Дома > Тетовски древности > Книги од авторот>

KНИГИ ОД АВТОРОТ

Авторот на овој портал за Тетово - Дарко Гавровски, воедно е и автор на едиција за историја на Тетово и Тетовско под наслов ‘Тајните на Тетово’ која ќе биде составена од повеќе томови на книги. Првиот том: ‘Тетовски Древности’ веќе е издадена, а следуваат уште неколку кои се во подготовка.

Книга: Тетовски Древности 

ТЕТОВСКИ ДРЕВНОСТИ  -  Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осврт на тетовскиот крај

book imageНајстарата историја на овој крај од Праисторијата преку Антиката па сè до доаѓањето на Словените во 7.век.Најстарите наоди од тетовско кои потекнуваат од 6.100-та година пне, и за најстарите праисториски културни групи, карпеста уметност; Етнографската структура на населението и за племето Агријани кои го населувале овој крај, сите племиња, освојувања, политичките промени; Сè за митолошкото значење на Менадата, градот Пелагија (Полог), власта на Римјаните, сите ранохристијански базилики и почетоците на христијанството во Полог, војнички фибули, антички клучиња, стрели, монети... Приложени карти во боја со буквално сите регистрирани археолошки наоѓалишта од праисторијата и посебно од антиката од тетовскиот крај; Посебна детална листа на секој локалитетет (со описи, планови на наоѓалиштето, карактеристики, фотографии) ...

  • Каталогизација: Гавровски Дарко; Тетовски Древности - Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај; Тетово 2009 -  ISBN: 978-9989-730-27-6  
  • Технички карактеристики: Б5 формат / тврд повез / сјајна хартија / печатење во боја
  • Број на страни: 220
  • Број на Фотографии: над 100
  • Број на Историски карти: 9
  • Број на Фусноти: 422
  • Број на користена литература: над 400
  • Стручна рецензија: др. Драгиша Здравковски
  • Резиме на 4 јазици: Македонски, Англиски, Албански, Турски.
  • Цена: 800 денари

Погледни детален опис на книгата, тука...

Ексклузивно: Прочитај ја целата книга - E-book ...

Нарачај веднаш, тука...

 

Книги во подготовка

Наскоро од печат излегуваат уште две книги од едицијата ‘Тајните на Тетово’ на авторот Дарко Гавровски:

  • ТЕТОВСКИОТ ГРАДСКИ ГОВОР   - за прв пат детален опис на фонетиката, морфологијата на тетовскиот говор со лексички примери од над 2000 зборови кои се дел од тетовскиот говор а не се во литературниот македонски јазик

 

  • ТЕТОВСКИ ЛЕТОПИС - Средновековно Тетово и Тетовско (од 7.-14. век). Хронолошки продолжеток на првата книга (која е до 7.век). Целосен опис на сите настани, владетели со Тетовско низ целото средновековие. Прв пат преставени 25 средновековни документи (во ориганален текст и превод) кои се однесуваат на овој крај.

 

  • ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА - Детален опис на историјата, првите споменувања, родословните стебла, занимливости за сите 92 Тетовски села.

  

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: