Дома > Тетово на дланка > Спорт и Рекреација > Спортски клубови>

Конечен крај за гордоста на Тетово ?

Се затвора најстариот фудбалски клуб во Македонија - ФК Љуботен.

Најкатастрофална вест која излегла од Тетово во последниот период е дека деновиве веќе дефинитивно пред расформирање и затворање – е најстариот фудбалски клуб во Македонија и меѓу трите најстари во бивша Југославија – ФК Љуботен, формиран 1919 година.

Не постои постара иснституција во Тетово од овој клуб – ниту хор, ниту галерија, фирма....  Ова најстарото наследство оставено и ден денес во Тетово.
Само неколку брендови има Тетово: Тавче гравче, Шарпланинецот, Менадата, Шарена Џамија, Лешочкиот Манастир.... еден од нив е ФК Љуботен.
Ако згасне Љуботен, згаснува и гордоста и образот на Тетово.

Погледни ги десно линковите од последните вести за клубот.

Вчера имавме посебна средба со раководството на клубот, токму за да видиме што може целото граѓанство на Тетово да помогне за да не дозволиме згаснување на оваа 92-годишна историја.
Состојбата е далеку од драматична, и многу Тетовчани не разбираат дека е навистина дојдено ‘нож до коска’: Клубот  должи илјадници евра, нема веќе ни за задолжителното исплаќање на судиите, тренираат и играат на Стадионот во Брвеница, 8 месеци плата немаат земено и работаат волонтерски и од срце но веќе не се издржува. 30 деца кои играат без надомест веќе и од комбињата за превоз до Брвеница ги бркаат зошто клубот нема пари за подмирување на никакви трошоци. Тие играат во по 1 ист дрес со долги ракави и во лето и во зима кој само го преперуваат. Вежбаат со само 2 стари топки.

Ситуацијата да биде уште пострашна, соблекувалните се уништени поради кровот кој е раснесен од силен ветер....
Ете како полека издишува најголемата спортска гордост на Тетово. Клубот каде своите први чекори ги направија многу видни Македонски фудбалери. Клубот за кој многу Тетовчани навивачи гинеа и кој беше силно врежан во срцата на Тетовчани... кај и да одеа се фалеа со најстариот фудбалски клуб... клубот од кој се изроди Фудбалот во Македонија.
Се бара помош парична, долгорочен спонзор или повеќе спонзори, градежен материјал за обновување на соблекувалната... некој кој ќе го земе мотелот ‘Плави’ до стариот стадион, кој е во нивна сопственост, па од киријата долгорочно да се финасираат...

А фудбалерите и покрај се од срце се борат. Моментално се втори во локалната лига.
Следниот меч е во Брвеница на 03.април против Риниа од Неготино-Полошко, и договорена е маестрална подршка и навивање од сите Војводи и граѓани кои го сакаат овој тим.

Веќе дефинитивно нема ниту денар за почнување на третото коло кое започнува на 3.април. Без уплата на средства тоа би можело да биде и датумот на згаснување на Љуботен.
92 години постоеше,  и какви не ти времиња преживеа, гордост на 1950-тите, слава на 1960-тите... за во 2011 со толку многу тетовски бизнисмени и интелигенција – да згасне.

Веќе групата ‘Го Љубим Тетоо’ е во договор со раководството, веднаш да се започне акција за собирање на средстава: телефонски број за донации, кутии за помош во сите локали, донаторски концерт со сите тетовски групи.... Подршка од сите вистински навивачи Војводи кои ќе помогнат на секаков начин зошто тие се навивачи и на Тетекс но и на Љуботен.
Повик до сите Тетовчани овде и во странство, македонци, албанци и турци, без разлика на партиска припадност.... Без разлика дали сакаат фудбал или не...  Глумци, пеачи, вешти жени... Сите на кои барем малку им значи Тетово... да се вклучат во Движењето за спас на Љуботен

Ова прашање веќе не на спортот или фудбалот, туку дали ќе го го биде Тетово или дефинитивно не.

Дали нашата генерација Тетовчани ќе дозволи сега да згасне гордоста на генерации и генерации Тетовчани.

Нака пишат сите оние кои сакаат да помогнат: со акција, идеа за подигање на свеста, предлог, средста...

Дали уште има Тетовчани ?  Ако за ова не помогнеш, незнам како подруго ти некогаш на Тетово ќе му помогнеш.

Тетово без Љуботен само ќе се преправа дека е истото Тетово.



Заедничка Акција:   Тетово од срце Љуботен !



(с) Дарко Гавровски, 23.03.2011

 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: