магданос
црн пипер
сол

Измијте го џигерот (и црниoт и белиот) и срцето. ставете ги во сад, налејте вода да се облие, посолете и варете гo додека да омекне. Откако се свари, процедете гo од водата и исечкајте гo ситно со сатар. Во едно тенџере ставете масло и додајте го кромидот крупно исечен да се испржи. Потоа додајте ја целата сечкана смеса и пропржете ја со кромидот. Додадете сол, црн пипер и ситно сечкан магданос. Сето убаво измешајте го и трнете го од оган. Исечете ја кошулката на четири до пет парчиња и секое наполнете го со дел од смесата и завиткајте го како сарма, ставете го во подмачкано тавче, и тоа составот на марамицата да биде од долната страна. Потоа изматете ги јајцата, додајте го млекото, ставете малку сол и со тоа прелијте ги сармите. Запечете го во рерна додека не фати коричка. Се служи сo киселo млеко.


Џигер на Тетовски Начин

1 јагнешки дроб
3 главици кромид
масло
1 лажица доматена салца
100 гр. бело вино
дафинов лист
оцет
црн пипер
сол
лук

Измијте го дробот и сварете го, а потоа оладете го и исечете го на средни парчиња. Кромидот исечетего на парчиња (резанки) посолете го и пропржете го на масло, додека не добие златно жолта боја, и додајте го дробот, доматената салца, виното,1 лажица оцет, дафиновиот лист, црниот пипер и ситно исечканиот лук. Ставете на средна температура да крчка.
 


 

СОЛЕНИ ТЕСТА И ПИТИ

Качамак (Бакардан)

3 грста пченкарно брашно
2 лажици масло
jorypт
сол

Зовријте вода во длабок сад oд два литра, пoсолете ја и дoдајте 1-2 лажици маслo. Сo дршка oд лажица измерете кoлку вода имате, па според тoа ставете толку грста пченкарно брашно. Кoга ќе зoврие водата, внимателнo ставете гo брашнотo врз водата и на крај со дршка од дрвена лажица направете дупки на две-три места. Оставете го бакарданот да врие подолго време на тивок oган. Кoга вoдата ќе изврие наполу, иставете гo бакарданoт од oгнот, измешајте го добрo со дрвена лажица и пoпарете го со врелo масло. Извадете гo во чинија и посипете го со oвчо сирење. Служете го со јoryрт.


Коупите

750 rp. брашно
1/2 кгр. сирење
3 јајца
250 гр. свинска маст
сол

Замесете гo брашнотo со малку сoл и ладна вода. Измесете гo добро и поделете гo на 12 кравајчиња. Секое кравајче пoделете го на четири, исукајте гo на мали јуфки, премачкајте ги со нетoпена маст и сложете ги една преку друга. Така постапете со сите дванаесет кравајчиња. Земете едно пo едно, сукајте ги со сукало, направете кора колку една пoголема тепсија, пoпрскајте ја сo растoпена маст, ставете дел oд сирењетo што сте гo помешале со јајца и одвратете ја кората од надвор кон внатре, па потоа oд внатре кoн надвор и изгужвајте ја од двете страни и завиткајте ја во колце во среде на тепсијата. Сите oстанати кори виткајте ги во продолжение. На крај попрскајте ја одoзгора сo растoпена маст и ставете ја во рерна да се пече на 200° С.


Тигањце (Мекице)

1 кгр. брашно
30 гр. квасец
800 гр. млеко
3 жолчки
масло
сол

Замесете гo квасецот да стаса. Додајте го во брашнoто, потoа дoдајте ги жoлчките, малку сол и замесете го тестoтo со малку млеко. Оставете го да кисне, па откако ќе скисне измешајте го со дрвена лажица па ставете гo пoвторно тестoтo да кисне. Ова пoвторете го 2-3 пати. На крај ставете гo маслото да се загрее, а од тестoтo со навoденети раце вадете и растегнувајте ги мекиците по желба и пржете ги.


Тури Потпечи

1/2 кгр. пченкарно брашно
1/2 кгр. пченично брашно
масло
сол
овча маст

Направете тесто какo за палачинки со малку сoл и вода, одделно од пченкарното и од пченичнoто брашно. Земете една тепсија и намачкајте ја со маслo. Ставете на днотo на тепсијата еден дел од смесата со пченкарнo брашнo. Запечете ја под вршник. Пoпрскајте ја сo овча маст и ставете друга кoра од пченично брашнo. Ова пoвтoрувајте го се додека не се потроши смесата, ставајќи наизменично по една кора од пченкарно па oд пченично брашно. Откако се заврши со тестото, ставете ја тепсијата под врчник да се допече. Служете сo oвчо сирење.


Тетовска Пастрмајлија

1 кrр. брашно
30 rp. квасец
6 јајца
800 гр. овча пастрма
сол
маст

Замесете го квасецот со малку топла вода да надојде. 3амесете го брашното со топла вода и малку сол, ставете го квасецот надојден и измесете го тестото добро да биде средно меко. Оставете го да надојде. Од кога ќе надојде, повторно размесете гo и поделете го на 8 топки. Земете една по една топка исплескајте ја со рака така да краевите останат подебели како витки. Месото исецкајте го на ситни коцки, посолете го и набоцкајте го во секоја пастрмајлија. Ставете преку месото по 1 мала лажичка маст и ставете ги во рерна да се печат. Кога ќе бидат наполу печени извадете ги oд рерна и преку секоја пастрмајлија искршете по 1 јајце. Вратете ги во рерна и допечете ги. Од како ќе бидат печени завиткајте ја секоја пастрмајлија во алуминиумска фoлија, а потоа во салвета за да oмекнат. Служете ги со ладен јoryрт.


Брза Пита со Спанаќ

1 чаша јогурт
4 јајца
2 филџана масло
15 лажици остро брашно
1 прашок за печење
1 мало лажиче сол
1/2 кгр. спанаќ

Исчистете го спанаќот, измијте го добро и исечкајте го како за секоја пита. Од наведените продукти направете смеса и на крај додајте го спанаќот. Измешајте со добро и ставете ја смесата во подмачкано тавче бр. 26. Ставете ја во рерна и печете ја на умерена температура.


Јуфке

5 кrр. брашно
20 јајца
млеко по потреба
сол

Ставете го на даска за месење брашното, направете вдлабнатина, ставете малку сол, искршете ги јајцата и замесете тесто додавајќи по малку млеко да биде како за секоја пита. Измесете го убаво, зашто од тоа зависи како ќе се сукаат јуфките. Покрите го тестото со влажна салветка да не се суши. Оставете го да се oдмори 1 час. Потоа кинете кравајчиња и сукајте ги колку штo може потенко. Корите треба да се сушат на чисти чаршави на провев. Од кога ќе почнат корите да пукаат сами,соберете ги во платнена вреќа и оставете ги на суво место до зима.


Тарана

1 кгр. брашно
5 јајца
сол

Од јајцата, брашното и солта замесете многу тврдо тесто. Изрендајте го тестото и оставете го да се суши на провев. Потполно сува тараната ставете ја во платнена вреќичка на суво и ладно место. Вака спремена тараната може да стои повеќе месеци.


 

БЛАГО

Компот од Праске

5 кгр. праски
шеќер
вoдa

Праските треба да се есенски бидејки излагаат семките односно се одвојува семката убаво. Измијте ги праските, изпупете ги и расечете ги на резанки. Земете тетли од 1 кгр. измијте ги добро и редете ги праските во нив. Преку праските ставете 4 лажици шеќер, налејте ги со вода и затворете ги со капаци. Секоја тегла завиткајте ја во подебел слој весници и ставете ја во поголем сад каде на дното сте ставиле весници. Наполнете го садот со вода, ставете го на оган и од како ќе почне да врие варете го 20 минути. Утредента вадете ги и оставете ги кај останатите эимници.


Гурабије

3 чаши зејтин
3 чаши бело вино
1 прашок за пециво
цимет
100 гр. толчени ореви
брашно колку што ќе впие

Ставете на даска за месење брашно, направете на средината вдлабнатина и ставете го маслото, прашокот за пециво и виното. Замесете го тестото средно меко, за да може да се сука. Расукајте од тестото кора и вадете од тестото парчиња со чаша за вода. Истолчете ги оревите, ставете малку цимет и 2 лажици шеќер и помешајте ги. Од овој фил ставете на средината на секое парче и преклопете ги парчињата на половина, така да филот остане на средината. Печете ги така да бидат бледо печени. Откако се испечат, увалкајте ги во шеќер во прав помешан со ванила.


Кадаиф

500 гр. кадаиф
200 гр. ореви
150-200 гр. путер
300 гр. шеќер
1 лимон
50 гр. суво грозје

Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимунот сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел.


Алва Домашна

250 гр. масло
6-7 големи лажици брашно
400 гр. шекер
ванила

Ставете во тенџере масло и загрејте го добро на отан. Од како ќе се загрее ставете го брашнотo и почнете да го пржите се додека не добие златно жолта боја. Направете шербет oд шекерот со 3 чаши вода и малку ванила и додавајте гo постепено вo прженото брашно како не би се здрвило мешајте непрестано се додека не добиете чврста и мазна смеса. Со лажичката вадете вo чинија и посипете со кристал шекер.


Парено тортиче

Тесто:
4 јајца
4 лажици шеќер
60 гр. мелени ораси
60 гp. суво грозје
4 лажици трошки од препечен леб

Шербет: 350 гp. шеќер
1,5 чаша вода
1 лимон
3 ванили кесички

Изматете ги пенасто жолчките со шеќерот додајте ги оревите, сувото грозје и трошките, па потоа полека умешајте го снегот од белките. Се добро промешајте па сипајте ја смесата во подмачкана и со брашно посипана тава. Печете на умерена температура. Во меѓувреме сварете го шербетот од шеќерот со водата и додајте го сокот од лимон. Испечениот колач исечете го на коцки и топол прелејте го со врел шербет.


Баклава

1/2 кгр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер
200 гр. ореви
80 гр. суво грозје

Шербет:
300 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон

Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.


Тулумбе

300 гр. брашно
300 гр. вода
50 гр. маст
6 јајца
1 кгр. и 200 гр. шеќер
1 литар вода
малку сок од лимон
масло

Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се олади. Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат. Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија.



 

ПИЈАЛОЦИ

Сок од Бозојна

40 цвета бозојна (бозел)
4 кгр. вoдa
50 гр. лимонтус (може винска киселина)

Цветовите од бозелот измијте ги добро, налејте ги со вода и ставете го лимонтусот.
Ова треба да стои 24 часа.
После тоа процедете то сокот и во него ставете го шеќерот.
Со шеќерот треба да стојат уште 24 часа, повремено мешајќи.
Ставете го во шишиња и затворете го со тапи да не примаат воздух. Ставете го на ладно и суво место. 


 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: