Дома > Тетовски древности > Спомени и марифети > Верска традиција> Б’дњикарски Карневал >

Тетовски Б’дњикарски Карневал

Текстот подолу е авторско право и за прв пат објавен пишан опис на празникот, дел од необјавената граѓа на авторот Дарко Гавровски. Тие никогаш претходно не се напишани и презентирани, а се планираат да се објават како дел од едицијата ‘Тајните на Тетово’. Објавувањата и цитирањата мора да бидат со претходна дозвола на авторот.

Тетово има најспецифичен адет на славење на Раѓањето на Христос. Еве како е споредбено со други градови.

Ден пред Божиќ је Бадник (тетовски: Бдњик, на 06.јануари), а ден пред Бадник је Коледе (на 05.јануари и сабајлето на 06.ајнуари). И во Тетово попладнето има литургија во црква кде се светата дабови гранки, а вечерта на Бадник се спрема богата посна трпеза за најтесното семејство (но никако дел од адет не епита со паричка - зошто тоа во Тетово се прави за Василица), а по полноќ веќе може и мрсно.

У други градоој акцентот се става на Коледе (кога се палат огнови, и одат по куќи). Тамо и децата поа коледарски песни (немаскирани) по куќе или вечерта на коледе или сабајлето на Бадник, па затоа тија се викаа Коледари. Епа, таќе не је и у Тетоо. За ова може и цела книга да се напише, ама еве кои се најглавните карактеристики:

► Б’дњи Бабе:
Поручек, па цела вечер, маскирани деца млади ида по куќе и поа песња:

...♫… Кој што спије, нека стане, ♪ нека меси колачиња, ако нема колачиња
нека даде коштанчиња, ако нема коштањчиња нека даде паричињаааа ... ♪ -
Б’ДЊА БАБААА :) !

Они не са коледари, они са Б’дњи Бабе. Оваа традиција тра со векови наназад и је многу стара, влечејќи дури пагански и предхристијански корени. Домаќините им даваа: паричиња, коштанчиња, орафчиња... Ја највише сум пизмел (1) кој ќе дада јабука скапана, па аутоматски одма се заџидаруе дур онамо, или (2) пензионери кој ќе дада паричиња метални рачунајќи дека дале многу зош они све рачунаа у векна леб (5 банќе = четврт векна леб :(

► Б’дњикоој маалски оѓини:
У други градоој паља коледарски огнови вечерта на 05-ти, на коледе. Тетово тоа го прае на Бдњик вечерта пред Божиќ. Ова порано не се праело у Тетоо, и е понов адет, од почетокот на 1990-тите, а овде само ќе пишем дека прво маало со свој оѓин кој ја иницираше оваја традиција е Певчина. Година за година днска нема маало кј што нема оѓин со кумоој, музика, јадење, ора...

► Тетовски Б’дњикарски Карневал !!!
Тоа што е маскембалот и карневалот у Вевчани за Стара Нова Година, или у Струмица на трети дн по прочка – тоа е Б’дњикарскиот Маскембал у Тетово. У Тетовско има само 2 најмасовни спонтани собири на толку многу људи. Едното је за Богородица у Лешок (28.август) и второто је за Бадник у Тетово (06.јануари).
На тија од другите градоој и викам: кој што небил на едно од овја је сиромашен за многу, а ако ни на двете не бил – жиотот бш му немал сврха ;)

Вечерта са смотани тија немаскираните. Све живо је маскирано и се иде низ град по све кафиќи: Пирати, принцезе, циганќе...

Еве како е и историјатот на оваа традиција: Порано се маскирале само деца и иделе по куќе. Тоа е прастар обичај. Дури средината на 1990-тите почнува традицијата и постарите тинејџери да се маскираат и да идат маскирани од кафиќ у кафиќ. Традицијата почнува околу 1993-94 со неколку маскирани конобари и другари на конобарите у Тетовскиот кафиќ ‘Ало Ало’, кај Стара Градинка. Тогај тоа беше смешно и неколкуте земани на мајтап, зош се викаше дека стари не се маскираа. Никој не веруеше дека тоа година за година ќе напрае лавина и ќе стане еден од најпознатите туристички брендоој на Тетово. И за само 17 године?!

Ете таќе почнало од пробуење да напрае нешто различно на само 1 Тетовчанец - до гордост и атракција на градов со 65.000 жители Тетовчани...
Значи можело у Тетоо нешто и да се напрае, кој се сака?  ;)

Днска овој карневал је масовна прослава со маскирање и веќе вистински бренд на Тетово.

Покана до свите гости, намерници надвор од Тетово – ‘‘прај шо ќе праеш - за Бадник мораш у Тетоо да си...’’

Христос се Роди...

Авторски права: Дарко Гавровски, 06.01.2010.

.


 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: